verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Нова пресуда против медиуми: „Мојот град“ треба да и плати 5 илјади евра на општина Кавадарци

on 21 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

new3535-009980076-098-crop-resize

Оваа информација е уште еден лош пример на новинарска пракса на која неколу пати досега укажавме преку рецензии и новинарски лекции: да се ископира вест објавена на друг портал, да се зачини со неколку реченици и наслов, со што комплетно ќе се смени смислата на информацијата и ќе се доведе во прашање нејзината вистинитост. Во конкретниов случај, медиумот препишал информација од портал од Кавадарци, кој за себе известува дека добил тужба од Општина Кавадарци, во која се бара надомест на штета од 5 илјади евра. Кавадаречкиот портал манипулира во насловот, споменувајќи ја казната од 5 илјади евра , но во текстот не споменува дека има пресуда, а видно од приемниот печат во судот, тужбата е поднесена на 31 декември, пред три недели, време во кое ниту теоретски не е можно да се донесе пресуда. Но, во рецензираниот напис се отишло многу понапред и на читателите им нуди информација дека е донесена уште една пресуда во која медиумот е казнет со 5 илјади евра и тоа поради нарушен углед на општина Кавадарци. Притоа, пренесени се и делови од наводната пресуда, која, всушност, е содржина на тужбата! На овој начин се покажува непознавање на судската постапка, при што не се успеало правилно да се прочитаат документите објавени од локалниот портал, со што се доведуваат во заблуда читателите и им се претставува им целосно неточна информација.

Според достапните податоци, на 15 јануари судот испратил покана до тужениот портал да достави одговор на тужба во наредните 15 дена, по што ќе биде одржано подготвително рочиште. Ќе се предложат докази (материјални или сведоци) ќе се одржат судења, а дури потоа ќе биде донесена пресуда, во која судот може да ја отфрли тужбата или да најде дека има елементи на клевета и да досуди дел од бараниот износ или целата сума. Но, денеска, на ваква правна ситуација не може да се говори за пресуда, за казна или за цитирање делови од наводна пресуда како што е сторено во текстот. По реакции на социјалните мрежи, порталот ја промени информацијата, но не се извини, ниту наведе дека врши корекција, што е спротивно на професионалните и етичките норми во новинарството.

new3535-009980076-098Линк до оригиналниот напис: Нова пресуда против медиуми: „Мојот град“ треба да и плати 5 илјади евра на општина Кавадарци

Датум и време на објавување: 20.01.2014

Датум на рецензирање: 20.01.2014

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Вака понудениот текст беше невистинит, без оглед што ни нудеше документи како поткрепа на тврдењата, бидејќи понудените копии не кореспондираа со содржината на текстот. Од документите се се гледа дека не е направена разлика што е тужба, а што пресуда, ниту, пак, е направен обид ако нешто не било јасно, да се побара став, коментар или дополнителна информација од порталот кој ја објавил информацијата.

Извори на информации: Во текстот е посочен изворот со линк до изворниот портал, но цитираните делови и тврдењето во насловот се авторство на порталот чиј текст рецензираме. Бидејќи ни се нуди невистинита информација, повикувањето на изворот е ирелевантно и ја открива грешката.

Содржајност: Веста нуди основни информации, препишани од засегнатиот портал, но не може да се говори ниту за минимум содржајност , бидејќи дополнително понудените информации, како што е наводното цитирање на делови од пресудата, не се веродостојни.

Квалитет на насловот: Насловот е еден од проблематичните делови во информацијата, нудејќи му на читателот нецелосна и погрешна информација.

Фотографија: Користени фотографии и документи што ги прават грешките на медиумот лесно достапни за сите кои знаат да ги „прочитаат“ понудените документи.

Заклучок: По реакција од читатели на социјалните мрежи, редакцијата ја корегираше информацијата, па насловот од – Нова пресуда против медиуми: „Мојот град“ треба да и плати 5 илјади евра на општина Кавадарци – беше сменет во: Нова закана против медиум: Општина Кавадарци бара 5 илјади евра од „Мојотград“.

Но, медиумот по промената на насловот и на содржината на веста не се извини за направената грешка, ниту наведе дека врши корекција, што, според професионалните и етички стандарди, беше логично и очекувано како гест кон читателите кои во неколкуте часа, колку што беше објавена погрешната вест, ја прочитале.

Ваквиот „излет“ уште еднаш не враќа на препораките кои ги дававме и претходно: медиумот мора да направи минимум проверки на веродостојноста на веста што ја презема, бидејќи со наведување на тоа кој објавил, не ја симнува одговорноста од себе. Во анализираниов случај, преземена е вест со грешка во насловот, но таа е „надградена и проширена“ со серија грешки кои го покажуваат целокупното непознавање за темата за која се пишува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести