Рецензија: Ја удрил со глава и и го скршил носот – Србинка долго ќе го памети патувњето низ Македонија
Објавено во Рецензии
on 6 - 08 - 2014 Автор: Зоран БојаровскиТочно е дека излогот продава, но точно е и тоа дека на тој начин продаваш само еднаш. После тоа, кога тоа во излогот не е исто со спакуваниот производ, купувачот секогаш два пати ќе размисли пред да влезе во истатата продавница, или никогаш повеќе нема да купува таму.
Така е и во новинарството. Насловот и фотографијата продаваат, но тие мора да бидат соодветни, да бидат суштина на содржината на веста. Во случајот на текстот што го рецензираме, тоа не е случај. Затоа, реагирале и читателите на нашиот Сервис за проверка на фактите од медиумите и ни предложија да го рецензираме. Во својот предлог нашиот читател вели:
„Дали новинарството во Македонија е толку очајно што ваков видлив медиум, чија бројка на следеност и гледачи кои му веруваат е натпросечна за било кој друг медиум, си дозволува себеси преку трик-два да привлече внимание кај читателите? Зарем не може за нешто добро да се пишува, за нешто попаметно?“
Прилично остри оценки. Ајде да видиме дали има аргументи за едно вакви тврдење.
Линк до оригиналниот текст: Ја удрил со глава и и го скршил носот – Србинка долго ќе го памети патувњето низ Македонија
Датум на објавување: 30.07.2014 – 11:22
Датум на рецензирање: 05.08.2014
Рецензент: Зоран Бојаровски
Во што е трикот, за кој зборува нашиот читател? Внимателната споредба на насловот и на содржината, го открива одговорот на ова прашање. Насловот сугерира дека во време на годишни одмори некој во нашата земја, на некоја туристка од друга земја, со брутален напад и нанел повреди.
Просечен читател чита наслов кој сугерира дека во нашата земја владее непријателски однос кон странците, а кога е истакната националната припадност на повреденета, се насочува и на непријателство токму кон граѓаните на таа земја.
Кога ќе ја прочитате веста, ќе видите дека воопшто не е така како што сугерира насловот. Се работи секако за немил инцидент, но тој се случил во автобус во кој граѓани на една соседна земја биле на пропатување низ нашата земја.
Оттаму, оваа вест не е од никаков јавен интерес, а како второ: Зошто воопшто е потребно да се истакнува националната, или етничката припадност на ликовите во оваа вест. Нема ништо поради што е потребно тоа… На начинот на кој е објавена, со истакнување на етничката или националната припадност, новинарската содржина само ги активира стереотипите и предрасудите и ги потхранува и афирмира, а тоа не е дел од добрите новинарски практики.
Еве на што предупредува прирачникот „Етика во новинарството“ (Т.Чаусидис/З.Бојаровски, ЗНМ 2012 г.):
„Новинарскиот пристап со кој медиумите ги претставуваат одделните општествени групи, начинот на кој се фокусираат или ги опишуваат негативните појави и процеси, може отворено или суптилно да поттикнува стереотипи, етноцентризам, ксенофобија и говор на омраза.“
Друга приказна е што оваа медиумска содржина нема извори, нема сеопфатност во смисла на тоа да бидат презентирани сите страни…, но тоа, очигледно, не им е битно на авторите на овој текст.
Впрочем, во прилог на тоа дека читателот на нашиот сервис е во право што го предложил овој текст за рецензија, говорат и коментарите на овој текст на порталот, кои ги изнесуваат истите забелешки.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
Нема извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови