Јавниот интерес не е во скршениот прст на градоначалникот
Објавено во Рецензии
on 3 - 07 - 2015 Автор: Александар Писарев
[Рецензија: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО)]
Рецензираме кратка вест од велосипедско дефиле, во која централната тема на настанот е градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Прашањето во рецензијата е: имало ли причина толкаво значење да му се придаде на скршениот прст на градоначалникот или во прашање е спинот за да се покаже колкава „жртва“ поднел тој за да се качи на велосипед и тоа со скршен прст, кој така гордо го покажува на граѓаните.
Линк до оригиналниот напис: Kоце Трајановски со скршен прст на велосипедско дефиле (ФОТО)
Датум и време на објавување: 28.06.2015, 12:55
Датум на рецензирање: 30.06.2015
Рецензент: Александар Писарев
СПУШТЕНА ИЛИ КРЕНАТА РАКА ?
Ја разбираме повредата на градоначалникот, но, сепак, можел да позира и со спуштена рака, а новинарот малку посериозно да се позабави со проблемот на велосипедистите во Скопје, бидејќи и тие се рамноправни учесници во сообраќајот, а не само рекреативци.
„Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски со прст во завој се појави на денешното велосипедско дефиле што се одржа во главниот град. Трајановски, и покрај завојот на прстот, возеше на дефилето кое беше на потегот од Порта Македонија до Школка во Градскиот парк. Како што може да се види од фотографијата, Трајановски го скршил (или шинал) токму средниот прст од десната рака.“
(НЕ)ПОТРЕБНА ТРИВИЈАЛНОСТ
Целата содржина на веста и целиот наслов е во скршениот прст, кој е во завој. Едноставен, евтин, тривијален производ срочен да ги задоволи комуникациските потреби и вкусот на најниските консументи на кич-културата. Јавниот интерес е запоставен, а скршениот прст е искористен за спинот, „Трајановски, и покрај завојот на прстот, возеше на дефилето“.
Од медиумите се очекува да бидат критични кон светот во кој живееме, но и проактивни, да покренуваат јавна дебата за темите од општ интерес.
На настанот, кој го опишува медиумот, биле отворени прашањата за проблемите кои во градот ги имаат велосипедистите. Тие со години бараат спроведливи решенија и еднаков третман со моторизираниот транспорт, организирана патна мрежа и почитување на нивните права, со еден збор Велосипедизмот бара стратешки пристап и сè повеќе се наметнува како значаен сегмент за формирање одржлив транспортен модел.
Да се раководел според Кодексот и стандардите на новинарската професија, новинарот кој се потпишал под текстот, ќе го бранел јавниот интерес, кој, сепак, не е во скршениот прст на градоначалникот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови