verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Оглас за нов директор на Фондот за здравство до 15-март

on 5 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Firefox_Screenshot_2015-03-03T21-40-34556Z-crop-resize

 

Ги нема главните актери, а ги нема и причините зошто, ниту одговорите „затоа што“, ама затоа, пак, ја има детално објаснето формалната постапка како треба да финишира една процедура!!! Неразбирливо е да се зборува за правното заокружување на процесот на именување на првите луѓе на Фондот за здравство, а притоа да не се каже ама баш ништо зошто воопшто и се влегува во избор на нови раководители на една значајна институција. Ако не е селективност, тогаш е голем непрофесионализам?!

Firefox_Screenshot_2015-03-03T21-40-34.556ZЛинк до оригиналниот напис: Оглас за нов директор на Фондот за здравство до 15-март

Датум и време на објавување: 28.02.2015, 17:56

Датум на рецензирање: 03.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЖЕДЕН ПРЕКУ ВОДА

Чекајте, овде слушаме за отворена и транспарентна постапка за мотивирање на најспособните квалитетни кандидати за да се пријават и да се стекнат со можноста да бидат избрани…“ , ама не слушаме зошто воопшто и има нова постапка за избор на првите луѓе на Фондот за здравство? Значи, ни се објаснува процедурата, што во целиот случај е формалната страна, а никаде го нема суштинскиот аспект – содржината. Треба да го слушаме владиниот гласноговорник, кој, нормално, тоа му е работа, ни ја појаснува отвореноста на конкурсот и кој сè може да се пријави, но не ни објаснува, или не бил прашан, зошто ваквиот чекор. Оттука, во текстов недостигаат сериозни елементи кои недвосмислено ја покажуваат реалната слика за целиот настан.

Елемент 1: Има нов конкурс затоа што се повлекоа претходните директори.

Елемент 2: Претходните директори поднесоа оставки по случајот со почината Тамара – дете чиј предмет за лекување во странство навреме не излезе од лавиринтите на здравствениот систем.

Елемент 3: По повлекувањето на двајцата директори, Владата експресно назначи в.д. директорка и по само еден ден се пишмани зашто кандидатката не ги исполнувала потребните услови. Затоа Фондот, наместо неа, сега го води друга в.д. директорка и уште еден в.д. директор.

Да се разбереме, ова се многу, многу важни сегменти за туку-така да бидат изоставени. Покрај нив, појаснувањето на владиниот портпаролот за критериумите за селекција наликува на небитно парче од мозаикот. Замислете, ако некој читател, кој немал увид во тоа што изминатите две седмици се случуваше во Фондот, го види само овој напис – сигурно ќе помисли дека станува збор за редовна, а не вонредна и изнудена постапка. Демек, Владата е ептен транспарентна и очекува квалитетни пријави, а претходно „утнала“ и набрзина ангажирала личност која во никој случај не одговара на таа позиција?! Во никој случај не може, а секако и не смее, новинарски да се заобиколи дилетантизмот со кој одговорните, односно државата, пристапиле кон ова прашање. Страшна селективност недозволива за кредибилно новинарско четиво. А, ако не е тоа, тогаш е пример за непрофесионален пристап.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни – Кодекс на новинарите.

Сакале или не, таквиот површен, намерен-ненамерен, пристап, со себе неминовно повлекува и впечаток на пристрасност, како да се сака да се претстават одговорните во супер издание, а без да се каже дека утнале и тоа на големо. Веќе напоменавме дека занимавањето повеќе со формалниот, отколку со суштинскиот аспект на целото прашање носи „дупки“ во текстот, кои, пак, се одразуваат на квалитетот на содржајноста – таа во најмала рака е половична. Како да се сакало да се направи извештај, во случајов телевизиски, ама без да се начнат главните прашања и притоа да се побараат одговори од најодговорните. Работава „ај да имаме некакво материјалче во дневникот“, ама тоа излегло од типот „книги на метар и во боја на мебелот и регалот“ – главна е само формата, а содржината е од второстепено значење. Не сè се прави по секоја цена.

Завршната оценка е дека имаме медиумски обид за жедни да нè пренесат преку вода.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

половични факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

може и така да се разбере

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

насловот е „out of time“, исто како и текстот

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести