verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Македонска новинарка ја покажа тангата

on 17 - 08 - 2014       

aaanoi-09876-0980077-crop-resize

Пред нас се наоѓа рециклирана фотографија, објавена пред половина година, која се користи како основа за да се пласира крајно сензационалистички текст на кого му недостасува новинарска вредност. Освен тоа, не гледаме никаков јавен интерес во објавувањето на нечии приватни фотографии, „позајмени“ од Фејсбук, без повод и причина, независно од датумот. Ни жанровски написот не припаѓа на „фото-вест“ зашто веста по дефиниција е нешто ново и информативно. Тука го нема ни новото, ни информативното.

Напротив, се остава впечаток на вулгарно и сексистичко изложување на коментари на девојка, чија професија на ниеден начин не може да се поврзе со нејзиниот задник.

aaanoi-09876-0980077Линк до оригиналниот напис: Македонска новинарка ја покажа тангата

Датум и време на објавување: 11.08.2014, 20:33

Датум на рецензирање: 14.08.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Од фотографијата не може да се види ликот на девојката, па оттука, нејасно е како се тврди дека на таа фотографија е новинарката за која се пишува. Дури и таа навистина да е на фотографијата, прашање е зошто нејзината приватност преку сексистички коментари се изложува на очиглед на јавноста?

Категоријата „извор на информации“ е непостоечка за ова писание. А, и што би ја прашале новинарката кога би ѝ се јавиле? Од аспект на содржината, станува збор за три реда текст со стереотипи и сензационализам и една фотографија, што е стара и прастара.

Се остава впечаток на пристрасност токму поради тоа што не е јасно зошто оваа фотографија заслужува да биде објавена, кој е јавниот интерес од тоа.

Особено не е за занемарување ефектот и последиците за личноста што се инволвира. Дали на било кој редакциски колегиум во традиционален медиум, би можело да „помине“ овој предлог. Да замислиме дека новинарот доаѓа на колегиум во редакција и вели: Денеска сакам да пишувам за ланска фотографија на наша колешка на која не ѝ се гледа ниту ликот. Уредникот би прашал, кој е поводот за сето тоа? Кој е јавниот интерес? Што е поентата?

И таквата фотографија заради угледот на медиумот, никогаш не би се нашла на насловна страница или во вести на телевизија. Едноставно, вакво нешто не е за објавување! Обидот да се направи паралела дека „задникот е добар“ зашто „таа е спортска новинарка“ е несериозен.

Ако некој е спортски новинар, тогаш неговата работа подлежи на будното око на јавноста, а не неговото тело. Од каде му на медиумот право за тоа? Значи ли тоа дека секој може да копа по фотографиите на Фејсбук од плажа, од семејството, од децата, од кафе пиењата на новинарите и да собира кликови? Чуму сето тоа?

И повеќе од јасно е дека сензационалистичкиот пристап, каде воопшто предвид не се земени ниту новинарските стандарди за тоа што е „вест-вредно“, ниту начинот да се пласира жолтата информација, отвора етички прашања и заслужува осуда. Зашто, ако тоа не е така, тогаш секому утре ќе може да му се „соголува“ приватноста, зашто некому му текнало.

Секогаш кога пред новинарот се наоѓа дилемата дали нешто е вредно за објавување или не, водилката е одговорот на прашањето – зошто го прави тоа. Она што се нуди на досег на публиката, за себе ја има прикачено и етикетата „одговорност“. Во овој текст, таа етикета се загубила при процесот на производство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нема

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

фотографијата е основа за неоснованиот текст

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести