verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Николовски: Нов ТАТ во Охрид

on 22 - 03 - 2013       

Порталот Република објави вест од Охрид во која се вели дека „Бранко Црвенковски и Александар Петревски по сценарио од 1997 година создале нов ТАТ во Охрид“. Веста се повикува на изјава на високиот функционер на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски, пратеник во републичкото Собрание.

Притоа се прави кармакашија од економски категории, па загуби на комуналните претпријатија се прикажуваат како пирамидална штедилница.

Тоа е класична замена на тези со кои една појава се споредува со сосема друга, без меѓу нив да има никакви допирни точки, бидејќи, се прави асоцијација која генерално звучи грдо и опасно ама нема врска со реалните состојби и проценки во охридската комуна.

Николовски: Нов ТАТ во ОхридЛинк до оригиналниот напис: Николовски: Нов ТАТ во Охрид

Датум и време на објавување: 21.03.2013, 16:29

Датум на рецензирање: 21.03.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Текстот се темели на факти кои се веројатно реални и кои прикажуваат загуби на три комунални претпријатија, кои се јавно достапни. Но, тие не можат да бидат премиси за заклучокот на пратеникот Николовски.

Извори на информации: Податоците ги изнесува пратеник кој не се повикува на конкретен извор на податоците и тие како такви би можеле да се оспоруваат, но во случајот не се битни. Пирамидална штедилница е сосема поинаква институција и таа не функционира, ниту може да биде по дефиниција исто што и јавно претпријатие, со загуба или не.

Не е користен како извор никој од градската управа, кој секако би ги објаснил загубите кои постојниот градоначалник ги наследи пред осум години и битно ги намали во периодот додека е на власт! Притоа Петрески постојано имаше опструкција на централната власт во секој поглед.

Содржајност: Новинарот не поставил прашање до изворот како споредува различни категории, што укажува на неговото механичко присуство на местото каде се давала изјавата. Прашањето би одело во насока да се утврди (прецизира) како е можно фирма која е во загуба да „статира“ во функција на штедилница, па и пирамидална, која никогаш не е во загуба, барем додека е активна. Напротив, пирамидалната штедилница е хиперактивен стопански субјект кој функционира на принцип на дуење на приходи врз основа на постојан прилив на нови муштерии и нивни инвестиции сè додека побарувањата на клиентите не станат на дневна основа поголеми од внесот на приходите. Во мигот кога се појавува загубата, пирамидалната штедилница се руши како кула од карти.

Текстот не покажува – укажува каква е персоналната врска на Александар Петрески и Бранко Црвенковски со споменатата штедилница: тоа беше криминал кој беше суден, а актерите завршија во затвор и се познати на пошироката јавност!

Пристрасност: Ова е уште еден обид да се спинува во време на избори и тоа во средина каде власта стои послабо, со лажна информација дека, покрај теоретската непоткованост и на пратеникот и на новинарот, некој има имотна корист од загубите во јавните претпријатија кои перманентно, осум години, се покриваат од сопствени извори, а загубата се намалува.

Коментирање: Текстот отворено сугерира гласање за кандидатот на владејачката партија на централно ниво, со акцентирање дека тогаш јавните претпријатија ќе бидат санирани веднаш, „со помош на Владата“. Не се кажува како тоа би го сторила власта (од кои средства) и ако тоа е можно или неспорно, зошто не го сторила и досега, туку ги оставила граѓаните да се „мачат“.

Плагијат: Не е наведен авторот и не се говори дека текстот е преземен. Нема линкови со слични текстови.

Квалитет на насловот: Текстот со насловот се повикува на изворот што укажува на извесно оградување на авторот, ама ја задржува аурата на сензационализмот и погрешното поврзување на нештата – го има спинот и во насловот

Фотографија: Фотографијата служи како географска одредница и е само илустративна, а нема допирни точки со содржината на текстот.

Заклучок: Овој напис е уште еден текст од изборната кошничка на една партија со која се спинува и највулгарно се мешаат економски категории.

Рецензија: Николовски: Нов ТАТ во Охрид

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести