verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Орав бил тука, барал спроведување на договорот од 1 март

on 17 - 05 - 2013       

Цинизмот е лош сојузник на тој што сака да коментира.

Рецензија: Орав бил тука, барал спроведување на договорот од 1 мартЛинк до оригиналниот напис: Орав бил тука, барал спроведување на договорот од 1 март

Датум и време на објавување: 08.05.2013, 06:07

Датум на рецензирање: 08.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Порталот Локално пренесува изјава на евроамбасадорот Аиво Орав. Цитатот е прецизен и во таа смисла, написот презентира точен и веродостоен факт.

Сепак, текстот е обременет со коментаторски наводи, чија точност не може да се утврди – не знаеме, на пример, врз основа на што авторот тврди дека пролетниот извештај е „одамна заборавен“, дека Орав „ќе притиснел“ да се потпише меморандум меѓу партиите и слично.

Извори на информации: Европскиот дипломат е единствен и релевантен извор во кусиот извештај.

Содржајност: Немаме впечаток дека написот прикрива информации, но се чини дека би било упатно изјавата на амбасадорот Аиво Орав да биде придружена со контекстуална единица, во која би се пласирале информации за таа полесно да се разбере.

Наместо тоа, текстот е придружен со коментаторски елементи, кои исто така се недоволно разбирливи. Така, на пример, од текстот не може да се разбере зошто авторот му забележува на Орав за отсуство и за неработење. Можеби таа забелешка држи, но на читателот не му е објаснето зошто.

Пристрасност: Написот на Локално не ги открива, или барем доволно јасно не ги елаборира причините за нагласената критичност кон европскиот дипломат. Затоа се добива впечаток дека не е прикажана целата вистина. Наместо тоа, текстот нуди директен спин за „отсуството“ на Орав од политичкиот живот.

Коментирање: Главната карактеристика на овој текст се циничните коментари, кои ги има речиси во секоја реченица, почнувајќи од лидот:

„Амбасадорот Орав сепак бил тука во Македонија и решил да се вклучи во политичкиот живот, или да сработи нешто за својот мандат.“

И ова:

„Тој се реши и да го искоментира одамна заборавениот пролетен извештај.“

Дури и цитатот од исказот на евроамбасадорот е „зачинет“ со коментар:

„Ете тука тој ќе притиснел да се потпише.“

Квалитет на насловот: Насловот на текстот е тенденциозен, а цинизмот е засилен и со употребата на глаголската л-форма за „коментаторски“ намени.

Фотографија: Написот е придружен со портрет-фотографија на Орав.

Говор на омраза: Циничните забелешки на сметка на евроамбасадорот, особено таа дека сега решил „да сработи нешто за својот мандат“, се навредливи, дискредитирачки и го надминуваат нивото на одмерена јавна критика.

Заклучок: Очигледно е дека непознатиот автор на овој кус извештај на порталот Локално имал потреба да ги искоментира активностите, или подобро речено, индолентноста на евроамбасадорот Аиво Орав. И во тоа нема ништо спорно. Секоја јавна личност е подложна на критика.

Она што е спорно е што авторот своите цинични забелешки ги пласира како долг вовед во извештајот за еден исказ на засегнатата личност, што не е коректен пристап. Фактите и мислењата во медиумите мора јасно да се издвојат.

Рецензија: Орав бил тука, барал спроведување на договорот од 1 март

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести