verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Која е таа Дуња Мијатовиќ?

on 7 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Која-е-таа-Дуња-Мијатовиќ_-2013-11-06_15.55.50-crop-resize

Текстот “Која е таа Дуња Мијатовиќ?”, пред сѐ, почнува со навредлив наслов со кој овој текст се обидува да ја претстави претставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ, како неважна личност која се меша во внатрешните работи во Македонија и без никаква потреба ја коментира слободата на медиуми. Според текстот, Мијатовиќ е непозната личност во Велика Британија и покрај тоа што во оваа земја се воспоставува ново регулаторно тело за печатените медиуми, кое е закана за медиумската слобода.

 “Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите”

На почетокот мора да се каже дека во Македонија слободата на печатот не може воопшто да се доближи до британските стандарди, но текстот што го рецензираме смета дека и Македонија, како и Велика Британија, нема потреба од коментарите на ОБСЕ, но заборава дека во оваа островска европска земја ниту еден новинар не е во затвор и дека нејзината демократија обезбедува вистинска слобода на печатот. Мијатовиќ, во соопштението дадено како реакција на британското регулаторно тело, вели дека оваа земја со векови е на чело на слободата на печатот, па оттука да не гледа причина за ваква регулатива.

Нема сомнение дека британското ново регулативно тело треба да наиде на критика, но овој текст е обвинување за реакцијата на Мијатовиќ за Велика Британија и обид да се докаже дека нејзината функција е сосема непотребна и нема зошто Македонија да ѝ обрнува внимание.

Која е таа Дуња Мијатовиќ_ - 2013-11-06_15.55.50

Линк до оригиналниот напис: Која е таа Дуња Мијатовиќ?

Датум и време на објавување: 05.11.2013

Датум на рецензирање: 06.11.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Единствената вистина во овој текст е тоа што авторката се јавила во Велика Британија и разговарала со претставници од групацијата која е сопственик на британски таблоиди и чии што изјави најверојатно се точно пренесени, иако името на портпаролот со кој е разговарано не е дадено.

„Таа го задржа правото на нејзината корпорација да не се претстави, објаснувајќи ни дека такви им биле правилата за комуникација, но сеедно. Двата звучни британски весника воопшто не слушнале, ниту се заинтересирани за изјавите и функцијата на Дуња Мијатовиќ, околу која во Македонија ’се потресуваме‘.“

Остатокот на четивото е полно со манипулации чија што единствена цел е да ја дискредитира претставничката на ОБСЕ (а со самото тоа и институцијата) и да ги омаловажи нејзините реакции за пресудата на новинарот Кежаровски.

Извори на информации: Текстот е нервозна реакција за забелешките на ОБСЕ за Кежаровски. Изворот на информациите е неименуван портпарол, но сметаме дека не смее да се има сомнеж во тоа дека авторката на текстот со него навистина разговарала. Неговите изјави се употребени за да се потврди тезата на текстот за непотребноста на ОБСЕ во Македонија.

Содржајност: За содржајноста на овој текст може многу да се пишува, бидејќи тој е вистински пример за тоа како не смее да изгледа еден новинарски текст.

Авторката на текстот има соговорник од фирмата која е издавач на два весника, но не и со новинарите. Личноста, која во текстот е претставена како портпарол, најверојатно не е во директен контакт со новинарската работа, туку со комерцијалнот дел на медиумската активност, па е сосема разбирливо што не го знае името на Дуња Мијатовиќ. Мијатовиќ е функционер на ОБСЕ и нејзините реакции се ставови на институцијата за која работи, а не популарна ѕвезда која е позната во светот. Оттука, воопшто не е важно дали нејзиното име е познато или не, битна е суштината на реакциите на институцијата за која таа работи.

Дури и во овој текст и неговиот манипулативен и пропаганден контекст, пренесена е изјавата на портпаролката која вели дека за нив е многу важно да ја имаат поддршката на меѓународните медиуми за слободата на печатот во таа земја.

Очигледно е дека авторката смета дека Македонија е на исто ниво на слободата на печатот како и Велика Британија. Па, оттука наидуваме на повеќе делови во текстот каде што се тврди дека фактот што Дуња Мијатовиќ е непозната во оваа европска земја може да ни покаже дека критиките кон Македонија за „цензура во македонските медиуми“ не треба да се земаат сериозно.

Третманот на Македонија и Велика Британија од страна на ОБСЕ е еднаков. Институцијата реагира за секој проблем кој ќе се појави во Европа каде што слободата на медиумите може да биде загрозена. Но, авторката на текстот не успеала да ги најде соопштенијата на ОБСЕ посветени на нарушувања на слободата на медиумите во Велика Британија, па оттука деловите во текстот каде се говори за ова се неточни. Освен тоа, речникот на ОБСЕ во реакциите е секогаш умерен и дипломатски. Не може да се тврди дека сооштенијата се умерени за едни земји, а „дијаметрално спротивни“ за други како што тоа текстот го прави.

 И додека во Велика Британија е непозната личност, македонската јавност има можност во последно време, особено со актуелниот случај со новинарот Томислав Kежаровски, зачестено да ги слуша нејзините критики за ’цензура во македонските медиуми‘. За разлика од апелот до британските власти, кој е умерен и без значителни критики, пораките што неколкупати се испратени до властите во Македонија се дијаметрално спротивни.“

Текстот не наоѓа многу место да го објасни регулаторното тело кое беше оформено во Велика Британија и да прецизира дека не станува збор за закон туку за тело кон кое медиумите ќе можат да се придружат или не. Накусо, медиумите нема да имаат обврска да ги следат неговите упатства што се однесуваат на тужбите за клевета, откако земјата мина низ скандали од тој тип во последните години. Самите медиуми и владата минаа низ процес на дијалог за се донесе одлуката за ова тело. Не ни е намера да ја браниме позицијата на британската влада која е дискутабилна, но случајот на ова регулаторно тело не може да се споредува со нашиот случај на затворска пресуда за новинар, најави за донесување закон за медиуми и воопшто климата во која работат новинарите.

Пристрасност: Пристрасноста излегува од речиси секој ред на овој текст кој има за цел да ја дискредитира работата на ОБСЕ со областа на слободата на медиумите и да нѐ предупреди дека реакциите на Мијатовиќ не се објективни.

КоментирањеЦелиот текст е, всушност, еден вид коментар за улогата на ОБСЕ и неговата претставничка за медиуми.

Дискредитирачките придавки се употребени на повеќе места како на пример дека Мијатовиќ е „поддржувачка на ОБСЕ“, „прв пат слушаме за таква личност“ или „конкретната госпоѓа која за ’репресираните‘ македонски медуми е икона“ која не ѝ се допаѓа на авторката. И поднасловот на текстот зборува за „селективни реакции и двојни аршини“ кога ги опишува реакциите на ОБСЕ кон Велика Британија и Македонија.

Квалитет на насловот: Насловот е навреда за ОБСЕ и за неговата претставничка за медиуми. „Која е таа Дуња Мијатовиќ?“ е прашање од кое читателот извлекува заклучок дека се работи за лице кое е под секоја критика. Ако весникот сакал навистина да ја објасни улогата на Мијатовиќ насловот ќе бил „Која е Дуња Мијатовиќ?“. Личната заменка „таа“ и ја дава навредливата улога на насловот.

ФотографијаФотографијата на текстот е коректна и ја покажува Дуња Мијатовиќ пред „ѕид“ на печатени медиуми. Ќе си дозволиме да кажеме дека фотографијата е единствениот коректен дел од овој текст.

 Заклучок: Заклучокот на читателот, по читањето на овој текст, би требало да биде дека пресудата на Кежаровски и воопшто реакциите за слободата на медиумите се измислица на меѓународната заедница која нема што да ни каже на таа тема. Накусо – ингорирајте го сето тоа и читајте ги нашиот медиум кој ја има вистината в џеб!

Вистината е сосема поинаква. ОБСЕ е најголемата регионална безбедносна организација во која Македонија има свој амбасадор, па медиумите треба да ја почитуваат оваа институција. Ова не значи дека ОБСЕ треба да биде изземана од критики, но тие критики мора да бидат кредибилни и да се темелат врз факти.

Рецензираниот текст не нуди ниту еден аргумент и ниту едно кредибилно тврдење. Тој влегува во категоријата текстови во македонските медиуми каде што се бара најлесниот начин да се „фрли срам“ врз лице или институција кои си дозволиле да ја критикуваат политиката на владата. За жал, ова не е првиот текст од тој тип и најверојатно не е ни последен.

Конечно, да кажеме дека пишувајќи за сето тоа, авторката на текстот не се потрудила да ги консултира и медиумите како „Гардијан“ каде што добро знаат која е Дуња Мијатовиќ, туку се обратила кај таблоиди. Токму еден од новинарите на „Гардијан“ тврди дека новото регулаторно тело медиумите ќе го игнорираат и ќе продолжат да ја работат новинарската работа, практикувајќи слобода на изразување како што тоа во Велика Британија се прави веќе барем 300 години.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести