verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Мизо: Извозот во јули достигна 100 милиони евра

on 18 - 08 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Мизо Извозот во јули достигна 100 милиони евра-crop-resize

Главен проблем со овој текст е насловот. Тој е резултат на малку мислење и голема желба за пристрасност. Остатокот на текстот/прилогот не е проблем. Напротив, тој нѐ запознава со тоа до каде се новите најавени странски инвестиции и тоа и повеќе отколку што треба и отколку што би се очекувало во едни вечерни вести, до детали известувајќи за поединечни инвестиции, па дури и за датуми на очекуваните средби со менаџментите на странските инвеститори, но тоа може да се протолкува како уредувачка политика. Насловот, од друга страна, е посебна приказна.

Мизо Извозот во јули достигна 100 милиони евраЛинк до оригиналниот напис: Мизо: Извозот во јули достигна 100 милиони евра

Датум и време на објавување: 15.08.2014, 17:16

Датум на рецензирање: 18.08.2014

Рецензент: Владимир Петрески

Станува збор за транскрибирано интервју. Сервисот за проверка на факти во медиумите, по правило не рецензира интервуја, па и во овој случај нема да се задржиме на тој дел, односно на интервјуто како новинарски жанр, но овде имаме една посебна форма на транскрипција, каде што интервјуто е преработено во напис, при што се изоставени новинарските прашања. И во ваквата „креативна транскрипција“ трпи содржината, односно дел од содржината „се губи во преводот“, при што се изместува значењето на последниот пасус, од кој е направен насловот, кој, пак, не само што е изместен, туку е сосема неточен.

Кога на почеток ќе го прочитате насловот, ќе останете сосема збунети: „Мизо: Извозот во јули достигна 100 милиони евра“. Тука веднаш ќе почнат да ви се појавуваат прашалници. Како прво, ќе се запрашате од каде се познати податоците за извозот во јули, кои никогаш Државниот завод за статистика не ги објавува толку брзо, односно само две недели по истекот на претходниот месец. Потоа ќе се запрашате како Виктор Мизо ги знае овие податоци пред државната статистика. И на крај, ќе бидете изненадени од самата бројка – 100 милиони евра извоз се малку. За оној што ги познава бројките, сите овие прашања ќе бидат предмет на чудење. Инаку, според официјалната статистика, извозот во јуни (последен месец за кој има податоци) изнесува 400 милиони долари и тој е 7,5 отсто понизок од мај, а 11,9 отсто повисок од јуни 2013 година. Ќе ви треба да го прочитате целиот текст, но и тоа нема да ви помогне да сфатите за што станува збор, па ќе мора да го отворите видео прилогот и на крајот од последното прашање на новинарот да дознаете дека бројките се однесуваат само на извозот од технолошко-индустриските и развојни зони, а не на вкупниот извоз. Инаку, бројките за овој извоз од технолошко-индустриските развојни зони не се објавуваат никаде, не го објавува ни владата, ни државната статистика, ниту надлежниот орган, дирекцијата на овие зони и овие податоци се непознати, а покрај тоа се и нови со оглед на тоа што странските инвеститори во ваквите зони се неодамнешен феномен. Настрана, пак, фактот што бројките за увоз и извоз никаде не се објавуваат во евра, туку исклучиво во долари за да можат да се прават споредби, но тоа е друга приказна.

Искушението да се биде пристрасен овде било преголемо и не се издржало. Многу се сакало да се искористи оваа заокружена бројка која на прв поглед звучи импозантно – „100 милиони евра“ и таа да се искористи за да се покаже раст на целиот извоз, но без да се знае дека тој месечно изнесува далеку повеќе, односно дури 400 милиони долари. Веста потоа е преземена од другите портали со слична уредувачка политика и со тоа ефектот е постигнат. Оние читатели/гледачи кои нема да покажат толкаво трпение внимателно да го погледнат целиот видео прилог и кои не се поблиску запознати со статистиките од насловот, ќе помислат дека е постигнат некаков нов рекорд, но оние на кои им се познати бројките или ќе останат збунети ако не се трпеливи или мал број од нив внимателно ќе го прегледаат видео интервјуто пред да им стане јасно за што станува збор, истовремено чувствувајќи лутина заради изгубеното време неопходно за да се осознае што значи неточниот наслов.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

и веродостојни и неверодостојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно, освен во насловот

нема извртување на вистина (спин)

нема, освен во насловот

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целсно копија (преземено интервју)

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести