Рецензија: Морална одговорност, што беше тоа?
Објавено во Рецензии
on 15 - 11 - 2013 Автор: Оливера ВојновскаТекстот со наслов „Морална одговорност, што беше тоа?“ претставува убав пример на интересна и солидно обработена тема. Написот го третира прашањето за моралната одговорност на политичарите и притоа посочува стручни мислења од политиколошки и социолошки аспект, кои му даваат дополнителен квалитет на овој материјал. Провокација за темата авторот наоѓа во актуелните случувања на домашната политичка и јавна сцена.
„Во последните неколку недели се случија неколку инциденти кои ја вознемирија јавноста, грабежи на музеи, сомнителни смртни случаи во болниците, но ретко кој од раководителите презема одговорност за случувањата во институцијата што ја раководи и чека да се утврди вина“
Линк до оригиналниот напис: Морална одговорност, што беше тоа?
Датум и време на објавување: 13.11.2013
Датум на рецензирање: 14.11.2013
Рецензент: Оливера Војновска
Вистинитост: Приодот и начинот како е конципирана и напишана оваа тема не остава простор за сомнеж во нејзината вистинитост.
Извори на информации: Во текстот коректно се нотираат изворите. Тезата дека македонската реалност е таква што „големата партизација на општеството придонесува функционерите да одговараат само пред партијата што ги поставила, а не пред јавноста“, е поткрепена со изјавите на двајца аналитичари:
„преземањето морална одговорност е едно од непишаните правила на демократијата. Сепак, таа никогаш не била на цена во Македонија во изминативе две децении, а се чини дека сега е дополнително во пад.“
„Мора да се преземе сеопфатна општествена акција за враќање на моралот, за да може да да бараме морална одговорност од некого.“
Содржајност: Со консултирањето на соодветни извори авторот успеал да ѝ даде целовитост на темата.
Пристрасност: Во написот на може да се забележи некаков вид на пристрасност, туку објективно констатира една состојба на „ерозија на моралот“ и оправдано го поставува прашањето за изостанување на морална одговорност кај носителите на политички и јавни функции.
Коментирање: Коментаторските елементи се користени одмерено и професионално, повеќе како констатации и наративен дел при пренесувањето на изјавите на соговорниците.
Оригиналност/Плагијат: Автентичен новинарски текст со потпис на авторот и негова фотографија.
Квалитет на насловот: Насловот ја содржи поентата на текстот и е во одлична композција со поднасловот.
Фотографија: Текстот е илустриран со две фотографии. Централаната фотографија, на која е прикажана девојка која со двете раце делумно го покрива лицето, може да ја долови главната поента на написот. Но, помалата фотографија на која се гледа како некој разговара на мобилен, не е умешно одбрана.
Заклучок: Новинарски добро спакуван производ со убав приод и содржина, пишуван во лесен и разбирлив стил. Ставовите на двајцата соговорници ја потврдуваат оправданоста на отворањето на темата во актуелниот политички момент и одат во прилог на заклучокот на текстот:
„Причините за непонесувањето политичка одговорност може да се бараат и во ниското ниво на политичка култура, високиот праг на толеранција во општеството и отчетноста пред партијата, а не пред граѓаните.“
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не покажува наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови