verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измислени „Баба Роги“: Плашење со „Законот“ (кој закон?), Синдикатот и со ФООМ (Сорос)

on 8 - 04 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-089-Нелегитимниот-Средношколски-пленум-crop-resize

 

[Рецензија: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик – законот пропишува глоба за родителите]

 

Рецензираме текст кој не може да се нарече коректен новинарски производ. Не задоволува еден од основните критериуми на новинарската професија – не е јасен, не е содржаен, информациите во него не се точни. Не само што се обидува да манипулира со граѓаните, туку со погрешна интерпретација на закон, чиј целосен назив го крие, уште во насловот ги заплашува родителите, внесува во нив и во учениците немир и повикува на мобилизација против легална и со устав дозволена граѓанска активност – право на протест и јавно изразување на незадоволство.

FireShot Screen Capture #089 - 'Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризиЛинк до оригиналниот напис: Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик-законот пропишува глоба за родителите

Датум и време на објавување: 05.04.2015, 14:56

Датум на рецензирање: 07.04.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Во функција на одбрана на владините политики, граѓанскиот, во овој случај легален активизам на средношколците, се анатемисува и се прогласува за илегална и субверзивна активност поради која и тие и нивните родители, „според законот“ ќе претрпат санкции. Медиумот се повикува на закон, а никаде не наведува за кој закон се работи, што кај граѓаните создава забуна врз основа на кои прописи тие ќе бидат санкционирани со 2.000 евра поради активностите на нивните деца. Според прераскажаната содржина на неколку членови од „законот“, претпоставуваме дека се работи за Закон за средно образование, чии членови, кои ги цитира медиуимот, се погрешно интерпретирани и фалсификувани, што е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија.

„Според законот, во случај на бојкот Членот 109 пропишува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако нередовно го посетува училиштето.“

ЗАКОНОТ ИМА ИМЕ

Членот 109 на кој се повикува медиумот во оригиналната верзија на
Законот за средно образование јасно прецизира во кои ситуации родителот ке биде казнет со глоба од 2.000 евра. Еве ја автентичната содржина на членот 109 од Законот.

„Глоба во износ од 2.000 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако ученикот не е запишан во средно училиште или нередовно го посетува училиштето.“

Во автентичниот член никаде не се спомнува зборот бојкот на наставата и казнени одредби поради таквата активност. Според Законот за средно образование, под поимот нередовно посетување на наставата се подразбира ученикот континуирано 25 дена да не доаѓа на училиште, а изостаноците да не ги оправда. Тоа авторот на текстот требало да го прочита во Законот и јасно да го објасни.

Се брани спротивната група на средношколци на која ѝ се дава легитимитет затоа што произлегуваат, како наведува медиуимот, од законот и повтороно не е објаснето според кој тоа закон едните активности на средношколците се легални, а другите се нелегални и нелегитимни претставници на средношколците.

 

СИНДИКАТ ПРОТИВ УЧЕНИЦИТЕ

За да му даде тежина на предупредувањето и да ги мобилизира родителите да им застанат на пат на своите деца, од кои многумина се полнолетни и сами одговараат за своите постапки, во функција се става СОНК, синдикална организација која, според редоследот на нештата, треба да ги штити работничките права на наставниците и на професорите, а не да изигрува „Баба Рога“ која треба да ги плаши учениците и нивните родители.

„СОНК сака да ја изрази својата загриженост за можноста оваа неформална група на дел на ученици од неколку средни училишта да не бидат изманипулирани и искористени не за промовирање на свои интереси, како стандарди во средното образование во демократските земји, туку за одработување на  туѓи агенди.“

 

ПАРТИСКА ВОДЕНИЦА

Медиумот им дава право на граѓанска активност само на оние кои се блиски до власта, а на сите други им лепи непријателска етикета, ги прогласува за илегалци. Нивните активности се етикетираат како противзаконски и нелегитимни, поврзани со опозицијата и со СДСМ и финасирани од ФООМ (Сорос).

Таксативно се наброени институции и личности, кои, без медиумот да се повика на изворот, се ставени во директна корелација со СДСМ, а нивните активности се финасирани од Сорос. Тука е и цела галерија личности кои со средношколските активности апсолутно немаат никаква врска.

Прекршени се членовите 1, 4 ,5, 10, 14 на Кодексот на новинарите на Македонија кои бараат: новинарот да објавува точни и проверени информации и да не прикрива суштински податоци (член 1.), да назначи извор на информации (член 4.), нема да објави или сокрие она што е од јавен интерес (член 5.), нема свесно да преработува информации (член 10.) и ќе обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (член 14.).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести