verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Кој е Петре Шилегов?

on 27 - 01 - 2014       

Кој е Петре Шилегов Република Online-crop-resize

Со наслов кој навестува „откривање на Америка“ и тајминг без повод и причина, овој текст не нуди ниту една нова информација.  Би било логично да се објави текст со слична тема во периодот кога партијата го промовира новиот портпарол, но од стапувањето на Петре Шилегов на портпаролското место во СДСМ поминати се повеќе од шест месеци. Основното пребарување води до текст на друг портал од каде што е преземен написот што го рецензираме и тоа со минимална адаптација и преработка, но со основниот корпус на изнесени податоци. Првичниот текст е објавен непосредно откако Шилегов е промовиран за портпарол. Половина година подоцна, логично се наметнуваат прашањата зошто токму во овој тајминг се објавува бајат текст и уште поважно, кој е јавниот интерес од кој произлегува неговото објавување?

Линк до оригиналниот напис: Кој е Петре Шилегов?

Датум и време на објавување: 21.01.2014, 12:24

Датум на рецензирање: 24.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост:

„Првата прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов беше на тема – кавга со новинари.“

Коментаторскиот пристап на стартот од текстот е во спротивност на членот 3 од Кодексот на новинари каде пишува:

„Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор, во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата“.

Оттука, секој има право да бара објавување на исправка, без тоа да се толкува како „кавга“. Делот кој се однесува на предлогот Шилегов да биде дел од Државната изборна комисија, се темели на напис на „Дневник“ во кој нема наведено извор, односно изворот е анонимен. Оттука, не може да му се подари целосна верба на овој податок како вистинит.

Остатокот од текстот преку исклучителен „ад-хоминем“ пристап претендира да го инволвира Шилегов во скандали, иако тој во тие случаи е адвокат, а не учесник во скандалите.

Извори на информации: Единствениот извор на информации во оваа компилација се извадоци од он-лајн изданијата на медиумите.

Содржајност: Текстот содржи хронолошки приказ на активностите на Шилегов, како адвокат, но без да се евидентира каков е импактот на таа хронологија врз денешното функционирање. Исто така, не може со сигурност да се тврди дали дел од изнесените факти, се вистинити или не со оглед на тоа што се преземени од текстови во дел од кои изворите се анонимни. Понатаму, може да се нотира постоење на недоречености:

„Шилегов дел од својот работен век ја поминал во Управниот одбор на Комуналната хигиена  во времето на Ристо Пенов. Подоцна, во 2002 година беше заменет. Во ввремето кога Шилефов беше цо УО на Комунална хигиена излегоа неколку скандали.“

Авторот не дава одговор на прашањето кои се тие скандали.

Пристрасност: Се добива впечаток дека селективно се наведени случаи од адвокатската кариера на Шилегов, од кои треба да се заклучи дека тој практично бранел само клиенти кои ги губеле судските случаи и дека не се задржувал долго на позициите што ги извршувал во партијата поради несогласувања со раководството. Од повеќето коментари може да се насети политичка пристрасност.

 Коментирање: Дел од коментарите претендираат да го дискредитираат Шилегов „ад-хоминем“ поради функцијата што ја извршува, а попатно да го вклучат и претседателот на СДСМ.

 

„Првата прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов беше на тема – кавга со новинари.“

 

„Денеска има задача на било каков начин да го исправа Заев после секое негово појавување пред медиумите, од незгодите во кои сам се става „благодарение“ на неговите гафови“.

 

„Стравуваше дека Шекеринска нема да го прифати предлогот на Владо Бучковски, кој раководеше со партијата во тоа време, тој да биде  член во Државната изборна комисија.“

 

Оригиналност/Плагијат: Текст со слична содржина е објавен пред повеќе од половина година на друг портал. Текстот што го рецензираме со мали адаптации е објавен во период кога Шилегов во јавноста пласира документи за потенцијална корупција на новинари.

Квалитет на насловот: Насловот предизвикува внимание и љубопитство кои траат додека да се прочита текстот полн со бајати информации.

Фотографија: Фотографијата е коректна и поставена за да го информира  читателот на кого се однесува текстот и во неа нема ништо спорно.

Заклучок: Како своевиден „репринт“ без посочен извор, овој текст не нуди нови информации и е насочен кон дискредитација на личност поради функцијата што ја врши. Ова се прави на софистициран начин, во временски период што е индикативен. Основната манипулација е дека со оглед на тоа што Шилегов застапувал сторители на кривични дела на суд како адвокат, го прави и него вреден да се пишува „кој е“. Текстот остава сомнеж дека има за цел да дефокусира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, аноними

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести