verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кумановка пробала да се лекува со туѓа здравствена книшка

on 1 - 08 - 2013       

Вовед: Новинарски полупроизвод кој е типичен случај кога „веста“ се претвора во нешто што наместо да информира, може да дезинформира и да го остави читателот со повеќе прашалници и чуденки отколку пред да ја прочита.
Текстот по својот жанр би требало да е вест, сместена во рубриката „црна хроника“. Но, за да биде вест и недостигаат дел од елементите на веста содржани во познатата формула за вест, 5+2 елемeнти, во случајов тоа е времето и изворот на веста.

FireShot Screen Capture #007 - 'Кумановка пробала да се лекува со туѓа здравствена книшка I МКД_мк' - www_mkd_mk_crna-hronika_kumanovka-probala-da-se-lekuva-so-tugja-zdravstvena-knishkaЛинк до оригиналниот напис: Кумановка пробала да се лекува со туѓа здравствена книшка

Датум и време на објавување: 31.07.2013, 12:52

Датум на рецензирање: 01.08.2013

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Во телото на веста се споменуваат неколку наводи што се пласирани како факти. Но, бидејќи никаде не се споменува изворот на наводите, не може да се утврди ниту точноста, ниту веродостојноста.

Извори на информации: Нема наведено ниту еден користен извор. Оттука може само да се констатира дека користениот/ите извор/и се еднострани.

Содржајност: Веста е несеопфатна и оттука можеби и прикрива некои информации

Пристрасност: Бидејќи недостасува изворот на информацијата, а не е направен напор преку други истражувачки техники да се дојде до посеопфатна информација, може само да се претпостави дека веста ја прикажува делумната вистина. Воопшто не може да се утврди дали има спин или лажни информации. Со оглед на тоа што веста е пренесена од анонимен извор (за кој, при нејзина споредба со сличните вести објавени на други портали, утврдивме дека е соопштение од полиција), тогаш може да се зборува и за наклонетост. Во случајот тоа би била наклонетост кон анонимниот извор на веста – т.е. државниот орган на управа.

Квалитет на насловот: Насловот информира дека некоја жена од Куманово се обидела да се лекува со туѓа здравствена легитимација, но де факто дезинформира, бидејќи споредбено може да се утврди дека жената од насловот е скопјанка, а не кумановка. Но, она што е поважно е дека информацијата во насловот не е суштината на веста. Суштината е дека таа жена добила кривична пријава поради тоа. Оттука, иако насловот е информативен, тој е некреативен и несодветен, зашто не информира за она што би требало да биде глава на веста – кривична пријава за користење туѓа исправа.

Говор на омраза: Во текстот се забележува дискредитација кон анонимна кумановка претставена со иницијали. Бидејќи нема извор, нема дополнителен напор да се објасни контекстот во кој тоа се случувало, нема втора страна, текстот може да се разбере како навредлив со цел да ја дискредитира анонимната кумановка, претставувајќи ја како сторител на криминално дело. Сето ова поради ненаведување на изворот.

Заклучок: Пред себе за анализа имаме текст кој жанровски е неоформен до крај, односно вест без сите елементи што треба да ги содржи веста, особено без најважниот во овој случај – изворот на информации. Редакцијата и авторот можеби и немаат интерес да ја истражуваат сторијата подлабоко, но секако професионално се обврзани да наведат дека веста што ја пласирале е соооштение од полициски билтен од МВР или СВР Куманово во случајот, по што на читателот би му било полесно да разбере зошто веста е еднострана и несеопфатна. Покрај тоа, текстот вака пласиран дезинформира, зашто, споредбено со другите портали кои ја пласирале веста, се доаѓа до заклучок дека кумановката и не е кумановка, туку скопјанка, т.е. жителка на Скопје.

Вака пласиран, без извор на информација, текстот може да содржи и спин и да прикрива вистина, но, сето тоа не може да се утврди, бидејќи е испуштен најважниот елемент во ваков случај – изворот на информацијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести