verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: МЕГАСКАНДАЛ: Заеви стојат зад аферата со затруени краставици

on 19 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

nntt-crop-resize

Основниот проблем во овој текст е тоа што во моментот на неговото објавување нема потврда дека фирмите за кои детално се  елаборира дека се на семејството Заеви, се всушност и фирмите кои се вмешани во случајот со зеленчукот кој е хемиски третиран повеќе од дозволеното. Лоцирани се Државниот инспекторат за земјоделие и Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежни да ја потврдат оваа информација и добро е што оттаму се бара реакција, но, сепак, не е добиена потврда. Порталот во случајов користи изводи од Централниот регистар кои се веродостоен извор за сопствеништвото на компаниите во Македонија, но не го задоволува минимумот на веродостојност за тоа дека токму фирмите за кои елаборира се и оние што се вклучени во производството и увозот на краставиците. Оттука се поставува и прашањето на транспарентноста од страна на институциите и зошто тие не откриваат пред јавноста кои се фирмите што учествувале во зделката со краставиците. Ова е податок од јавен интерес.

nnttЛинк до оригиналниот напис:  МЕГАСКАНДАЛ: Заеви стојат зад аферата со затруените краставици

Датум и време на објавување: 15.11.2013; 13:49:22

Датум на рецензирање: 15.11.2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Иако авторот се потрудил да добие потврда од релевантните институции за тоа дали фирмите за кои тврди дека се во сопственост на Заеви и за што приложува докази, се истите фирми кои се производители на зеленчукот, сепак, таа клучна информација недостасува во текстот. Се докажува со документи дека сопственичката структура на двете фирми е поврзана со семејството Заеви, но не и дека тие фирми се поврзани со производството и извозот на зеленчукот.

Извори на информации: Официјалниот извор на информации се изводите од Централниот регистар, а останатите наводи во текстот се темелат на сознанија од анонимни и неофицијални извори.

Содржајност:   Написот е содржаен во поглед на сопствеништвото на двете фирми, но, сепак,  нецелосен поради тоа што нема доволна поткрепа на информациите дека тие фирми се вмешани во случајот со зеленчукот кој е хемиски третиран повеќе од дозволеното. Позитивно е што во согласност со Законот за заштита на личните податоци се прикриени матичните броеви на сопствениците од изводите во Централниот регистар.

Пристрасност: Може да се почувствува дека политичката заднина на Заев е иницијална причина поради која во фокусот на вниманието е неговата семејна релација со оние за кои авторот тврди дека се сопственици на компаниите. Тоа може да се увиди од коментарот:

„Оваа мега афера која ја потресе земјава, но и Балканот, го покажува опасното и скандалозно однесување на Заеви. Ваквото работење во земјоделието го загрозува здравјето и безбедноста на луѓето и нанесува тежок удар на имиџот на државата и македонскиот аграр.“

 Коментирање: Коментарот треба да биде јасно издвоен од информацијата, односно веста. Авторот го генерализира однесувањето на Заеви како опасно и скандалозно и покрај тоа што недостасува основната потврда дека токму посочените фирми се поврзани со извозот на зеленчукот.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е изворно создаден во редакцијата и не е плагијат. Зад него според потписот стои редакцијата.

Квалитет на насловот: Насловот содржи доза сензационализам поради зборот „мегаскандал“. Се добива впечаток дека авторот се труди да го претстави како мегаскандал сопствеништвото на физички лица врз фирмите, а не самиот проблем, односно тоа дека постојат корнишони кои содржат поголемо количество пестициди од предвиденото.

Фотографија: Фотографиите се соодветни и нетенденциозни и претендираат да го илустрираат извозот, како и изводите од централниот регистар. Текстот содржи документи во кои се почитува Законот за заштита на личните податоци, односно се прикриваат матичните броеви на поврзаните со фирмите.

Заклучок: Текстот би бил целосен кога авторот би добил и потврда дека фирмите, чие „сопственичко дрво“ го елаборира, се истите оние кои се поврзани со производството и извозот на зеленчукот. Без оваа информација под знак прашалник се става тоа колку институциите се транспарентни. Текстот содржи квалификации на новинарот односно коментари кои се лично мислење и не се поткрепени со никаква доказна аргументација, како, на пример, тврдењето дека земјоделието во Македонија трпи лош рејтинг поради Заеви. На неофицијални извори се темелат и тврдења чија веродостојност во текстот е многу значајна, како, на пример, тоа дека зеленчукот бил изложен на хемикалии пет пати повеќе од дозволеното, како и тоа дека самата хемикалија воопшто не била наменета за видот зеленчук за кој се говори во текстот. Ова се сензитивни информации кои доколку не се проверат добро од повеќе извори, може да предизвикаат паника кај населението.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и недокажани

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести