ТВ-прилог против празничните порции страв
Објавено во Рецензии
on 8 - 08 - 2015 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: Ловџиско медиумската паника во Липково]
Почетокот на тридневниот продолжен празничен викенд за малку можеше да се претвори во неодамна видена траума, кога многумина граѓани се исплашија за својата безбедност. По јавување на малку познатиот портал со карактеристично име „Фронт“ во раните утрински часови на 1 август, дека на подрачјето на Липковско и, пред сè, околу Ваксинце полицијата презела акција на чистење, веста или „веста“ ја презеде најгледаната телевизија кај нас „Сител“, а од неа многу бројни портали и дури сериозни медиуми! И викендот беше на работ да се претвори во непријатно исчекување – за ова се говорело на плажите, излетничките места, во кафеаните каде се собираат саботните друштва…
Линк до оригиналниот напис: Ловџиско – медиумска паника во Липково
Датум на објавување: 01.08, 2015 – 18:18
Датум на рецензирање: 05.08.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
„Утринава на повеќе информативни портали осамнаа наслови како: „Антитерористичка акција на МВР во Слупчане и Ваксинце“, „Паника во Куманово“, „Акција за разбивање терористичка група“. Првичната информација дека во Липково има оружен судир беше лиферувана на приватен Фејсбук профил, а потоа преземена од дел од онлајн медиумите. Сепак, по неколку часа информациите беа демантирани и беше објавено дека пукотниците кои се слушале во Слупчане и Ваксинце биле од ловџии.“
Исклучок од правилото на лесно „лепење“ на медиумите за теми од „одбраната и заштитата“ направи колку што видовме само „Телма“, која појде од „правилото на службата“, а кое, пак, гласи дека кај вакви теми мора да се биде многу внимателен и се обиде не само да ја провери точноста на информацијата, туку и да направи своја тема за пладневните вести: што треба, а значат ваквите речиси редовни „празнични гоштевања“ на јавноста со порција страв?
Не беше тешко да се поразговара со градоначалникот на Липково. Впрочем, тој секако бил достапен и за другите, ама полесно е да преземеш макар и погрешна информација отколку да свртиш мобилен, особено кога редакциите се празнично пусти!
Посебна вредност на прилогот е разговорот со ветеранот-новинар Александар Чомовски, за кого целата ситуација е симптоматична, бидејќи, како што вели, во Македонија никогаш ништо не е случајно.
„Како на ловџиите од Куманово им текнало баш денеска во ризично подрачје да го почнат ловот? Во услови кога имаме апсолутно неуко новинарство кое никогаш не ги проверува фактите туку прави copy-paste врз основа на сврзани садови, многу ми е симптоматично што тоа е лиферувано преку владини медиуми, кои заговараат една ИСИЛ варијанта во Македонија или дестабилизација што би било „де факто“ обид за дефокусирање од внатрешните политички проблеми со кои се соочува власта, а пред сè премиерот Груевски, смета Чомовски.“
Порталот (или што и да е тој – на него има само реклама на една агенција за обезбедување!) беше во неколкудневен прекин, а потоа не им се ни извини „на корисниците“. Не се извини ниту „Сител“, само ја тргна веста од веб-страницата(!). МВР реагираше со четиричасовно задоцнување – изјавата на портпаролот Котевски дојде откако паниката веќе зеде замав.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
Се рабити за тв прилог, фотографијата е еден вид на стоп кадар
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови