verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Нимиц рече “Горна Република Македонија”?!

on 10 - 06 - 2013       

Отворањето на нов круг на разговори за спорот со името, со посредство на Метју Нимиц, разгоре интерес за тоа во која насока ќе оди дијалогот и кој е најновиот предлог на медијаторот. Индикативно е дека ниту Метју Нимиц не го кажа најновиот (најновите) предлог/предлози, ниту тоа го кажаа политичарите во Скопје и Атина. Дури јасно одбија да говорат на таа тема, со оглед на претходен договор на сите страни во преговорите.

Но, во весниците кај нас започна да се говори за едно име (Горна Република Македонија) за кое дури се отворија и јавни дебати со аналитичари.

Многумина сметаат дека се работи за спин со кој се настојува да се подготви јавноста за решение кое ќе изгледа прифатливо и со кое „ние ќе победиме“. Она што е интересно од аспект на оваа рубрика е на што се повикуваат нашите весници кога се работи за „понуденото име“.

Како пример го земаме весникот Вечер, само заради тоа што тој е најопширен во обработката на темата во однос на другите пишувани медиуми, кои, не се разликуваат во основниот приод.

Рецензија: Нимиц рече "Горна Република Македонија"?!Линк до оригиналниот напис: Нимиц рече “Горна Република Македонија”?!

Датум и време на објавување: 11.04.2013

Датум на рецензирање: 11.04.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Весникот Вечер како и другите медиуми се повикуваат на пишување на грчките медиуми, а наводно пренесени во атинското Радио Дојче Веле. Македонската редакција на ДВ, која секако е во линк со грчката станица, не дава таков извор, туку и таа воопштено се повикува на истиот извор (грчки весници).

Извори на информации: Постои само едно име на грчки весник во сите извештаи кај нашите медиуми (кај Радио Дојче Веле на македонски), а тоа е грчкиот Капитал.

„Проблемот на грчката страна е тоа што иако името вклучува географска одредница, како што бараше Грција, таа е пред терминот Република, а не пред Македонија, за што грчката страна одамна се изјасни дека не го прифаќа. Грчки “Капитал“ пишува дека најверојатно, предлогот на Нимиц ќе биде само за билатерална употреба.“

Ова е сепак извор кој не наведува свој извор кој би бил порелеватен, макар и само како анонимен!

Постои и уште еден „извор“ – весникот Катимерини.

„Каде точно ќе биде поставена придавката во името е од секундарно значење во англиската граматика. Тоа е техничко прашање, а не стратешко. Она што е од стратешко значење е да постои географска одредница, велат извори од ОН за Катимерини.“

И тоа е сè што постои како извор на информации. Тоа не е доволно да се користи изворот „грчките медиуми“. Уште повеќе заради тоа што грчките весници, тие што се споменуваат, кои ги споменавме, користат име Република Горна Македонија, а нашите Горна Република Македонија, што е една голема разлика! Потоа, тие споменуваат име за билатерално користење, а нашите медиуми „за севкупна употреба“.

Содржајност: Веста нема јасен извор, не може да го најде и тој стои таму некаде зад границата, одново неидентификуван, со што медиумите се вртат во круг. Ново е што се отвора широка и суштинска дебата што добиваме со овој предлог (!), небаре тој е толку сигурен и прецизно утврден.

Се повикуваат за предлогот да се изјаснат и советници на претседателот на Републиката, амбасадори во пензија и слично. Не е чудно по толкавото количество на прав што се подигнува тука, во Атина да се предизвика обратен ефект и тамошните весници да пишуваат во стилот „како што пишуваат скопските весници“, верувајќи во нашиот сигурен извор.

Пристрасност: Социјалните мрежи и тамошните аналитичари се многу поблиску до вистината за намерата на ова уфрлено име – тоа е тест за термин на кој веројатно треба да се навикнеме, односно со кој власта опипува каков е ефектот во јавноста. Дали тој термин, ако влезе во игра, ќе ѝ штети или ќе може да биде прифатен без многу бранувања?

Коментирање: Написот во Вечер за разлика од многуте други на оваа тема има коментари, ама само од авторитети во оваа област. До тука сè е во ред. Само што ним, на коментаторите, како „на тацна“ им се нуди име кое се третира како сигурно добиено, а зад тоа тврдење не може да се посочи никој како релевантен извор (или како спинувач).

Плагијат: Написот се повикува на „грчки весници“, потоа на Дојче Веле, а некои и на користење на одредени агенции (Макфакс), ама се чини дека сите се повикуваат на други извори и сите се во некаков круг, за полесно да се сокрие евентуалниот спинувач.

Квалитет на насловот: Весникот со насловот се повикува на Нимиц како извор на информацијата ама внатре нема такво нешто! Оттаму, тој дезинформира и на некој начин манипулира, бидејќи, сугерира дека „го има изворот во рака“, што се покажува неточно.

Фотографија: Фотографијата, заедно со насловот, треба да сугерира блискост на медиумот до најверзираните за предлогот за новото име. Фотографијата е придружник во манипулацијата со насловот.

Заклучок: Од целината на написите на оваа тема, се сугерира брзо решавање на овој спор и сега во наша корист, а за тоа се настојува да се најде или види нервоза во грчките кругови.

Иако не се гледа каде е нервозата (како и изворот на веста) ние треба да бидеме релаксирани, соочени веројатно со шокот за дефинитивното решение многу бргу.

Рецензија: Нимиц рече "Горна Република Македонија"?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести