verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан

on 7 - 03 - 2014       

stevo-pendarovski-kongres-CROP-RESIZE

Уште со самиот влез во текстот се гледа во кој правец ќе носи приказната и како ќе се развива, ако може за тоа да стане збор. Причината е едноставна: текстот се состои само од два моменти за кои се имало желба да се нагласат. И тоа дека едниот кандидат е елитист и не е близок со народот, а другиот секојдневно црпи информации од граѓаните, а вториот момент е тоа кој како е избран за кандидат за претседател. Уште од самиот наслов се гледа интенцијата и намерата, а така нѐ води и целиот текст.

pendarovski republikaЛинк до оригиналниот напис: Иванов по градови и села, Пендаровски во елитен ресторан

Датум и време на објавување: 05.03.2014, 23:31

Датум на рецензирање: 06.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НАМЕРНО И ТЕНДЕНЦИОЗНО

И двата мометни се случиле. Едниот кандидат навистина седел во ресторан во центарот на Скопје, а другиот последниве денови е во посета на повеќе села низ Македонија. Ако се сакало да се информира најверојатно тука ќе запрел текстот и ќе се илустрирал со фотографија. Но, сепак, авторот се впуштил во коментирање, наводно барајќи ги аргументите за и против. Ова е пример како од еден текст, кој е обична информација, може да се направи мини портрет на личност – намерно и тенденциозно, без аргументи и факти. И, секако, според вториот момент повторно се сака да се наруши угледот на едниот кандидат, сакајќи да се прикаже како неспособен да собере потписи од граѓаните, туку на тоа се одлучил на полесниот начин, со канидирање од пратеници, за разлика од другиот кој наводно има целосна доверба од граѓаните.

Пендаровски и луѓето што го кандидираа се одлучија за полесниот начин, тој да не бара поддршка од 10.000 потписи туку кандидатурата да биде формализирана со 30 потписи од пратеничката група на СДСМ.

Текстот е направен од официјални настани и случувања. Напишан е како да се работи за авторски текст, но нема ниту редакциски, ниту потпис од авторот.

 

ЈА ИЗВРТУВА ВИСТИНАТА 

Текст без факти. Да се направи нешто без притоа да се нема ниту еден показател е навистина тешко. Инаку, како би можело да се смисли ваков пасус:

Очигледно Пендаровски не можел да се оттргне од своите навики како професор и кампањата ја почна со однесување кое што обичниот граѓанин најчесто го толкува како искажување на силна доза на елитизам.

Текстот не е објективен, ја извртува вистината и еден настан, обично седење со фамилијата во ресторан, го искористува за целосна манипулација на профилот на личноста. Притоа алудира дека канидадот така ќе се однесува и за време на кампањата, а и ако стане претседател на Македонија. Тој е пристрасен во голема мера. Интенцијата се гледа од авион исто како и намерата да се понижи едниот кандидат.

Целиот текст е со испреплетени коментирачки содржини, кои се ставени во функција на текстот. Не се одделени посебно, ниту, пак, се нагласени. Со тоа се создава привид дека е точно она што е напишано.

Насловот си е приказна за себе со „упорноста“ да се оквалификува нешто спротивно од вистината. Фотографија има од настаните кои се обработуваат. Тие се ставени само во функција на тесктот, инаку без текст немаат никаво значење повеќе отколку да биде фото вест.

Вакви текстови посебно последниве денови има на кило. Најверојатно и ќе ги има во иднина. Сепак, треба да се подразмисли кога пласираат вакви тези. Зашто не секој што ќе седне во ресторан е елитист, ниту, пак, секој што ќе шета по селата е близок до народот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

фотографиите се толкуваат еднострано

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести