verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Обама се двоуми бидејќи Русите собориле Ф-22 и 4 Tomahawk проектили?

on 5 - 09 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Во време кога сите очи на светот се завртени кон Сирија и Блискиот Исток, заради најавениот напад на американските воени сили врз оваа земја, овде е пренесена вест од не сосема познат извор во која се вели  дека е соборен еден американски ловец од типот Ф-22 Раптор и четири ракети од типот Томахавк.

Нападот наводно се случил на 31 август на границата меѓу Јордан и Сирија, ловецот бил соборен, а „американските генерали се за тоа шокирани бидејќи авионот е уништен многу професионално, вклучувајќи ги и пресретните моќни Томахавк проектили“.

Во пренесената вест се наведува дека проектили биле срушени еден ден порано (30 август) со рускиот противвоздушен систем Панцир -1 и дека сето ова влијаело што претседателот Обама се пишманил и не ја нападнал Сирија, туку решил да побара дозвола од Конгресот заради купување на време.

Обама се двоуми, бидејќи Русите собориле Ф-22 и 4 Tomahawk проектили

Линк до оригиналниот напис: Обама се двоуми бидејќи Русите собориле Ф-22 и 4 Tomahawk проектили?

Датум и време на објавување: 03.09.2013 00:30

Датум на рецензирање: 03.09.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Најнапред секако да појдеме од тоа дека ваквата вест би ги „запалила“ медиумите на Блискиот Исток, особено оние кои се наклонети кон режимот на  Башар Ел Асад (Иран и делови од Либан под  доминација на Хезболах), како и сите оние Арапи кои  се антиамерикански расположени како потенцијални читатели или ТВ и радио публика, а сигурно ги има на стотина милиони. Плоштадите и улиците би вриеле од  луѓе кои би го славеле „рушењето на неверникот“. Тоа не се случи, немаше реакции кај американската и европска јавност и медиуми, каде има отпор кон војната, а барем таа страна не е обврзана да молчи за ваквиот „пораз“ на военото поле на Пентагон. Што да се каже за Москва и евентуалната реакција оттаму?! Би можел ли да се скрие триумфот во таков случај?

Оној кој ја пренел веста пренел (или при обработката направил) и низа други фактички грешки (времето на наводното рушење на авионот и времето на одлуката на Обама, на пример, се во цајтнот), фактот дека Израелците влегуваат во сирискиот воздушен простор кога сакаат и никој не им наштетил, многу грешки кај наведување на опремата; на пример Дамаск има авиони Миг 24, а не Миг 23, системот Панцир-1 не е споменат во ниту една позната воена анализа … Се пишува за „многу профеисонално уништен авион“ (има ли непрофесионално рушење на супер летало?!). Да не говориме за мешањето на поимите околу тоа кој кого собирил – Русите учествуваат во војната активно, како советници или платеници? Тоа не се наивни факти и бараат објаснување.

Извори на информации: Порталот наведува еден основен извор на информации – интервју на неидентификуван офицер даден за либанската ТВ станица Ал Манар, која е секаде јасно означена како медиум на Хезболах. Нема линк до изворот, а се споменува уште и сериозниот Лос Анџелес Тајмс (пак без линк), потоа „Оклахома пост“ , кој наводно се повикувал на свои извори во армијата на САД.

Содржајност: Написот се обидува да биде што поописен, се споменувааат и други инциденти во воздушниот простор над Средоземното море, но никаде не може да се забележи проверка или оградување од можните неточности или претерувања на наведниот извор (извори) на информации.

Пристрасност: Секако дека пренесувачот на веста во нејзиното димензионирање, насловот и  обидот да се остане непристрасен и ладен во една сериозна ситуација, која го загрижува целиот свет, а во контекст на многуте детали кои барале резервираност, не издржал па како да паднал во некаков сентимент во одмерувањето на воените потенцијали на една од страните во судирот.

Оригиналност/Плагијат: Текстот во голем дел е истоветен со еден со сличен наслов  и содржина објавена во исто време на српскиот портал vestinet.rs, само што тој не го споменува либанскиот извор на информации и се повикува само на Лос Анџелес Тајмс.  Доколку македонскиот портал што ја пренесол оваа вест би се повикал на тој извор на читателите многу работи веднаш би им станале појасни, но пренесувачот како да сакал да се претстави како „поблизок до оригиналот“.

Квалитет на насловот: Насловот влегува во црно бела шема (Американци – Руси, инфериорни-супериорни), која ги исфрлува Сиријците како „играчи“ на воената маса и имплицира веројатна Трета светска војна, односно директен судир на двете најголеми сили на планетата, што освен шпекулативноста го содржи и сензационализмот на уредувачот.

Фотографија: Написот има две фотографии, секако преземени – едната е за самиот ловец Ф-22 Раптор, а втората покажува некој руски противвоздушен ракетен систем. Може да се рече дека текстот е илустриран во согласност со понудената содржина.

Заклучок:  Иако изминаа неколку дена од настаните што се опишуваат во текстот, пренесувачот не почувствувал потреба од проверка на вака сериозна вест. Мина доволно време од објавувањето на тесктот, а големиот број нејзини читатели и натаму ја чекаат – вистината. Чудно е што порталот многу бргу ја извлече оваа вест од насловната страница?! Тоа не е доволно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести