verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица

on 16 - 01 - 2014       

Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица-crop-resize

Прилогот со наслов „Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица“ просто „плаче“ за рецензија  и тоа негативна. Во него нема кредибилни извори и без никаква аргументација  се нафрлани обвинувања  за незаконско трошење на пари од општинскиот буџет во Струмица. Со невидена леснотија  се атaкува врз роднини и блиски луѓе на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев. И притоа се плете тенденциозна приказна која има за цел да го дискредитира Заев во јавноста.

„Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица. Освен браќата, сестрите и најблиските роднини пари од струмичкиот буџет се испумпувале и на сметките на невладините организации на функционери на партијата од Бихаќка.

Со прилогот се нарушени повеќе одредби од Кодексот на новинари, а, исто така, тој е во спротивност со назнаките во Прирачникот за етика во новинарството.

Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина СтрумицаЛинк до оригиналниот напис: Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица

Датум и време на објавување: 14.01.1014, 17:32

Датум на рецензирање: 15.01.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Прилогот не се потпира на факти. Тој не нуди релевантни показатели за да се поткрепат тврдењата:

„Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица.“

„…трансфер на пари, од струмичката каса на здружението, Сојуз синдикат на земјоделски производители на Струмица, застапувано од циоскиот функционер на СДСМ, Ристо Велков.“

„На неговата сметка во повеќе наврати легнале суми на пари, за кои постои сомневање дека се користеле за корумпирање на земјоделците и нивно активирање во кругот критичари на владините политики.“

„Финансиски средства добивал и првиот човек на комисијата за земјоделство на СДСМ Ѓорго Ѓорѓиев.“

Туку  се прави конструкција врз основа на паушални информации. Се добива впечаток дека авторот на овој текст гради тези кои воопшто и не се обидува да ги докаже , туку наменски ги пласира. Со тоа се крши амандманот  1 од Кодексот на новинари:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.”

Извори на информации: Овој материјал нема прецизни извори на информации, ниту, пак, посочува конкретни соговорници. Само на едно место во текстот се користи премногу општа формулација „документација која ја објавија медиумите“, но не кажува конкретно за каква документација се работи, ниту, пак, кои медиуми ја објавиле.

Содржајност: Во овој прилог е беспредметно да се бара балансираност. Тој е целосно едностран. Видливо  е дека не постоела намера да се побара изјава од личностите за кои се тврди дека директно или индиректно  правеле финансиски злоупотреби со општинскиот буџет.

Пристрасност: Пристрасноста  во овој текст не се покажува суптилно, туку многу отворено, со нагласена наклонетост кон владејачката партија. Начинот на  кој е напишан, конструкцијата на текстот и интонацијата  покажуваат јасна интенција да се нападне Заев.

Коментирање: Текстот буквално тежи од коментаторски елементи за кои не може да се каже дали се или не се интегрирани со фактите, бидејќи факти воопшто нема. Практично, целиот прилог е скроен во форма на критичко, поточно критизерско четиво.  Авторот го почнува и го завршува прилогот во коментаторски манир.

Ова е само уште еден во низата скандалозни трансфери на пари од општина струмица на сметките на здруженијата на функционери на СДСМ. Сител веќе објави за префрлени над 350 илјади евра на сметката на Младинскиот совет на Струмица, организација, која според Централниот регистар е сместена во перална за автомобили“.

Ваквиот пристап се коси со членот 13 од новинарскиот Кодекс:

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.”

Оригиналност/Плагијат: Прилогот е со авторски потпис. Сепак, не остава впечаток на оригиналност. Истиот ден, вакви написи со некои варијации во насловот, ама со истата теза, беа пласирани во повеќе медиумиНекои, како извор го посочија следниов портал.

Квалитет на насловот: Првата реченица од текстот: Не запира скандалозното испумпување на пари од буџетот на општина Струмица“, е искористена како наслов. Тој е претенциозен и сугестибилен. Наведува на заклучок дека некој официјален огран веќе констатирал незаконско трошење на буџетот и дека таквото однесување продолжува!

Фотографија: Текстот е илустриран со снимки од Струмица и од седиштето на СДСМ во Скопје.  Даден е и шематски приказ на роднинско-пријателските врски на Заев, што треба да го долови впечатокот за наводен финансиски криминал поврзан со струмичкиот градоначалник.

Говор на омраза: Интонацијата на текстот јасно укажува на намерата да се оцрни личноста на Заев.

Заклучок: Станува збор за фабрикуван новинарски производ со очигледен мотив да креира  финансиски скандал со лидерот на СДСМ и вниманието на јавноста да го пренасочи кон него. Имено, објавувањето на овој прилог, заедно со серијата слични прилози емитувани на оваа телевизија, како и на други медиуми, коинцидира со тајмингот во кој СДСМ обелодени дека „омилената уредничка на премиерот и на владејачката партија, била бизнис партнер на власта во секторот здравство“. Отворањето пак, на овој мега сканднал не само што се заканува сериозно да го затресе менаџментот на медиумот, туку фрла и прилично голема флека  врз Владата. Па, пласирањето на прилогот некако многу наликува на возвраќање на ударот!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести