verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Листата на делегати: Роднини и соработници на Црвенковски ќе бираат негов наследник

on 17 - 05 - 2013       

Што е потребно за да се стане „роднина“ на Црвенковски?

recenzija-listata-na-delegati-rodnini-i-sorabotnici-na-crvenkovski-kje-biraat-negov-naslednikЛинк до оригиналниот напис: Листата на делегати: Роднини и соработници на Црвенковски ќе бираат негов наследник

Датум и време на објавување: 08.05.2013, 19:37:20

Датум на рецензирање: 09.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Текстот на Нетпрес, кој содржи и листа на 200 кандидати за следниот конгрес на СДСМ, тврди дека меѓу нив има и роднини и соработници на Црвенковски.

Според авторот, како „роднини“ на досегашниот лидер се идентификувани еден братучед (Митре Вељаноски) и едно семејство за кое се тврди дека е „блиско до Црвенковски“ – недоволно за да се каже дека основната теза се темели на точни и веродостојни факти.

Извори на информации: Единствен извор на кој се потпира написот на Нетпрес е телевизијата Сител, позната како остар критичар на СДСМ и на Црвенковски.

Во секој случај, една телевизија не може да се смета за официјален и релевантен извор, од кого би се очекувало да лиферува список на делегати за партиски конгрес. Не е соопштено дали е направен обид да се консултира СДСМ, како засегната страна.

Содржајност: Веста е несеопфатна, затоа што од списокот од 220 имиња (објавени сите, крајно невообичаено), се избрани и искоментирани само неколку, со цел да се докаже тврдењето дека делегатите на конгресот се под контрола на досегашниот лидер на партијата.

Пристрасност: Централниот спин на текстот, мотивиран од очигледна наклонетост против најголемата опозициска партија, е тврдењето дека „лично Црвенковски и луѓето блиски до него ќе го изберат следниот лидер на СДСМ“.

Коментирање: Без посериозни аргументи, авторот коментира дека:

„За делегатите, очигледно, нема да биде најважна програмата за промени во СДСМ на кандидатите, туку нивната подготвеност да се носат со функцијата која ќе ја извршуваат во име на некој друг.“

Квалитет на насловот: Освен што не е оправдано тврдењето дека меѓу делегатите има „роднини“ на Црвенковски (наведено е само едно лице како негов братучед), манипулативен е делот од насловот кој вели дека меѓу нив има и „соработници“ на Црвенковски – човекот бил лидер на партијата и природно е голем дел од делегатите да биле негови соработници.

Говор на омраза: Тврдењата дека Тихомир Илиевски, поранешен директор на МРТВ, е „поставен токму од Црвенковски“ и дека извесен Пецо Стојановски од Велес е „познат како човекот на Бранко“ се навредливи, бидејќи директор на МРТВ се поставува во законска процедура, а нејасно е врз основа на што спомнатиот велешанец се „оцрнува“ како „човек на Бранко“.

Заклучок: Тезата пласирана во написот, според која делегатите на конгресот се „роднини“ и луѓе на Црвенковски, не е поткрепена со сериозни аргументи. Текстот е едностран и тенденциозен.

Рецензија: Листата на делегати: Роднини и соработници на Црвенковски ќе бираат негов наследник

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести