Рецензија: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!?
Објавено во Рецензии
on 25 - 06 - 2014 Автор: Мирослава СимоновскаКако и во секој останат случај на сензационализам во новинарството и овде е тешко да се утврдат мотивите зошто толку многу се апострофира случај што во полициските билтени месечно добива барем по неколку „фотокопии“. Навистина станува збор за кражба, но ништо во неа не е невообичаено, ниту егзибиционистичко до степен да се наведува читателот дека ќе се шокира или, пак, дека ќе прочита нешто досега невидено.
Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ – Што се случи во Горно Лакочереј!?
Датум и време на објавување: 20.06.2014, 14:39
Датум на рецензирање: 22.06.2014
Рецензент: Мирослава Бурнс
Текстуалниот дел е целосно преземен од полициски билтен и тој, оттука, претставува еднострана информација. Меѓутоа, станува збор за официјален извор и основаните причини за сомневање во вистинитоста во изнесеното се мали. Вистинитоста на тексот не е проблем, туку проблем е неговото претставување во насловот. Новинарот би требало да држи реален тон за настаните за кои известува, односно да не собира кликови со беспотребно хиперболизирање.
Ниту еден критериум не ја прави оваа вест толку невообичаена за да го заслужи коментарот во насловот „ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ“. Ова, проследено со големината на фонтот, покажува намера да се привлече големо внимание, да се алармира читателот на некоја невообичаена случка за која се известува. И шокот навистина пристигнува. Кога ќе се прочита содржината на напишаното, се редат низа прашалници: што е она од кое треба да се шокира читателот?
Во текстот воопшто не е направен напор за дополнително истражување. Тој е копи-пејст од билтенот на МВР и не изискува особена новинарска работа. Во ваков случај, најголемиот авторски придонес, авторот го има во насловот, што е промашен по точност и по интензитет. Народски кажано, од мува се прави слон.
Новинарот одговорно треба да ја информира јавноста, што подразбира и да не ја манипулира. Манипулацијата на кратки патеки може да донесе некој клик плус, но од аспект на кредибилноста е нарушувачка и ја руши довербата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
пренесено од полициски билтен
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови