verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Косово ќе ги забрани звучниците на верските објекти

on 19 - 02 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

b1-0987-009988-kosovo-dzamii-crop-resize

Султан Ахмед џамија попозната како Сината џамија е изградена во периодот 1609–1616 година. Според податоците, нејзината градба ја иницирал султанот Ахмед по неуспешниот воен поход како негов знак за да го задоволи Бога. Џамијата е препознатлива по нејзините 6 минариња и сините плочки во внатрешноста по која и го добила „второто“ име. Се смета за еден од најрепрезентативните објекти на отоманската архитектура. Величенствена градба навистина и среќен сум што сум го имал задоволството да ја посетам. За оние кои не ја виделе треба да знаат дека треба да се „потегнат“ дури до Турција, а не до ближното Косово. Ќе прашате каква врска, кога зборуваме за Сината џамија, имаат Истанбул и нашиот северен сосед? Одговорот е никаква, ама во овој текст некој ја „утнал“ работата и кога зборувал за иницијативата на косовските власти за забрана на звучници на верските објекти, решил тоа да го илустрира со фотографија од една од најпрепознатливите џамии во светот, а која е лоцирана во Истанбул. Некој ќе рече мала грешка, но верувајте не е.

bЛинк до оригиналниот напис: Косово ќе ги забрани звучниците на верските објекти

Датум и време на објавување:  17.02.2014

Датум на рецензирање:  18.02.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Во овој сегмент би сакал да разделам два аспекта. Во првиот, да го наречеме текстуален, нема проблем со вистинитоста, бидејќи станува збор за информација коректно пласирана и поткрепена со соодветни извори. Но, вториот аспект, да го окарактеризираме како визуелен, бидејќи, сепак, станува збор за вест поткрепена со фотографија, има сериозен проблем со вистинитоста. Не може да се зборува за една ситуација во една земја и да се илустрира со град во друга земја, а меѓу нив барем 850 километри разлика. Што правиме ако имаме читатели кои не знаат, или не умеат, очигледно како и авторот на написот, да направат разлика меѓу Истанбул и Косово? Тогаш некои ќе помислат дека најмладата европска држава има излез на море! Значи, доаѓаме до заклучок дека ова е случај на водење на публиката во еден вид на фотоилустративна заблуда. Сумирано, подвоена вистинитост.

Извори на информации: Нема никаков проблем околу изворите. Јасно е наведено од каде е преземена основната вест, а во неа се наведени и прецизирани соговорници кои се надлежни за тематиката која се обработува во оригиналната информација.

Содржајност: Коректна е содржината и би рекол интересна и за нашата публика, имајќи предвид дека и во земјава неодамна се отвори прашањето за гласноста на одредени верски објекти во текот на редовните молитви.

Оригиналност/Плагијат: Текстот нема наведен автор, но и без тоа, според понуденото, се гледа дека е преземена агенциска вест.

Квалитет на насловот: Добар наслов, бидејќи ги исполнува главните функции: да извести, да истакне и да привлече.

Фотографија: Еве ја главната маана, вродениот дефект на овој текст, кој без тој недостаток би бил сосема солиден. Косово е земја која не излегува море и Косово засега нема толку голема џамија. Тоа се само некои од фактите. И аман, како можело да се направи превид и да стави една од најпознатите фотографии од Истанбул наместо пригодна „слика“ од некој град во Косово. Што, по читањето на написот, би кажале оние кои на почетоците на фото-новинарството рекле дека „Сликата е новото писмо во служба на светот“? Верувам не многу добри работи.

Заклучок: Навистина не гледам како би се нашло оправдување за ваков пропуст. Овде не станува збор за непознавање географија, вакви работи не поминуваа во основно училиште, туку за недостаток на општа култура. Како и да е, не е добро што „во ред вест, станала неуредна информација“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е агенциска вест

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

коректен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

претставува заблуда за публиката

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести