verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол

on 11 - 11 - 2013       

На-Гинекологија-се-родиле-четири-бебиња-со-неодреден-пол-МКД.мк-2013-11-08-12-02-27-crop-resize

Овој новинарски текст ја заслужи оваа рецензија од повеќе причини: изборот на темата говори за креативноста на авторката во изборот и во генерирањето идеи за новинарски стории, бидејќи темата има интересен агол, таа е несекојдневна и интересна, и е обработена сеопфатно со интересни детали.

На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол - МКД.мк 2013-11-08 12-02-27Линк до оригиналниот напис: На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол

Датум и време на објавување: 07. 11. 2013 – 13:55

Датум на рецензирање: 09. 11. 2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Начинот на кој е изработена оваа новинарска мини истражувачка сторија не остава простор да се сомневаме во нејзината вистинитост.

Извори на информации: Инспирирачкиот момент на оваа сторија е веста објавена во истиот медиум на 1 ноември оваа година под наслов: „Нема веќе или машко или женско: во Германија создадена категорија ’трет пол’“. Оваа вест на Би-Би-Си говори за тоа како во Германија го решиле парадоксот на запишувањето на двополовите, односно како што политички коректно се афирмира термниот – интерсексуалност во матичните книги. Една во секој случај необична, несекојдневна и занимлива тема, која кај авторката на текстот што го рецензираме тука предизвикал професионален импулс да го испита овој феномен во нашата земја. И љубопитноста еве, како што читаме, дала резултат.

Авторката на текстот консултирала, најверојатно, стручни лица во Клиниката на гинекологија и акушерство, во Детската клиника/Оддел на ендокринологија и генетика. Велиме „најверојатно“ зашто не се наведени име и презиме на изворите и нивната експертиза, но собраните факти и мислењата се доволно уверливи.

Нема веќе или машко или женско- во Германија создадена категорија „трет пол“ - МКД.мк 2013-11-08 12-03-04Содржајност: Овој новинарски продукт е повеќе од содржаен. Во една релативно куса новинарска форма се собрани сите неопходни информации за да може и лаик да го разбере овој феномен. Има статистика од релевантна институција, стручниот јазик е транформиран во разбирилив, говорен јазик соодветен за широка публика и, на крајот, има „додадена“ вредност со објаснувањето на коренот на термините кои доаѓаат од грчката митологија.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален текст кој е добар пример за иновативност во изборот на новинарските теми.

Квалитет на насловот: Добар, провокативен наслов со „јадица“.

Фотографија: За фотографијата нема податоци. Таа е најверојатно од интернет „банките“ со фотографии. Или, можеби, од архивата на медиумот, но тоа не го знаеме.

Заклучок: Да заклучиме со една поента што ги поврзува инспирирачкиот текст за овој што го рецензираме, оној објавен во Би-Би-Си, а пренесен во овој исти медиум. Се работи за новинарскиот инсктикт да се проверат, споредат и анализираат темите што се актуелни на глобално рамниште, или во некоја друга културна средина, како функционираат локално. Во овој случај каква е статистиката на раѓањето на новороденчињата со интерсексуалност во Македонија, каква е праксата на запишување на овие бебиња во матичните книги и какво е мислењето на стручната јавност во однос на овие појави.

Пристапот на авторката на текстот што го рецензираме на овој аспект на новинарската пракса е професионален со истенчено чувство за препознавање на занимлива тема и со соодветно користење на новинарските алатки таа тема да се разработи сеопфатно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести