verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ОКТА: Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината

on 28 - 08 - 2014       

Plotna001-final-mediamk-okta-09876-098-crop-resize

Оваа вест е жив хаос. Таа бездруго функционира по принципот да се збуни непријателот (или читателот – што во оваа вест е едно те исто) да не знае што го снашло за полесно да се изманипулира. Веста, инаку, претставува соопштение на компанијата за нејзините финансиски резултати и тоа многу повеќе внесува забуна, отколку што разјаснува било што. Еве само извадок од кластерот на вести за финансиските резултати на ОКТА од еден од агрегаторите.

OKTA-09876-098-STRELKI

Кога човек ќе ги види овие комплетно спротивставени наслови останува збунет: има ли загуби ОКТА или нема, има ли подобри резултати или нема, зошто се спомнуваат на едно место шест месеци, а на друго место квартали. Комплетен хаос!

Plotna001-final-mediamk-okta-09876-098Линк до оригиналниот напис: ОКТА: Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината

Датум и време на објавување: 27.08.2014, 20:12

Датум на рецензирање: 28.08.2014

Рецензент: Владимир Петрески

Веста има проблем со содржајноста. Проблемот произлегува од некритичкото и целосно преземање на соопштението на компанијата и негово објавување без никаква проверка.

 

КВАРТАЛНИ СПОРЕДБИ ПО ЖЕЛБА

Соопштението на ОКТА носи наслов: „Финансиски резултати – прва половина на 2014“, но тоа низ целиот текст расправа за кварталните резултати и тоа онака како што му одговарало на неговиот автор. На пример, за оперативниот профит се прават споредби втор квартал 2014 со прв квартал 2014:

Оперативниот профит во вториот квартал на 2014 е подобрен во споредба со првиот квартал, пред се поради зголемениoт волумен и маржа на домашниот пазар, како и пониски оперативни трошоци.

Оваа споредба не значи ништо. Продажбата на нафта во првиот квартал од една година (зима) со продажбата на нафта во вториот квартал од истата година (пролет) се секогаш различни, а следствено на тоа и добивките се различни. Во зима повеќе нафта се троши за греење отколку во пролет. Има и други разлики меѓу трошењето на нафта во зима и пролет (на пример, сигурно и бројот на работни денови е различен во првиот и вториот квартал на годината, што исто влијае врз различното ниво на потрошувачка, а со тоа и на профитите). Заради тоа споредба на оперативна добивка меѓу прв и втор квартал од една година не се прави.

За добивката пред камати, даноци, курсни разлики и амортизација (EBITDA – earnings before interest, taxes, depreciation & amortization), пак, се споредува вториот квартал 2014 со вториот квартал 2013 година – како му одговарало на авторот на соопштението:

…прилагодената ЕБИТДА се зголеми на 74 милиони денари во вториот квартал на 2014, четири пати повисока отколку истиот период изминатата година

Од друга страна, ни збор за полугодишните резултати. Инаку, за генералната читателска публика тие се и поважни и порелевантни – се однесуваат на подолг период и полесно од нив можат да се согледаат трендовите. Да не говориме и тоа дека Македонската берза за хартии од вредност бара од компаниите да достават токму полугодишни резултати, а не за вториот квартал, кој е главна тема на ова соопштение. А, ако ги погледнете полугодишните резултати, сликата е сосема поинаква: ОКТА има загуба од 5,5 милиони евра во првите 6 месеци годинава во однос на истиот период лани. А приходите од продажба бележат пад од 22 отсто до нивото 162 милиони евра. Ова се резултати кои заслужуваат да се објават. Кварталните можат да ги интересираат само брокерите или евентуално деловните партнери на ОКТА. Но, нив ги интересираат сите податоци што излегуваат од компанијата и тие си имаат свои економисти за да ги направат сите неопходни пресметки.

 

РЕЗУЛТАТИТЕ ОДЛИЧНИ, АМА НЕ Е ЈАСНО КОИ

Насловот е посебна приказна: „ОКТА: Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината“. Без многу размислување е земен дел од првата реченица на соопштението е и ставен е како наслов. Подобрување на резултатите од вториот квартал во однос на што? Во однос на првиот, во однос на вториот квартал лани, на кои резултати – добивката, приходите, продажбата, сите заедно? Повторно хаос. Истиот хаос од текстот се наоѓа и во насловот.

Многупати во Сервисот за проверка на факти во медиумите сме напишале дека кога се преземаат вести од друг медиум, тие треба да се проверуваат. Истото важи и за изјавите на политичарите, но и за соопштенијата за јавност од било кои институции, организации и компании. Овој случај најдобро ја илустрира потребата од проверка.

И поконкретно, секогаш кога се соочуваме со соопштенија за јавност од компании, а во кои се говори за нивните финансиски резултати, секогаш најпрвин треба да го погледнеме нивниот финансиски извештај (пред сѐ, табелата насловена Биланс на успех) и главните впечатоци да ги градиме од него. Соопштението можеме да го користиме за да се запознаеме со некои дополнителни информации, но треба да бидеме свесни дека во него се можни манипулации – токму каков што е овде случајот. Од друга страна, бројките, и тоа и табеларно и компаративн претставени, ја имаат таа карактеристика да ја кажуваат вистината без непотребни „разубавувања“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести