verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Не може Жерновски да остане градоначалник, а ние да бидеме на улица

on 30 - 10 - 2014       

Не може Жерновски да остане градоначалник а ние да бидеме на улица-crop-resize

Како што се приближува 10 ноември, датум кога е закажана седница на Собранието која битно ќе се одрази врз политичката клима во земјата, се забележуваат сè позачестени обиди кај дел од медиумите да му ја олеснат работата на парламентарниот спикер. Имено, првиот меѓу пратениците треба одлучи до тој датум дали ќе покрене постапка за одземање на мандатите на пратениците на опозицијата што ја бојкотираат работата на Собранието, не признавајќи ја регуларноста на изборите. Има секако голема општествена тежина тој чин, кој хипотетички би бил олеснет ако опозицијата не ја совлада, евентуално, ерозијата на отпорот – една пратеничка од ЛДП и две од СДСМ си седнаа во пратеничките клупи, а кога нив би им се придружиле други нивни сопартијци, или барем дел од нив, тогаш состојбите во парламентот, од аспект на владејачките партии, би биле појасни.

Овој текст како да нуди таков „излез“ од парламентарната криза, откако во истиот е констатирано дека двајца пратеници од редовите на ЛДП, најважни во хиерархијата по претседателот, се премислуваат околу влезот во Собранието. Спин или текст што се засновува на релевантни извори?

Не може Жерновски да остане градоначалник а ние да бидеме на улица-finalЛинк до оригиналниот напис: Не може Жерновски да остане градоначалник, а ние да бидеме на улица

Датум и време на објавување: 25.10.2014

Датум на рецензирање: 29.10.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Андреј Жерновски да се откаже од градоначалничката функција во Центар или пратениците од неговата партија што добија мандат во овој собраниски состав сериозно ќе размислат да влезат во Собранието. Ова е барањето на пратениците од ЛДП изнесено на последниот Извршен одбор на Либералдемократската партија, за кој, дознаваме, поминал во тензична атмосфера, со уцени и закани кон првиот човек на општината. На состанокот, двајцата пратеници од неговата партија Дуфе Kукоски и Горан Милевски побарале Жерновски да ја напушти сегашната позиција во Центар, затоа што биле незадоволни од коалициската одлука само тие како пратеници да ги жртвуваат своите мандати.“

Текстот се потпира на анонимен извор. Јасно е дека „длабокото грло“ не е од ЛДП, бидејќи се вели дека постои сопствен „коалициски извор“, што асоцира на соговорник кој и не е член на раководството на ЛДП, но кој како да врши директен пренос од седница на либералдемократите! Ова е обично доволно да се посомневаме во „регуларноста“ на изворот. На ова се надоврзува и констатацијата дека постоел жежок дуел меѓу Заев и пратеникот Николовски, и тоа одново во содржина која, небаре, е некаков директен пренос од затворена седница. Тој дел на текстот се базира на „висок партиски извор“, повторно анонимец.

И веќе во следниот број од истиот медиум, во понеделникот, на 27 октомври, дојдовме до ситуација која би се нарекла полудемант (види тука), кога споменатите „кавгаџии“, Дуфовски и Кукоски, јасно тврдат дека таквата ситуација, опишана во рецензираниов текст, воопшто не постоела! Тука, веројатно под притисок на директните членови на раководството на ЛДП, кои се јавиле во редакцијата, се вели, и тоа е уредно цитирано, немало таква точка на дневен ред, како што во текстот е наведено и никој од никого не барал отставка или смена од функција. „Тонч“.

Толку од сигурниот анонимен извор, ама освен што се споменува дека навремено се барала телефонска изјава од функционерите, нема обид за извинување до Кукоски и Дуфовски, ама и до читателите кои се погрешно информирани од „анонимниот извор“. Дури, иако се работи за можеби ист „извор“ и натаму се „подгрева ринглата“ за наводно незавидната позиција на Заев во партијата и тоа во предвечерието на состанокот на врвот на СДСМ.

Членовите на раководство на социјалдемократите со соопштението по понеделничкиот состанок сами ја исклучија таа рингла. И повторно, барем засега, пак нема корекција.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести