verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Младоженецот се спасил во последен момент – нови детали за сообраќајката кај Рампа

on 21 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

02-Firefox_Screenshot_2013-10-19T08-22-44-crop-resize

Оваа рецензија има за цел да укаже на тоа како една умерена и одмерена новинарска сторија со наслов „Кобниот пат од Капиштец до Кисела Вода“ во еден наш печатен медиум (објавена и на електронското издание на медиумот), се претвора во сензационалистички во друг онлајн медиум и, соодветно да потсети на погубноста од феноменот копи-пејст новинарство кое го преплави македонскиот интернет простор, како и на уште една – можеби и поважна работа – дополнителната траума на жртвите и на најблиските на жртвите од новинските написи кога се известува за трагични настани.

02-Firefox_Screenshot_2013-10-19T08-22-44Линк до оригиналниот напис: Младоженецот се спасил во последен момент – нови детали за сообраќајката кај Рампа

Датум и време на објавување: 15.10.2013

Датум на рецензирање: 17.10.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Кога станува збор за вистинитост, новинарските текстови што известуваат за трагични настани предизвикани од неочекувани причини, природни катастрофи, сообраќајни несреќи и слични, во првиот момент мора да бидат пишувани со голема воздржаност. Мора да се потпираат на неоспорни факти што новинарот ги видел на лице место, или што ги собрал од извори кои се непосредни сведоци. Сето друго е шпекулација, се’ додека официјалната истрага и овластените експерти не ги соопштаат нивните сознанија. Во вакви случаи, каква што е трагичната сообраќајна несреќа за која пишува текстот што го рецензираме е крајно штетно од повеќе аспекти. За тие штети читајте во заклучоците од оваа рецензија.

Извори на информации: Со оглед на тоа што текстот е копи-пејст, изворот на информации е изворниот текст, но проблемот во текстот е што несоодветното контекстуализирање на изворите ги прави да бидат во служба на сензационализмот. Авторот не се потрудил да направи чекор повеќе од она што го добил „на тацна“ од преземената сторија.

Содржајност: Е, сега рецензентот на овој текст „има проблем“. Ако зборуваме за содржајност за преземениот текст, текстот што го рецензираме, ќе заклучиме дека тој нема содржајност затоа што нема ништо ново, посеопфатно и само ги преџвакува на сензационалистички начин одделните елементи од оригиналниот текст за од нив да направи „читана“ сторија. Овде мораме да напоменеме дека оригиналниот текст под наслов „Кобниот пат од Капиштец до Кисела Вода“ ги нема овие проблеми затоа што тој умерено и одмерено се навратил на трагичниот настан, почнувајки ја својата приказна со трагичната и траорна атмосфера во која се нашле нaјблиските на починатите неколку дена после несреќата. Во продолжение авторот на оригиналниот текст ја одмотува приказната наназад и прави реконструкција на настаните во кобната ноќ и на патеката по која се движел автомобилот. Завршува со сосема неутрална и одмерена констатација дека нивниот пријател, со кој заедно ја прославувале неговата претстојна свадба, заминал со друг автомобил. Во преземената сторија направена е инверзија и од неутралниот и сосема соодветeн крај на оригиналот и сензационалистички е изведен наслов и почеток на текст „… идникот младоженец во последен момент и побегнал на смртта...“ кој дополнително и уште еднаш создава болка кај пријателите и наблиските.

Коментирање: Администраторите на текстот што го рецензираме биле доволно доблесни да не коментираат, но она што го предизвикал нивниот текст така како што го „уредиле“, предизвикал коментари на посетителите на сајтот кои, секако, заслужуваат да се осврнеме на нив. Некој ќе рече дека тие се надвор од новинарскиот текст, но тое не е доволно за да се откажеме од вреднувањето зашто се предизвикани од текстот и затоа што со тоа стануваат составен дел од текстот. За нив важат дел од истите правила на уредување на новинарските текстовин и на другите содржини на еден интернет портал. Но, овој портал ниту има јавно објавени правила според кои се објавуваат коменатрите на сајтот, ниту пак, очигледно, нема, или не сака да има, контрола на коментарите што се преземаат од Фејсбук. Поради тоа, конкретно за текстот што го рецензираме, објавени се коментари кои „полемизираат“ со еден од родителите на момче што загина во несреќата и тој родител е изложен на крајно нехумани и под секое достоинство коментари. Тоа администраторот на овој сајт не смеел да го дозволи.

Колку за споредба, коментарите на изворниот текст, кој како што рековме е сосема умерен и води грижа за емоциите што би можел да ги создаде, предизвикал исто така умерени коментари.

Оригиналност/Плагијат: Како да се нарече е копи/пејст текст, освен плагијат. Кога се презема нешто од некој друг новинарски текст, се презема само НЕШТО, а не сѐ. Тоа се прави за да се засили некоја констатација или да се надополни СОПСТВЕНИОТ текст со информација која некој друг медиум упеал да ја добие. Сѐ понагласената практика во македонскиот онлајн медиумски простор да се „преземаат“ новинарски текстови станува погубна пракса на уредниците, или подобро, на администраторите во пижами.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички и неетичен зашто дополнително ги трауматизира оние што се најпогодени од трагичниот настан.

Фотографија: Преземени како и целиот текст.

Заклучок: Ова е уште еден пример на копи/пејст, или новинарството во пижами и уште една прилика да укажуваме на констатациите за овој феномен што беа објавени како лекција под наслов „Погубноста на копи-пејст новинарството“ на колегата Теофил Блажевски. Меѓу другото, во таа своја лекција Блажевски вели:

„Копи-пејст ’новинарството’ во Македонија, покрај другите причини, во основа се должи на извитоперената улога на интернет порталите кои … се трудат да емитуваат што поголем број вести на интернет, а со цел да остварат што поголем број „импресии“ и „кликови“, по што се нудат кај рекламните агенции, барајќи огласувачи и остварување на комерцијална добивка. Притоа, многу често, препишувачкото, во овој случај копи-пејст „новинарството“, наместо да ја остварува својата основна улога – вистинито информирање, тоа дезинформира или се служи со нецелосно и погрешно информирање“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нецелосно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

извор е друг медиум

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

несоодветни коментари на читателите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести