verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Мода на митинзи – кампања со стил!

on 24 - 04 - 2014       

04232014-Moda-Vecer-crop-resize

Една занимлива тема која, секако, може во голема мерка да го предизвика љубопитството на читателите е упропастена. Модните концепти и детали, како стајлингот на политичарите за време на изборната кампања е навистина интересна тема, доколку се направи неутрално, непристрасно и со соодветни стручни експерти кои ќе го поврзат имииџот на политичарите со нивните личносни особини, политички програми и чувство за комуникација со јавноста и на овој начин. Се разбира, треба да се биде внимателен за да се избегне медиумскиот упад во приватноста и да се издвои битното од небитното, релевантното од безначајното и да се остане во политички коректниот контекст.

Ништо од ова погоре не е испочитувано во новинарскиот текст што го рецензираме. Упропастена е една добра новинарска приказна само заради потклекнувањето пред искушението да се промовираат со позитивен предзнак партиските кандидати само на една партија, а оние другите да се стават во негативен контекст. И во оваа прилика потсетуваме дека и кога се пишува за  мода за време на изборните кампањи, мора да се почитува членот 14 од Кодексот на новинарите:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

04232014-Moda-VecerЛинк до оригиналниот напис: Мода на митинзи – кампања со стил!

Датум и време на објавување: 23.04.2014

Датум на рецензирање: 23.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Еве како непотпишаниот автор на овој текст ги става во негативна конотација политичките лидери на опозицијата:

„Радмила Шеќеринска која е позната љубителка и колекционерка на дизајнерска облека оваа кампања во која најавуваат ’враќање на средната класа’ и во овие неколку недели не се воздржа од омилените чанти и чевли со потпис.”

Се препознава иронијата и сарказмот со користењето на постојано повторуваните мантри за „средната класа“, за „ омилените чанти и чевли со потпис“.

За разлика од иронијата во контекстуализирањето на опозициските политичари, нексриена е афирмативната приказна за политичките претставници на владејачката партија:

„Општа констатација е дека заедно со Шеќеринска, модна икона во политичките кругови е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Таа секогаш внимава на гардеробата, но и на деталите – на марамите и уникатниот накит кој умее одлично да го носи. Министерката и во оваа кампања, покажа како нејзиниот препознатлив елегантен стил може да се носи и во малку поспортска варијанта. Првата полицајка Гордана Јанкулоска неретко избира класика, и покрај тоа што на средбите со граѓаните се одлучува за полежерен стил.”

Врв на авторовиот придонес за модниот стајлинг на политичарите во кампањата е анализата за виолетовата боја со која е обоена кампањата на СДСМ. Авторот без никакви огради и без никакво наведување за експертски извор за значењето на боите го наведува овој „брилијантен заклучок:

 „Виолетовата боја, според познавачите, означува луксуз, мудрост, богатство и префинетост и мистицизам, но и претерување, неумереност, бес и лудило.”

Што да се каже на ова? Навистина што, освен да се наведе дека на интернет ако изгуглате „purple“ ќе добиете стотици различни толкувања за значењето на виолетовата боја. Не треба да се биде премногу остроумен за да се сфати зошто овој текст го наведува само овие карактеристики за виолетовата.

Колку за споредба, еве една друга псохологија на оваа боја: сензитивност, сочувствителност, некој што покажува разбирање и дава подршка, нежен и слободен дух, спокојност и достоинство, креативност, интуитивен, дарежлив, одговорност…

Експертите се приказна за себе што постојано се повторува: ем се анонимни, ем социолози чија експертиза се состои да кажат дека политичарите се трудат да не бодат очи, а целиот текст се потпира на примери кои авторот ги издвојува како баш такви.

И на крајот, но не најмалку важно: Зошто овој текст не е потпишан кога веќе во него се препознава авторски пристап?!? Некој се срами од овој текст?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

Делумно

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести