verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН

on 2 - 10 - 2014       

Cern_NM_09876-0980808-crop-resize

Неодамна беше одбележан 60-тиот роденден на најзначајната научна институција во Европа – ЦЕРН, сместен во близина на Женева. Иако за ЦЕРН секогаш има што да се говори и пишува, само во овој текст е одбележан роденденот и тоа на најдобар начин – преку разговор со нашиот најистакнат претставник онаму каде „потешко се влегува отколку во НАТО и ЕУ“, како што ќе рече во далечната 2006 година соговорникот д-р Златко Димчовски. Покрај тоа, написот е покриен и со многу други факти – за самот ЦЕРН, други Македонци таму, за она што научниците ги држи на собир таму…

Cern_NM_09876-0980808Линк до оригиналниот напис: Македонец меѓу повлијателните научници во ЦЕРН

Датум и време на објавување: 29.09.2014

Датум на рецензирање: 30.09.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„ЦЕРН овозможи огромен број нови технологии: највисок вакуум, онлајн-компјутинг и ИТ, најниски температури, најсилни суперкондуктивни магнети, највисок напон, а соодветно на тоа и највисоки енергии, применети во медицината и во многу други области. Тука се роди и Интернетот, кој несомнено е најголемата технолошка револуција во историјата на човештвото, вели проф. д-р Златко Димчовски, кој веќе 45 години е дел од научниот тим на ЦЕРН“ – стои во воведниот дел на овој напис.

Случајот Димчовски за изминатите 45 години, колку што тој е таму, секако помалку привлекувал внимание отколку кога е прашањето за придонесот на другите научници во земјава, а да не се говори за другите јавни личности. Нека не ни биде замерено, бидејќи ќе излеземе надвор од рецензијата, ама за овој човек најмногу се пишуваше кога основаше политичка партија (Македонска иднина) во 2006 година.

Овој напис најпрвин, треба да се потенцира, пополнува значајни дупки во сознанијата, како за науката и активностите во нивни рамки, така и за поединците кои стојат зад тие активности кои толку силно ни го менуваат секој ден од нашиот живот.

Значајно е што овој напис укажува дека Димчовски одбранил два докторати, дека два пати е предложен за Нобелова награда… дилема е дали за тоа го знаат дузина читатели на било кој весник! Не се знае ниту дека тој како професор по нуклеарна физика предава за вештачката интелигенција и биомедицината на универзитетите во Њујорк, Гренобл, Женева, Лозана, Лион и во Пенсилванија, како и на многу други катедри во светот.

Доаѓаме до она што медиумите го имаат атрофирано кај себе: потребата да го одделуваат важното од неважното во мозаикот на дневни вести и сознанија.

Токму Димчовски бил единствен претставник на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на Швајцарското биро за патенти (поврзано со кариерата на Ајнштајн) од армијата научници на ЦЕРН, кога ја претставил првата реконструкција на туморална маса добиена со бомбардирање канцерогени клетки (составени и од протони) со поток на антипротони, што првпат беше овозможено во неговиот институт.

Можеби за ваков вид на рецензии е претерано да се влегува во детали од текстот, но авторката на еден популарен начин – тоа е третата димензија на текстот – ја третира науката и таа станува блиска и што е важно, многу практична и неопходна во многу области, па и заради чувањето на човечкото здравје и живот, иако навидум се работи за здодевни експерименти.

Впрочем, денес сите земји на планетата користат Интернет. ЦЕРН го немаше денешното искуство со патенти, па оваа за тоа време „low level“ иновација отишла од кај нив без финансиска компензација. А, светската јавност со ЦЕРН единствено го поврзува со малку разбирливата физичка мини-супстанца: Хигсовиот бозон.

Ниту пост фестум ниту еден наш медиум не го обележа роденденот на институцијата која собира 5.000 научници и троши преку 2 милијарди евра годишно буџет. Написот кој го рецензираме само на миг потсетува на старите, добри вредности на новинарството.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести