Рецензија: Извршена конзервација на римската кула во Хераклеја
Објавено во Рецензии
on 4 - 11 - 2013 Автор: Александар ПисаревСпоред информацијата добиена од Министерството за култура, завршена е првата фаза од реконструкција на римската кула на локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола. Кулата е од камен, со пречник од 7.7 метри. И, толку.
Линк до оригиналниот напис: Извршена конзервација на римската кула во Хераклеја
Датум и време на објавување: 24.10.2013
Датум на рецензирање: 2.11.2013 09:25
Рецензент: Александар Писарев
Содржајност: Во три пасуси се повторува иста констатација:
„Завршена е првата фаза од конзерваторско-реставраторските зафати за кружната кула“.
„Извршена е конзервација и реконструкција на кружната кула.“
„Стручните екипи на Завод и музеј –Битола извршиле конзервација“…
Кога читателот, во текст од 12 реда ќе прочита три пати по три реда со иста содржина може само да каже „Па што, ако е извршена конзервација“.
Иако се работи за вест објавена на страницата за култура, таа е без глава. Нема „лид“, во првиот пасус нема одговор на петте основни прашања. Недостасува бекграунд, нема дополнителни информиции кои би го направиле текстот поразбирлив, со што главните елементи на веста би се ставиле во контекст. Вака, имаме лошо компониран текст.
Авторот упорно се држи до бирократски напишаната, или добиена по телефон информација од Министерството и не приметува какофонија. На текстот му недостасуваат јаснотија, прецизност, преоди кои водат од една кон друга мисла. Затоа, информацијата не може кај читателот да ја побуди перцепцијата за каков всушност објект се работи и зошто е тој толку значаен за археолошкиот локалитерт Хераклеја.
Не е за запоставување, но целата содржина на информацијата е сведена на математички приказ на реконструираната кула, чии камењата се залепени со продолжен малтер во пречник од 7,7 метри. Читателите се љубопитни, но немаат експертско знаење. Што за нив значи информацијата дека: …„камењата се залепени со продолжен малтер“.
Квалитет на насловот: Насловот е бирократски, административен, повеќе прилега за археолошки дневник на извршените интервенции во Хераклеја отколку за новинарски текст. Не зрачи со убавина и не е предизвикувачки, не е привлечен за читање.
Фотографија: Мртва, безживотна и не го прикажува објектот во доволно јасна светлина.
Заклучок: Иницијалната информација добиена од Министерствот за култура, кое соопштило само дека е завршена реконструкција на една римска кула, можела да му послужи на авторот да напрви интересна информација или репортажа за најновите археолошко конзерваторски интервенции во Хераклеја. Авторот очигледно немал таква амбиција и се задоволил само да го препише или пренесе она што бирократите од Министерството му го напишале. Не се потрудил да ја истражи појдовната информација (соопштението на Министерство) и да ја збогати со дополнителна вредност.
Археолозите се најчесто расположени да заборуваат за својата работа и авторот требало да се обиде да поразговара со некој од оние кои работеле на овој објект. Тогаш ќе добиевме појасна слика за целиот објект, за времето кога е изграден, кој го изградил и зошто е толку значаен за Хераклеја. Објаснувањето дека: „Конзервацијата е извршена со продолжен малтер“, е премногу стручно за просечен читател. Да побарал објаснување во Заводот и Музеј Битола ќе му објаснеле дека се работи за обична мешавина од вар, цемент и песок, што на читателите ќе им било многу поприфатливо од стручниот назив кој е употребен во текстот.
Авторот не вложил творечки напор и не добил креативен производ. Не ја искористил иницијалната вест, со малку истражување да ѝ даде дополнителна вредност и да добие одличен и интересен новинарски производ. Посебно што, во информацијата која ја добил од Министерството, имал и патоказ за истражување: „Стручните екипи на Завод и музеј во Битола ја извршиле конзервацијата“. Можел да се јави во Завод и Музје Битола каде сигурно ќе му ги објасниле сите детали кои се интересни за читателот. Од хронологијата на овој објект, до периодот кога Римјаните ја зазеле Хераклеја и до кога таму останале, до толкувањето на самиот назив на овој антички град и зборот Линкестис.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови