verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?

on 27 - 11 - 2013       

FireShot-Screen-Capture-114-КАНАЛ-5-Телевизија-kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID23714-crop-resize

Прилогот „Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?“ просто зрачи со тенденциозност и тоа од насловот , па до последниот ред.

„За политиколозите, кои беа консултирани од Канал 5 и кои во изминатите неколку недели повеќепати ја објаснуваа кампањата на опозицијата, првиот впечаток е дека „работното лето“ на раководството на СДСМ предводено од Бранко Црвенковски,  кое неславно заврши по само неколку посети на села и градови, многу наликува на сегашните средби и трибини и популистичките настапи на Заев, Шеќеринска, Узунов. И тогаш, како и сега, секој чекор на тимовите беше медиумски следен од проопозициските медиуми со помпа и еуфорични тврдења дека сега е навистина готово со теророт на власта и оти народот се ослободил од стравот во кој живеел.“

Притоа, се турка тезата дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев  на може да понуди ништо ново, туку  продолжува да дејствува во „популистичкиот манир на Бранко Црвенковски“!  Онака како што е конципиран и пласиран овој материјал, зад кој стои потписот на главниот и одговорен уредник на телевизијата, не спаѓа во ниту еден новинарски жанр. Можеби прилогот е замислен како осврт или коментар, но ставовите во него не се отворено и децидно искажани, туку затскриени зад впечатоците на анонимни политиколози, професори, експерти,  како и зад мислењето на премиерот и министрите. Така што е добиен еден лош новинарски производ со јасна критизерска интонација кон опозицијата, конципиран  со наслов и поднаслов во прашална форма, неинвентивен вовед и текст од шест реченици испишани во 20 реда.

FireShot Screen Capture #114 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=23714Линк до оригиналниот напис: Каков ќе биде резултатот од новиот популизам на СДСМ?

Датум и време на објавување:25.11.2013, 14:52

Датум на рецензирање:26.11.2013

Рецензент:Оливера Војновска

Вистинитост: Прилогот е неаргументиран, тој не нуди релевантни показатели за да се поткрепат тврдењата за „популистичките мерки“ на СДСМ, туку прави конструкција врз основа на виртуелни (анонимни) стручни мислења и со забележливо отсуство на минимум објективност.

Извори на информации: Авторот не посочува прецизни извори на информации, туку користи општа форма како:  говори,  митизни, трибини, средби со граѓани, меѓутоа не кажува конкретно  каде, кога и на која изјава се мисли.

„Во секој од говорите тогаш од средбите на сред село до митинзите од пред владата во центарот на Скопје, а и сега по прошетките и трибините, лидерите на СДСМ одат со главната теза  дека народот живее во страв и под пресија и дека е време да се ослободат од стегите.“

Ниту, пак, именува конкретни соговорници, туку се повикува на политиколози, експерти, професори

„кои беа консултирани од Канал 5 и кои во изминатите неколку недели повеќепати ја објаснуваа кампањата на опозицијата “.

Содржајност: Во овој прилог е беспредметно да се бара балансираност, тој е  целосно едностран. Очигледен мотив за овој наменски текст е да се дисквалификува опозицијата и понудениот економски пакет.

Пристрасност: Во прилогот силно провејува наклонетост кон владејачката партија. Тоа е видливо од самата конструкција на текстот  и манирот  во кој се критикуваат предлозите на опозицијата. Имено, пристрасноста кон владините политики не се покажува суптилно, туку  многу отворено. Па, така, за предложените економски мерки на СДСМ се констатира:

добија одговор од сите релевантни личности почнувајќи од премиерот, преку министрите до економските експерти дека се нереални, необмислени и напишани само за да се прикаже дека овој пат СДСМ на избори ќе излезе со програма.

Коментирање: Целиот напис е скроен во форма на критичко четиво испреплетено со коментаторски елементи . Во самиот почеток на прилогот авторот говори за „популистичките настапи“ на Заев, Шеќеринска и Узунов и прави компарација со

„„работното лето“ на раководството на СДСМ предводено од Бранко Црвенковски,  кое неславно заврши“,

а во завршниот дел од овој материјал навивачки заклучува:

„опозицијата може во ист стил да вети што и да е, но сепак таквите мерки во реалноста се неостварливи“.

Оригиналност/Плагијат: Се работи за авторски текст со потпис и фотографија.

Квалитети на насловот: Гледано од  професионален аспект насловот и поднасловот се во многу лоша композиција – двата елемента тежат од прашалници.

„Дали и пред овие избори граѓаните ја добиваат истата порака од опозицијата? Дали се повторува тезата дека власта е уплашена и оти со посетите на раководството на СДСМ во градовите и еуфоријата дека сите се со нив ја создаваат истата слика како и пред секој изборен циклус?“

Тие го трасираат патот  за намерите искажани во прилогот, социјалдемократите по секоја цена да се прикажат во лошо светло.

Фотографија: Материјалот е илустриран со снимки од трибини и средби со граѓани на Заев и сегашното раководство, но и со стари кадри од митинзита на Црвенковски, кои треба да ја заокружат манипулативната улога на овој прилог.

Говор на омраза: Освен очигледните намери за дискредитација на потезите на опозицијата, како и личноста на Заев, може да се препознаат и елементи на политичка дикриминација, бидејќи мотивите за  оцрнување се политички.

Заклучок: Телевизијата излегува со крајно непрофесионален, претенциозен прилог во кој од самиот старт е видлива намерата  да се оцрни актуелното раководство на СДСМ и да се девалвира новата економска програма. Во еден нихилистички стил уште во првата реченица се подвелкува равенство меѓу „популизмот на Заев“ и  „работното лето“ на Црвенковски. Последната реченица пак, обландирана зад ставовите на

„професорите, кои се повикуваат на крајниот резултат на минатите избори“,

завршува со констатацијата:

„со популистичкиот приод на СДСМ беше постигнат убедлив пораз со освоени само неколку градоначалнички места“.

Поентата на вака срочениот прилог е да се наметне перцепција во јавноста дека предлозите на социјалдемократите се неостварливи и да се испрати порака  дека, наводно, ги очекува уште еден изборен пораз.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести