verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Никој не сака обвинет за шпијунажа и велепредавство за партиски лидер

on 17 - 02 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-078-Никој-не-сака-обвинет-за-шпиунажа-и-велепредавст-crop-resize

 

Веројатно, многу читатели си поставуваат прашање – кој пишува вакви текстови и зошто нивните автори не се потпишуваат. Одговорот е едноставен. Поради стравот да не се посрамотат и некој утре да не ги препознае на улица и на нив да покаже со прст. Но, според методологијата по која работи „Сервис за проверка на факти во медиумите“, не е битно кој е автор, туку што пишува.

FireShot Screen Capture #078 - 'Никој не сака обвинет за шпиунажа и велепредавстЛинк до оригиналниот напис: Никој не сака обвинет за шпиунажа и велепредавство за партиски лидер

Датум и време на објавување: 15.02.2015, 15.41

Датум на рецензирање: 16.02.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СПИСОК НА ЖЕЛБИ

Целиот текст е несодржаен, конфузен и нејасен, полн со конструкции, измислени обвинувања, наводни извори, некои структури…, наводни закани на Зоран Заев упатени кон неговите сопартијци, измислени „заканувачки пораки“. Ниедна констатација не е поткрепена со валиден извор. Авторот си дава слобода да се става во улога на обвинител и да го проширува „обивнителниот акт“ со нови, уште потешки кривични дела, кои, барем засега, не се спомнати дури ни во сомнежите на премиерот при обелоденување на аферата „Пуч“.

Текстот е список на желби на некој кој или работи од „фиоката“ на власта или е добиен директно од некој центар кој посакува и ја тера „водата на воденицата“ „бомбата“ на лидерот на опозицијата да направи хаос во СДСМ.

Написот има цел да го нападне и да го оцрни опозицискиот лидер и претседател на СДСМ, ширејќи гласини дека поради неговата „бомба“, хаосот, всушност, владее во опозициската партија, а неговата лидерска позиција е сериозно загрозена и прашање на денот е кога тој ќе биде заменет со некоја друга личност.

„Во редовите на СДСМ владее нервоза, но и страв. Партискиот лидер не ги поштеди ниту своите најблиски соработници од уцени и закани.
Некои структури од партијата се свесни за се што Заев прави и што ќе произлезе од таквото негово однесување, но го оставаат да се “дозакопа“. Ним им е јасно дека по помалку од два месеца, Заев целосно ќе го изгуби и она сомнителниот кредибилитет.“

 

ВО УЛОГА НА ОБВИНИТЕЛ

Анонимниот автор со леснотија го обвинува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за тешки кривични дела кои не се содржани ни во кривичната пријава против него, иако судска постапка за овој случај сѐ уште не е отворена и ништо не е докажано. Сега засега, постои само Кривична пријава против Заев за сомнежите за шпијунажа.

Со тоа е прекршено правилото за презумција на невиност само со една цел – да го нападне и да го оцрни опозицискиот лидер со измислени реакции на „некои експерти“, „некои сопартијсци“, „некои структури“… и врз основа на тоа сам си поставува прашање и дава одговор во кој се става во улога на обвинител.

„Кој сака велепредавник за партиски лидер?
Никој не сака обвинет за шпиунажа и велепредавство за партиски лидер“

Содржината на текстот е намерно направена да буде збунувачка и нејасна. Затоа е извадена од контекст изјавата на Зоран Заев во гостувањето на телевизија „Алсат“, во која ги спомнува своите сопартијци, опзиционери, поранешни и сегашни политичари за веднаш потоа, во следниот пасус, повикувајќи се на „експерти“, нивните имиња да ги поврзе со наводни уцени од страна на Заев.

 

ВО ПРАВОТО ПОСТОИ РЕД

Правната наука знае дека за некој да седне на обвинителна клупа, по редоследот на нештата, прво се поднесува кривична пријава, доколку во неа има елементи на кривично дело, се отвора истрага, врз основа на истарагата се покренува обвинение или обвинителен акт. Право на тоа има исклучиво обвинител, а не новинар или медиум. Со објавување на невистинита информација дека Заев е „обвинет за шпијунажа и велепредавство“, грубо е прекршена не само презумцијата на невиност со една единствена цел, во јавноста да се перцепира погрешна слика за целиот случај на прислушување на 20.000 граѓани, туку се погазени основните принципи на Кодексот на новинарите на Македонија.

Повредени се член 1 и член 8 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Член 8. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност и да не се сугерира пресуда.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести