verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Што му се импутира, а што навистина рекол Борут Пахор

on 11 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Иванов доби подршка од Хрватска и Словенија за старт на преговори со ЕУ]

 

Прилогот што е пред нас пристрасно известува за Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, кој  деновиве (7 – 8 јуни 2015 година) се одржа во Будва, Црна Гора. Од една страна, се нагласува учеството на македонскиот поретседател и се предимензионира неговата иницијатива „прашањето за името да биде последното поглавје од преговорите за ЕУ“. А, од друга страна, се премолчуваат пораки како онаа на словенечкиот претседател, кој смета дека е „многу важно да се направи сеопфатна истрага за инцидентот во Куманово, бидејќи тоа е значајно за Македонија, за процесите во земјата, и за регионот“.

http___sitel.com.mk_ivanov-dobi-podrЛинк до оригиналниот напис: Иванов доби подршка од Хрватска и Словенија за старт на преговори со ЕУ

Датум и време на објавување: 08.06.2015, 16:50

Датум на рецензирање: 09.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

СЕЛЕКТИВНОСТ И СПИНУВАЊЕ

Материјалот се повикува на официјален настан, посочува прецизни извори на информации, но селективно ги прикажува фактите и наменски ги толкува. Во овој необјективен извештај, се величи настапот на претседателот Иванов, поточно, ѝ се дава прилично големо значење на неговата „силна иницијатива Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија а спорот со Грција да се решава пред нивното финиширање“. Во врска со „иницијативата“, авторот на овој текст констатира и:

„подготвеност лично да се ангажираат изразија и претседателите на Хрватска и Словнија чии земји членуваат во Европската Унија и НАТО“.

Но, во прилогот нема потврда за ваквите наводи. Во прашање е субјективна процена на известувачот, која на јавноста ѝ  се претставува како сигурна информација од местото на настанот.

Од изјавата на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, не може да се заклучи дека таа се понудила да се ангажира околу предлогот на Иванов. Напротив, се добива впечаток дека е внимателна и дипломатски кажува каде е вистинската адреса за вакви иницијативи.

„Што се однесува до тој предлог, пред се за него треба да се постигне договор внатре во самата ЕУ. Хрватска апсолутно се залага за решавање на тоа прашање кое е билатерално, и поттикнуваме тоа да се реши, бидејќи тоа е препрека за Македонија не само за членство во ЕУ, туку очигледно и за влез во НАТО. И во овој момент можам само да ги охрабрам и едната и другата страна да вложат максимални напори да се најде решение“. (0,56 до 1,26 минута од видеозаписот)

Исто така, гледачите не можат да се уверат дали словенечкиот претседател, Борут Пахор, навистина искажал подготвеност да се вклучи во реализацијата на споменатата иницијатива на Иванов, бидејќи во извештајот воопшто нема негова изјава.

Дел  од медиумите, пак, пренесоа дека тој упатил јасен повик до македонските власти да се решат главните домашни проблеми, како услов да се запали зеленото светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ:

„Во врска со инцидентот треба да се спроведе сеопфатна истрга. Резултатите од оваа истрага може да бидат многу важни за домашните и меѓународните процеси процеси во регионот. Денес повикуваме на сеопфатна истрага, која треба да биде направена што е можно побрзо. Потоа побрзо ќе најдеме начин како да ѝ помогнеме на Македонија да продолжи по европскиот пат.“

Само, материјалот што го рецензираме немал намера да даде реален приказ за лидерскиот самит во Будва, туку да ја спинува вистината и да ја моделира сликата која треба да ѝ се сервира на македонската публика, според проекциите на власта. Притоа, занемарени се професионалните стандарди кои налагаат новинарот да изгради политичка дистанца и да го почитува правото на јавноста да биде вистинито информирана.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести