verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед!

on 16 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

9-09876-09800-crop-resize

Сензационализмот во теми за човековото здравје и третирање медицински состојби е неодговорен и штетен. Неговите крајни последици вклучуваат лажна надеж за илјадници пациенти, но и ризик пациентот да се поведе од објавеното и да ја откаже својата стандардна терапија. Кој му дава право на новинарот ова да го прави? Од каде тој ја црпи компетентноста за теми за кои човештвото уште нема одговор?

Не е етички медиумите да шират информации за медицински откритија кои шират лажна надеж.

9-09876-09800-002-finalЛинк до оригиналниот напис:  Лекарите во шок: Неизлечливиот рак целосно излечен со – мед!

Датум и време на објавување: 26.08.2014

Датум на рецензирање: 10.09.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Со каква леснотија се тврди дека ракот се лечи со мед! Се изнесуваат паушални и стереотипни мислења за медицината, па дури  и се обвинува дека „лекарите испраќаат пациенти на хемотерапија, за да ги уништат до крај“. Непотпишаниот и етички непоткован автор, со сензаионалниот напис може да предизвика сериозни последици. Објавувањето на информации за медицински откритија, кои не се клинички тестирани, е апсолутно недозволиво! Лекот мора да помине низ доволен број клинички студии за да може така да се нарече. Оттука, дека медот лечи рак не е факт. Особено не точен.

Анте Крешиќ, за кого во текстот се тврди дека се излечил од рак со мед, меѓу другото продава мед. Смее ли авторот на оваа рецензија да се посомнева во маркетиншки трик за зголемување на бизнисот? Зошто не се кажува на колку други луѓе им помогнал медот на Крешиќ?

Во написот се инсистира на давање лажна надеж и на дискредитација на медицината и на докторите. Се насетува анимозитет и обид за дисквалификување на лекарот како некомпетентен.

„При лечењето на ракот, важно е да се биде позитивен и без разлика што ќе ви кажат лекарите, да не потонете, туку да се борите со сите средства кои ви се на располагање. Сега тука е медот на сите лесно достапна благодет, како што се гледа, може да лекува луѓе со најлоши форми на рак – дури и тогаш кога ќе ви кажат дека немате уште многу“.

И покрај тоа што е наведен оригиналниот извор од каде е пренесен текстот, кој претставува дословен превод, сепак ова не е никаов исклучок од одговорноста за неодговорно напишаното. Како што често посочуваме, кога медиумот презема информација, тој е одговорен за неа исто толку колку што и оној што изворно ја објавува.

Кулминацијата ова неетичко шарлатанство ја добива во моментот кога се презентира и „лекот“, со упатства како да се конзумира, што, како што објавивме  и претходно, не е поткрепено. Доколку медицината се потпираше на изолирани случаи на подобрување за кое самиот пациент тврди дека настанале поради некоја состојка (во случајов мед) тогаш зошто воопшто ќе беа потребни клинички тестирања, студии, лабораториски проучувања? Освен тоа, никаде не е наведен изворот, односно таа е анонимна и ова е дополнителен аргуемент за и онака постоечката неверодостојност на „лекот“.

Во текстот се застанува на страната на надрилекарството, отворено и без задршка. Тоа го гледаме преку големиот број квалификации за медицинарите, во речениците.

„Но, нејасно е зошто тогаш масовно во светот, луѓето без поголеми проблеми ја надминуваат оваа опака болест со помош на природата и природните лекови кои модерната медицина никогаш нема да ги признае, се разбира природата не може да се патентира и како таква не е профитабилна“.

Како што веќе анализиравме, известувањето за медицината, мора да биде точно и сеопфатно.

Новинарот Гери Свицер кој повеќе од 40 години работи како новинар за известување за медицина и за здравство во своето истражување по двегодишно следење на 500 новинарски приказни за медицински теми, констатира дека новинарите во оваа област често не успеаваат во својата работа. Според него, известувањето за медицината и за здравството мора да биде точно, балансирано и целосно.

„Доколку известувањето е нецелосно, небалансирано или неточно, потрошувачите може да стекнат нереални очекувања и да имаат нереални барања за нивната здравствена заштита и нега, со што корисноста е мала или пак, може да биде и штетна“

За сензационалистичкиот и непромислен пристап, говори и информацијата што самите автори ја навеле, дека „откритието“ со медот му функционирало на пациентот пред 13 години. Со што тоа стана актуелно за објавување сега? Не е направена никаква анализа што се случува во полето на медицината и третирањето на канцерот во изминатите 13 години. Тука се мултиплицира надежта што производителот на мед им ја дава на луѓето што доаѓаат кај него во мака и безизлез.

Згора на сѐ, и насловот наведува на погрешно интерпретирање поради тоа што е напишан како сега да е откриен лекот за канцер и тоа во нешто што ни било цело време пред очи. Изолиран случај на подобрување (за кое медицината не дава експликација, туку имаме само сведочење на еден единствен човек), се претставува како решение на болест од која само во 2012 починале над 8 милиони луѓе во светот. 

Во книгата „Биди новинар“, Бранко Героски пишува:

„Некритичкото, сензационалистичко објавување на веста дека е пронајден нов лек против ракот на дојка може да предизвика лажна или прерана надеж кај илјадници жени. Многумина од нив ќе се изложат на непотребни трошоци обидувајќи се да го пронајдат лекот што допрва треба клинички да се испита. Некои од нив ќе ги прекинат своите терапии и ќе си ја влошат состојбата. Смееме ли тоа да го правиме? Освен тоа, не смееме да објавуваме факти за медицински, па и за други екепертски аргументи што може да предизвикаат неоправдан страв од широки размери“.

Токму ова е главната причина, зошто етиката и начелата на одговорното новинарство (кои во написот што го рецензираме се погребани), се од особено значење.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

промашена

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести