verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Како ви се допаѓа вереницата на министерот Спасов?

on 17 - 07 - 2014       

07162014-Maxim-Spasov-crop-resize

Каков е овој наслов? Какво е ова прашање? Каква вредност има оваа медиумска содржина? Можеме да го сфатиме љубопитството на „рекла-кажала“ јавноста за вакви вести, ама и тие треба да имаат некаква содржина. И, на крајот, што сугерира насловот? На што се изложува приватноста на оваа девојка?

Дали е доволно што оваа девојка, како што е објавено, ќе му биде идна брачна избраничка на министерот за труд и социјала, на ваков начин нејзината приватност да биде изложена пред јавноста. Освен тоа, да бидеме докрај доследни, од неа нема потврда дека таа го прифатила предлогот.

Оваа новинарска творба го крши членот 7 од Кодексот на новинарите кој ја штити приватноста од непрофесионалното работење на новинарите:

„Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.Новинарот е должен да ја почитува личната болка и жалост.“

Во толкувањата на членовите од Кодексот во прирачникот прирачникот „Етика во новинарството“ (ЗНМ, Т.Чаусидис/З.Бојаровски, 2012), се вели дека информации за приватниот живот на одредена личност можат да бидат објавени само доколку однесувањето на таа личност во приватниот живот има влијание на јавниот интерес. Од каков јавен интерес е прашањето во насловот „Како ви се допаѓа вереницата на министерот Спасов?“. Од никаков!!! Освен од интерес на министерот.

07162014-Maxim-SpasovЛинк до оригиналниот напис: Како ви се допаѓа вереницата на министерот Спасов?

Датум и време на објавување: 15.07.2014, 17:19

Датум на рецензирање: 16.07.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Повторно се навраќам на насловот, сега од еден друг аспект, за да ја изложиме докрај апсурдноста на оваа медиумска содржина и на ова воајерско новинарство. Еден мој пријател, искусен лиценциран лектор и поранешен раководител на лекторатот по македонски јазик во една од најголемите метрополи во светот, вели дека „треба сериозно да се внимава на интерпункцијата во насловите, оти прашалник може да стои ако навистина има дилема во текстот или доколку треба нешто да се направи смешно/интересно.“

Е, сега, разговараме со пријателот, докажан лектор: Има ли нешто смешно во „темава“, ме прашува тој. Нема, велам јас, и додавам, сосема спротивно – многу е чувствителна и не е воопшто смешна. Зошто некој би се исмевал на ваков начин? Секако, тоа не била намерата за објавување на една ваква медиумска содржина со ваков наслов. Ама, од друга страна, кој ќе го знае тоа?!?

Ја доведовме до апусрдност оваа тема во рецензијата за овој текст само за да илустрираме како може публиката да реагира на оваа медиумска „иновација“

Во лекцијата за таблидизицаијата на медиумите објавена на Сервисот за проверка на фактите од медиумите („Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?“) објаснивме дека главната критика во дебатата против таблоидизацијата е што новинарството, кое го поддржува овој процес, е привлечено од мирисот на сензационализам и персонализација, односно од провокацијата на шокантните содржини и постапки кои многу често ја преминуваат линијата на приватноста.

Рековме дека новата мантра на таблоидизацијата на медиумските содржини е: земи сѐ што е тривијално и направи го да изгледа сериозно и од интерес за публиката. Ете, токму тоа е направено и со оваа медиумска творба. Само неуспешно. Зашто, нешто може да биде таблоидна содржина, но и таа може да биде лоша или добра, иако, на крајот од краиштата, е таблоидна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Прашален

некреативен

Бесмислен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Можеби

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести