verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецелосна и искривена слика на средношколските протести

on 15 - 04 - 2015       

Местото-на-учениците-е-во-училница-www_novamakedonija_com_mk_vest4-crop-resize

 

[Рецензија: Местото на учениците е во училница]

 

За прашања од јавен интерес, за кои во општеството постојат различни мислења, новинарот, доколку сака да направи објективен, коректен и содржаен новинарски производ, треба да ги чуе двете страни. Во овој случај тоа не е направено. Направен е спин во полза на владините политики, со едностран поглед на општествениот проблем. Притоа, комплетно е елиминирана втората страна и мислењето на Народниот правобранител, кој со своето официјално писмо до министерот за образование дава корисни сугестии во врска со средношколските протести.

Текстот има и заканувачки и наредбодавен тон и кон учениците и кон наставниците, со што медиумот зазема страна и ги прекршува начелата на Кодексот на новинарите на Македонија.

FireShot Screen Capture #090 - 'Местото на учениците е во училница - Нова Македонија' - www_novamakedonija_com_mk_NewsDetal_asp_vest=4Линк до оригиналниот напис: Местото на учениците е во училница

Датум и време на објавување: 9.04.2015

Датум на рецензирање: 14.04.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ГЛАВА В ПЕСОК

Дадена е нецелосна и искривена слика на средношколските протести. Обвинети се и учениците и наставниците што ги поддржуваат нивните активности и се апелира на строга послушност кон правилата, кои, очигледно, не им се допаѓаат на учениците и на дел од професорите. Медиумот сугерира беспоговорна покорност кон возрасните и почитување на нивниот авторитет и кога не се во право и им забранува на учениците да се вклучат во донесување одлуки за политиките што директно ги засегаат.

Селектирајќи ги соговорниците кои ја застапуваат само едната страна, го премолчува мислењето на учениците и на дел од професорите, не им дават право на младите да го искажат своето мислење, прави од нив заморчиња кои треба да се посветат само на учењето и на послушноста. На непослушните им се упатени и заканите.

„Училиштето е установа со воспитно-образовна дејност. Тука се одржува настава, а не бојкотирање. Нашите соговорници информираат дека водат комплетна евиденција за сите отсуства на учениците, но и на професорите и потсетуваат дека секој ќе преземе одговорност за своето однесување. На родителски средби им укажуваме на родителите да не дозволат нивните малолетни деца да бидат злоупотребувани и дека имаат должност да го почитуваат куќниот ред на училиштето. Ги потсетуваме дека, додека траат часовите, местото им е во училница, а не на друго место.“

 

СКРИЕНО ПИСМО НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Функцијата на медиумите е да ја отворат и поттикнуваат расправата за прашања од јавен интерес. Тоа подразбира дека и на втората страна, во овој случај учениците, наставниците и тие што ги поддржуваат или се свесни за проблемот кој постои, треба да ѝ се даде шанса да го искаже своето мислење. Во текстот потпишан со полно име и презиме на авторот, целосно е игнорирана реакцијата на младите, која е резултат на општествениот контекст во кој живееме.

За да биде содржаен, текстот требало да се осврне и на креативноста, мотивацијата, храброста, посветеноста, ненасилните начини на отпор и обиди за вклученост на средношколците во донесување одлуки за политики што директно ги засегаат.

Отворено ставајќи се на страна на оние кои со закани, нарушување на човековите и на детските права се обидуваат да ги задушат средношколските протести, медиумот го игнорира и мислењето на многу значајна институција во општеството, каква што е Народниот правобранител, кој упати отворено писмо до министертот за образование во кое сугерира да се сослуша и втората страна и да се пронајде ненасилен модалитет за решавање на проблемот.

„Во ниту еден случај не смее да се заборави дека учениците се директно засегнати од реформите во воспитно-образованиот процес, кој влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност. Воведувањето реформи во образованието и начините на нивна реализација без консултирање, комуникација и дијалог со младите вклучени во образовниот процес, придонесува истите да се чувствуваат непотребни и неважни, иако овие промени се однесуваат на самите ученици и тие ги чувствуваат последиците од истите. Поради тоа, надлежното министерство сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина, да ги почитува како субјекти, и во разговор со нив да ги слушне нивните размислувања во однос на реформите во образованието.“

Не е испочитуван основниот принцип на однесување на новинарите кој прозлегува од Кодексот:

…Новинарот ќе ги брани човековите права, достоинство и слободата, и ќе го почитува плурализмот на идеите и на ставовите…

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести