verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Одбројување до апокалипасата СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!

on 24 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Apokalipsa-0987-009988-crop-resize

Текст за воодушевување. Како фантастично да се исплаши народот до коска и цел ден да се тресе дали ќе преживее. Секако, тие што малку повеќе знаат за ваквите „теории“ само ќе се насмеат, но новинарството не се работи само за одбран круг на луѓе, туку мора да се претпостави дека текстот ќе го прочитаат сите од 7 до 77 години.

А, што ќе претпостави еден пензионер од Пласница, кога неговиот внук ќе му го прочита насловот „ОДБРОЈУВАЊЕ ДО АПОКАЛИПСАТА СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!“

Можеме ние како и текстот само да претпоставуваме, но со сигурност тврдиме дека вакви текстови се надвор од сите правила на новинарска етика и однесување.

ApokalipsaЛинк до оригиналниот напис: „ОДБРОЈУВАЊЕ ДО АПОКАЛИПСАТА СИ-ЕН-ЕН: Астероид со јачина од 20 атомски бомби удира во Земјата на 21. март?!“ 

Датум и време на објавување: 19.03.2014, 15:35

Датум на рецензирање: 21.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МАНИПУЛАЦИЈА

Веќе се покажа дека сѐ било невистина. Инаку, денеска немаше да го рецензираме овој текст, а немаше ниту да биде важно. Уште од насловот почнува целата манипулација. Тој дури е засилен со медиумска мрежа од светски калибар за да ја засили веродостојноста.

За два дена се подготвува удар на астероид на Земјата, најавуваат блогерите ширум светот. Сето ова го подгрева информацијата што Си-Ен-Ен, поточно извештај на Ројтерс уште од 2003. година со кој е издадено предупредување дека во нашата планета во 2014. може да удри џиновски астероид.

Тогаш го знаеле и точното време, а тоа е 21.3.2014.

Ова е пасусот на кој ние нешто демек треба да му веруваме.

За извори на информација се земени некои блогери, но нема ниту линк ниту ништо друго веродостојно од нив.

Ако може да се смета за содржајност тоа што детално е опишано како Земјата ќе се распарчи на сто милиони делови и што ќе било и како ќе било, тогаш текстот е полн со детали.

Ако е за верување, доколку дојде до удар на астероидот по име „2003 QQ47“ тој ќе има јачина како на земјата да удриле 20 бомби, како што е фрлена онаа на Хирошима. Експертите кои тогаш ја изнесоа оваа информација, велат дека астероидите како што се 2003 QQ47 се парчиња карпи останати од формирањето на Сончевиот систем пред 4.5 милијарди години.

Секако се шегуваме. Текстот сега од денешна гледна точка е смешен, но последниве два дена веруваме дека за многумина не изгледало така.

 

НАМЕРА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЧИТАНОСТА

Не се работи за пристрасност, туку за намера да се зголеми читаноста. Сепак, не може да се разбере да се има некој клик повеќе на сметка на општа загриженост. Тоа не што не е дозволено, туку е и надвор од сите морални норми.

Не се знае што е коментирање, а што некој кажал. Нема ниту еден линк, ниту извор од каде потекнуваат податоците. Иако во насловот е искористен СИ-ЕН-ЕН, нема ниту видео оттаму, ниту линк кој би упатил на некој текст на оваа медиумска мрежа.

Насловот е застрашувачки од почеток до крај. Пример како не би требало да стои еден наслов на ваков текст, па макар и ако намерно се сакало да биде сензационален.

Фотографија има само колку за илустрација.

Имало, а најверојатно и во иднина ќе има вакви текстови. Но треба да се трудиме што помалку да ги пласираме во јавноста. Зошто луѓето би се ставиле во целодневен грч без потреба. Тоа не е целта на новинарството, кое треба да информира, а не да дезинформира и да застрашува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистинита

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не е апликативно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

заплашува

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести