verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Рецензија: Кога Србин во Америка ќе претера со славење

on 13 - 01 - 2014       

sa-00098765-0987-crop-resize

Забелешките за текстот започнуваат во насловот поради неговата генерализирачка природа, од која може да се заклучи дека начинот на „славење“ на Божик кај православните верници од Србија секогаш е проследен со пукотници од пиштол. Новинарот би можел да го избегне ова ако се потруди во насловот да посочи дека станува збор за изолиран случај. Кога ќе се погледне и оригиналниот текст од кој е преведен оној што го рецензираме, станува јасно дека во македонската верзија на текстот се прикриени важни информации.

saЛинк до оригиналниот напис: Кога Србин во Америка ќе претера со славење

Датум и време на објавување: 07.01.2014, 16:37

Датум на рецензирање: 09.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Од аспект на вистинитоста, насловот покажува тенденција да стереотипизира. Вистинитоста на останатиот дел е атрибуирана на извор, кој е полициски службеник, но прикривањето на дел од податоците во оригиналниот текст при преводот на македонски, сепак, оневозможува читателот да се запознае со целосната вистина. Насловот остава импресија дека цели кон тоа да наметне оти Србите вообичаено слават Божик со пукотници.

Извори на информации: Изоставена е професионалната практика да се наведе линк до оригиналниот запис, кој е преведен. Така, единствениот извор во текстот е полицискиот службеник, но не и медиумот кој првично ја објавува информацијата.

Содржајност: При преводот, од неутврдени причини, изоставен е еден дел, а тоа е дека анонимниот Србин имал дозвола да пука и неа ја побарал од локалните полициски власти. Според оригиналниот текст, проблемот настанал поради тоа што полициските службеници кои работеле во третата смена не биле информирани за најавата. Со прикривањето на овој податок се прикрива и вистинскиот одговор на прашањето зошто против човекот не е поднесена пријава. Од лингвистички аспект текстот изобилува со буквален превод, што го прави неприроден. На пример, кога се атрибуира полицискиот службеник, тоа се прави со конструкцијата „судејќи по наредникот…“, што е невообичаен превод.

 Коментирање: Кога известува за прашања врзани за црна хроника, новинарот може да ги избегне клишеате и личните доживувања. На пример, во реченицата во продолжение, коментар е делот „за среќа во прашање биле ќорци“. Читателот сам суди што е среќа а што несреќа во случајот:

Судејќи по наредникот Стив Ковердејл, човекот кој го уапсиле е православен христијанин кој за време на славењето излегол пред својот дом и испукал неколку куршуми од пиштол во воздух, но за среќа во прашање биле ќорци.

Оригиналност/Плагијат: Несоодветниот и нецелосен превод на оригиналот можеби поминал повеќе „преведувачки филтри“ претходно, можеби и на повеќе различни јазици, но оригиналниот текст е пообемен, поопширен и јасно става до знаење што се случува и зошто и покрај пукањето, човекот не заработил пријава. Единствено може да се заклучи дека текстот е преземен без да се наведе извор, но не и од каде.

Квалитет на насловот: Станува збор за наслов што стереотипизира и генерализира и со кој новинарот го наведува читателот на заклучок дека националноста е причина за „претерување во славењето“.

Фотографија: Фотографијата е општа и наведува на она што се опишува во текстот.

Заклучок: Нецелосниот превод е проблематичен, од аспект на тоа што на читателите не им се овозможува целосен увид во ситуацијата за која се пишува. Најмалку што може да направи авторот на преводот е да го поврзе текстот со линк до својот оригинал, особено поради тоа што пишува за онлајн медиум, каде линкувањето е стандард за професионализам. На таков начин, авторот барем би му дал на читателот можност да ги прочита во целост оние информации што тој од непознати причини решава да ги изостави. Во духот на нестереотипното известување, авторот би можел да обрне поголемо внимание на насловот и да се обиде да го претстави случајот за кој пишува како издвоен случај поврзан со едно лице, а не со Србите генерално.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести