verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Маврово може да биде избришано од картата на национални паркови

on 21 - 01 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

mavrovo-0099880076-09800-crop-resize

Техничката неусогласеност на прилогот емитуван на програмата на телевизијата, со оној поставен на веб-страницата, е повод да се рецензира овој текст. Она што станува јасно откако ќе се погледне прилогот на веб-страницата е дека новинарот консултура поголем број извори, поблиску ја лоцира нивната професија, но во видео-материјалот е испуштено да се напишат нивните имиња и институцијата од која доаѓаат. Ова ја отвора и темата за потребата од постоење  доработка и адаптација на содржините емитувани на телевизија, кога тие се презентираат на интернет.

mavrovoЛинк до оригиналниот напис: Маврово може да биде избришано од картата на национални паркови

Датум и време на објавување: 14.01.2014, 23:54

Датум на рецензирање: 15.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Доколку овој медиумски производ се презентираше како текст, без придружниот видео-материјал, читателот со право ќе се запрашаше кои се ескпертите и екологистите споменати во текстот, бидејќи ги нема нивните имиња ниту организации. Причината за ова е начинот на пишување на прилогот (телевизиски), кој потоа не е доработен за на веб. Исто така, техничката неусогласеност на прилогот за на телевизија и за на веб, прави проблем во врска со тоа што не се напишани ниту имињата, ниту невладините организации од каде доаѓаат експертите. Ова е збунувачко за читателите.

Извори на информации: Кога се креира содржина за веб, треба да се знае дека овој медиум се разликува од телевизискиот и бара посебен начин на пласирање на темата. Проблемот би бил решен со едноставна и кратка доработка на веќе објавеното на телевизија. На пример, во текстуалниот дел, новинарот можел да ги допише изјавите од изворите заедно со нивните имиња. На тој начин, дури и кога во видеото не би се појавувале имињата на изворите (како што е во случајот), сепак, читателот би можел да се информира за нивната релевантност од текстот. Техничката можност на телевизијата да ги емитува на телопи имињата на изворите, кога вестите се емитуваат во живо, не го ослободува медиумот од обврската содржината што ја пласира за традиционалните медиуми да ја доработи за на веб, кој е посебен медиум. Доработките треба да  се во функција на полесно восприемање на содржината за читателите во моментот кога тие се информираат.

Содржајност: Доколку читателот не го гледа видео-материјалот откако ќе го прочита текстот, може да се соочи со потешкотии во однос на релеваноста на напишаното. Во текстуалниот дел не се напишани изјавите ниту имињата на изворите кои се атрибуираат како експерти и екологисти. Консултирани се, условно кажано, „двете страни“ и експертската и официјалната од Министерството.

Квалитет на насловот: Насловот е коректен и наметнува дилема, поточно актуелизира прашање кое  е од значење за граѓаните. Освен тоа, насловот остава простор за читателот да посака да провери зошто Маврово може да биде избришано од картата на национални паркови, односно поради која причина.

Фотографија: Фотографијата е прикладна, општа и информативна и го илустрира подрачјето на кое се однесува текстот. Она што привлекува поголемо внимание е видео-материјалот, покрај кој фотографијата е второстепена.

Заклучок: Веб-страницата и телевизијата се различни медиуми па согласно на тоа и потребите на двата медиуми налагаат да се креираат различни содржини за двете различни платформи. Ова може да наликува на повеќе работа, но тренд е на веб-страницата и телевизиската станица да функционираат како посебни редакции, токму поради потребите на двата вида медиуми, кои се разликуваат. Значи, не може прилогот само да се земе од архивата и бланко да се постави на веб, без да се доработи, исто како и текстот. Во случајот имаме содржински многу квалитетен текст во кој новинарот успеал да искомуницира со многу извори и да ги пренесе нивните ставови, меѓутоа, тоа е обезвреднето поради техничката неусогласеност што ги остава гледачите и читателите без имињата на изворите и организациите од каде тие доаѓаат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

аноними

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *