verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Oд наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користење

on 2 - 10 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-069-fejsbuk-kromid-crop-resize

Дезинформација за читателите и голем професионален пропуст за медиумот е објавувањето на „веста“ дека популарната социјална мрежа Фејсбук од 1 ноември 2014 година ќе наплаќа 143 денари за месечно користење. Се работи за пара- или псевдо-вест, која припаѓа на жанрот познат уште и како „кромид“ според американскиот сајт, кој прв почна со објавувањето на ваквите содржини theonion.com. Феноменот „кромид-новинарство“ доби глобални размери со зголемувањето на присуството на овие сатирични или квази-новинарски портали на Интернет и неретко се случува конзументите на интернет-содржините да „паднат“ на нивните штосови, верувајќи дека се работи за вистинита информација. Притоа, тука важна улога играат и социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, преку кои ваквите лажни вести се шират како шумски пожар. Но, најчесто, пред да осамнат на социјалните мрежи, на нив „паднале“ таканаречените „сериозни“ информативни медиуми.

Така беше и во случајот со, за корисниците, многу непопуларната најава дека услугите на Фејсбук ќе почнат да се наплаќаат, поради наводните трошоци за одржување на сајтот, која, како што се покажа, воопшто нема допирна точка со вистината, туку е производ на тимот на американскиот сатиричен сајт National Report. Ваквите лажни вести дека Фејсбук ќе се плаќа воопшто не се нови и тие се актуелизираат во одредени временски интервали. Но, тоа изгледа не било доволна опомена за уредувачите на сајтот, чија што информација е предмет на оваа рецензија, па ја пуштиле без да проверат кој и каков е изворот чијашто вест ја преземаат за објавување.

Рака на срце, National Report може да се смета за поголем предизвик кога е во прашање утврдување на карактерот на неговиот профил, бидејќи, за разлика од останатите сатирични „кромид“ сајтови, тој нема дисклејмер во кој им ја обелоденува вистината на повнимателните свои посетители. Но, затоа во еден минатогодишен случај, со кој беше разбранувана американската јавност околу „најавите“ за чипување на домашното население во САД (вградување на микро-чипови во луѓе), а кој го предизвика токму сајтот National Report, сопственикот Алан Монтгомери изјави дека никој не треба да ги толкува вестите на Нејшенел Рипорт како вистински.

„Според нашето мислење, доколку некој е премногу мрзлив да побара повеќектатни референци или барем уште еден извор, па наоколу ја шири дезинформацијата како да е факт, тогаш тој самиот е виновен за сопствената глупост, а не сме ние“.

Проблемот да биде посложен, веста не е преземена директно од изворот, туку посредно, од друг извор, кој не се наведува. Голема е веројатноста, доколку бил вложен труд веста да се прочита од самиот извор, дека ваква грешка немало да се случи.

Рецензија: Oд наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користењеЛинк до оригиналниот напис: Од наредниот месец Facebook ќе наплаќа 143 денари за месечно користење

Датум и време на објавување: 30.09.2014

Датум на рецензирање: 1.10.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

Веста е неточна. Се базира на пишување на сатиричен сајт, кој објавува пара-вести. Не може да се тврди со сигурност од каде директно е преземена, бидејќи тоа очигледно не е од самиот извор National Report. Така може да се заклучи откако ќе се прочита автентичниот текст, каде што е евидентна интенцијата да се направи шега, бидејќи во текстот изјави во врска со темата даваат измислени и комични ликови – непостоечкиот „портпарол на Фејсбук, Пол Хорнер“ (лик кој често се појавува во сториите на National Report, „аналитичарот од Вол стрит“, Пол Секрајдер – презимето би значело, во слободен превод „џепчија“ или „сечикеса“), како и делфинот Фапи, наводната маскота на непостоечкото Христијанско анти-мастурбациско здружение.

Грешката се состои во фактот што изворот на информации е земен здраво за готово. Не само што не е направена проценка колку тој самиот е кредибилен, туку не се гледа напор информацијата, која, доколку беше точна ќе беше вистинска „бомба“ во светките медиуми, да се провери и од други извори. Само површно фрлен поглед врз содржините на вестите на Интернет поврзани со Фејсбук, објавени последните неколку дена, ќе покажаше дека „нешто не е во ред“ со информацијата дека газдата и основачот на Фејбук, Марк Цукерберг најавил користење на оваа социјална мрежа по цена од 2, 99 долари месечно, поради наводно големите трошоци за одржување на сајтот. Таква информација, освен кромидот на National Report едноставно – не постои!

Иако како извор е наведен National Report, очигледно е дека веста е преземена од друго место, но тоа никаде во текстот не се наведува.

Квази-новинарството и псевдо-вестите се постојана опасност за медиумските конзументи, но и за самите медиуми. Невниманието и непрофесионалниот пристап скапо се плаќа – оној кој пренесува „кромид“ со право ќе биде изложен на потсмев, бидејќи не си ја завршил домашната задача, а тоа е проверка на изворите и веродостојноста на информацијата што планира да ја пласира. Но, има и една друга димензија – неодговорното новинарство преку овие поединечни примери влијае на вкупната перцепција на граѓаните кон медиумите, дека „на новинарите не треба да им се верува, бидејќи лажат“, а со тоа се подига и прагот на толеранција кон лагите и невистините кои, често и со намера, се дистрибуираат до крајните корисници.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести