verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Колку чини телефонот на Нуран Изаири? (ФОТО)

on 8 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Tetova Sot - Sa kushton telefoni i Nuran Izairit

Големиот прилив на информации ги тера медиумите, особено тие на интернет, да се обидат да ја зголемат читаноста поставувајќи насловни конструкции што привлекуваат внимание и поттикнуваат љубопитност, за читателот да ја отвори веста. Се препорачува насловната констукција да поттикне љубопитност, но притоа не занимавајќи се со прашања што не се од јавен интерес.

Tetova Sot - Sa kushton telefoni i Nuran IzairitЛинк до оригиналниот напис: Колку чини телефонот на Нуран Изаири? (ФОТО)

Датум и време на објавување: 03.07.2015

Датум на рецензирање: 03.07.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Тоа што е навистина јавен интерес во веста што ја рецензираме е делот што се споменува многу малку, и тоа на почетокот на текстот, дека „… министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и со заменик-премиерот, Муса Џафери, извршија инспекција на работите за завршување на системот за водоснабдување на Тетово, со кој ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните на Тетово“. До тука веста има смисла и јавноста, особено граѓаните на Тетово, кои биле засегнати со овој проблем, ги интересира до каде е процесот за решавање на овој нивен горлив проблем.

Парадоксот почнува кога текстот се фокусира на едно друго, целосно неважно прашање, при што се вели дека „Тоа што паѓаше в очи, повеќе отколку водоводот на Тетово, беше телефонот на министерот Нуран Изаири“.

Бесмислен е наводот дека на еден важен настан за решавање на долгогодишен проблем на граѓаните, повеќе паѓа в очи „скапиот“ телефон на министерот отколку снабдувањето на граѓаните се вода. Во овој случај, текстот, бесправно, се фокусира на еден кадар кој можеби е фатен сосема случајно и го збунува читателот, кој не ги добива потребните информации за тоа како одат работите, до која фаза се стигнати, зошто беа присутни министерот Нурхан Изаири, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, и заменик-премиерот, Муса Џафери, на местото каде што се ивршуваат работите, кое е нивното мислење за одвивањето на работите и, она што сите сакаат да го дознаат, кога ќе заврши овој проект. Читателот повеќе би бил заинтересиран да се информира (или потсети) колку чинел проектот и други детали во врска со него. Телефонот на министерот, кој не може и најдобро да се види, претставува дефокусирање од главното прашање на веста.

Во написот се вели дека сликите се земени од службениот профил на Теута Арифи, со што се става до знаење дека новинарот не бил на местото на настанот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема факти

Нема наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести