verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Платениците на Сорос“ – добро научена мантра и етикета за секоја манџа

on 25 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

al-jezeira-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Нервозниот Заев, СДСМ и платениците на СОРОС со сценарио за дестабилизација на Македонија преку „Ал Џезира“]

 

Ова е уште еден текст кој оцрнува и омаловажува, притоа не ги согледува фактите, а во поголемиот дел и ги злоупотребува. Написот манипулира, извртува вистина, спинува. Нема критички осврт, нема дебата во текстот, дури и на колегите новинари кои се напаѓаат не им е дадено правото да се „одбранат“. Тоа значи дека текстот уште на почетокот го крши членот 16 од Кодексот на новинари:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

al jeeiraЛинк до оригиналниот напис: Нервозниот Заев, СДСМ и платениците на СОРОС со сценарио за дестабилизација на Македонија преку „Ал Џезира“

Датум и време на објавување: 20.03.2015, 16:40

Датум на рецензирање: 24.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДЕФОКУСИРАЊЕ ОД ВИСТИНАТА

„СДСМ е соочен со немањето ефекти и поддршка од народот како што се надеваа и очекуваа. Заев нервозен и исплашен од доказите кои се против него, се обидува Македонија да ја втурне во дестабилизација, меѓуетнички и меѓуверски тензии.“

Уште на почетокот текстот спинува и не ја кажува вистината. Иако се тврди дека нема ефeкти и поддршка од народот, не се нудат докази за тоа. Нема објавено анкета на јавното мислење со која би се поткрепила ваквата теза. Притоа, не е објаснето што тоа очекувале од СДСМ за да може да се провери што не добиле. Очекувањата, според најавите на опозицијата, беше да се дознае вистината за Македонија. Тоа и се прави. Затоа, паѓа во вода обидот да се спинува дека ништо не се постигнува. Напротив, се дознава за криминалите кои ги правеле одредени луѓе во владата на премиерот Никола Груевски. За тоа дали Заев е нервозен, нема стручна анализа за да се поверува во вистинитоста. Вака, мислењето е паушално, а можеби и е помешано со чувството на упорност кое навистина текстот го оддава.

Понатаму, се вели дека опозицијата сака да го вовлече народот во сопствениот пад. Напротив. И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, речиси на сите прес-конференции истакнува дека нема да дозволи дестабилизација на земјата, а сето тоа што го прави е во интерес на Македонија. Тука е злоупотребена оваа теза за да се поентира политички и да се дефокусира вниманието од вистинскиот проблем, а тоа е содржината на прислушуваните разговори.

Потоа се оцрнуваат и СДСМ и Фондацијата „Отворено општество Македонија“ (Сорос) со теза дека прилогот на телевизијата „Ал Џезаира“ бил антимакедонски, како и телевизијата.

Како и од каде е моментот дека телевизјата е антимакедонска? Оваа телевизија ја има во повеќе држави, а тезата дека има антимакедонски интереси е повеќе смешна отколку сериозна. Ако некои опозициски насторени личности дебатираат во една емисија, тоа не значи дека телевизијата има намера да ја руши и дестабилизира Македонија. Напротив, таа се вклучува во конструктивна дебата за да може да се дојде до решение. Значи, ги согледува проблемите меѓу разговор со луѓе, засегнати, а со тоа дава и придонес во дебатата за минимизирање или целосно неутрализирање на болните ткива во општеството.

Фразата „платениците на Сорос“ остана навика во провладините медиуми кога сакаат да напаѓаат луѓе кои не им се по мерка. Притоа, воопшто не водат сметка за тоа што значи таа фраза, туку ја лепат како етикета. Таа етикета потоа сите провладини перјаници ја употребуваат како добро научена мантра и ја пикаат во секоја манџа, најчесто каде што не ѝ е место.

Во делот каде што неосновано се напаѓа колегата Борјан Јовановски за тоа што рекол „Словени“ направена е материјална грешка. Тој зборува за поделбата во земјата која е направена, особено последните години. А, како поинаку на странец би можело да му се претстави таа разноликост и поделба на мислењата. Згора на сѐ, текстот само ја покажува интенцијата целосно да се негира и словенското присуство во потеклото на овој народ.

Ова е уште еден текст кој има цел негативна кампања. Целиот е со изместени гледишта, без логика. Текст без идеја, само со цел. Да се нападне по секоја цена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести