verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Инвеститор од Дубаи гради откупен центар во Ресен, сто нови вработувања

on 5 - 03 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Инвеститор од Дубаи гради откупeн центар во Ресен-crop-resize

Во брзањето да го претстави уште еден „успех“ на Владата во привлекување на странски инвестиции, медиумот не обрнал многу внимание на точноста на податоците кои се составен дел од информацијата. Воопшто не се размислувало дали има логика тоа што го пишува. Поважно било со име и презиме да се набројат членовите на владината делегација и функционерите кои присуствувале на „почетокот на изградбата на комплексот за складирање  и преработка на јаболко“, отколку да се објави точна информација колкав е навистина капацитетот на овој комплекс. Така, според она што медиумот го објавил, премиерот и делегацијата присуствувале на почетокот на изградба на еден безначаен капацитет „ ладилник со капацитет од пет тони јаболко на  фирмата „епл ленд“ од Дубаи која во него ќе инвестира пет милиони евра и ќе вработи 100 луѓе“.
И толку. Три реда за инвестиција, и 33 реда спин за премиерот и неговиот говор и за министрите од Владата. Ако е и од Дубаи, многу е.

FireShot Screen Capture #117 - 'Инвеститор од Дубаи гради откупeн центар во Ресен, сто нови вработувања I Република Online' -Линк до оригиналниот напис: Инвеститор од Дубаи гради откупен центар во Ресен, сто нови вработувања

Датум и време на објавување: 28.02.2014, 16:15

Датум на рецензирање: 04.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Вистина е дека почнала изградба на најавениот конплекс и дека таму присуствувал премиерот и цела владина делегација. Но, не е вистина  дека ладилникот ќе  има капацитет од пет тони јаболко. Новинарот очигледно бил преокупиран со премиерот и не го ни слушал претставникот на компанијата што зборувал. Па, според тоа, не може да биде ни вистина дека инвестицијата за вака мал капацитет изнесува пет милини евра. Со еден збор, информацијата не виситинита.

Извори на информации: Веста е пренесена директно од настанот.

Содржајност: Новинарот главниот акцент во содржината на целата информација го ставил на присуството на премиерот и владината делегација на настанот во Ресен и на неговиот говор. Притоа или не слушнал добро што зборувале другите, или не проверил што напишал.Така е објавена небулозна информација  дека  „ ќе биде опфатена изградба на ладилник со капаците од пет тони јаболко, чија вредност е пет милиони евра“… „после ќе продолжи втората фаза на целиот конплекс кој треба да собере десет тони јаболко и да вработи 100 луѓе“

Според вака срочената информација се добива впечаток дека или некој фрла пари или се обидува да ги испере низ инвестиција чија реална вредност е многу помала.  Според објавеното, секој кој малку се разбира во земјоделие ќе заклучи дека изградбата на ладилник за пет тони јаболко е промашена инвестиција, особено ако за тоа се потрошат пет милиони евра. Односно, милион евра за складирање на еден тон јаболко.

Пристрасност: Евидентна е пристрасноста кон премиерот и неговата придружба при што новинарот свесно претставникот на компанијата „Епл Ленд“, Франсис Турно, го поставил на маргините и неточно ги пренел неговите зборови.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален прилог без потпис на ваторот.

Квалитет на насловот: Насловот е предолг и сам по себе, вака како што е конципиран, тој претставува вест. Единствената цел му била да го зголеми ефектот на инвестицијата и да претстави успех на Владата.

Фотографија: Овоштарник со јаболко, фотографијата е ставена само како илустрација без легенда и без означена локација каде е снимена.

Заклучок: Новинарот за својата работа е одговорен пред јавноста. Во овој случај јавноста и информацијата од јавен интерес била запоставена, а акцентот бил ставен на протоколот за присуството на премиерот и на неговиот говор за  „сѐ поголема атрактивност на Македонија како земја со одлични услови за инвестирање“… Спинувањето отишло дотаму што сега од министерот за земјоделие првпат дознаваме дека „во ладилнкот е контролирана атмосферата  и во него јаболката ќе може да се чуваат десет месеци“. Па, зарем има некој што не знае дека во ладилникот темепературата е контролирана. Не знам за другите, но читателите од Ресен сигурно слатко се изнасмејале, читајќи го овој прилог. Пред сѐ, поради тоа што во овој овоштарски регион има десетина индивидуални земјоделци со сопствени ладилници, чиј капацитет е над 6.000 тони јаболко. Од каков јавен интерес е инвестиција за ладилник од пет тони јаболко ако знаеме дека вкупното овогодишно произвдоство на јаболко во ресен е над 100.000 тони.

Целта на прилогот била јасна, спин за владата и премиерот при што е запоставен јавниот интерес. Не знаеме кој прв згрешил. За несреќата биде уште поголема, повеќето медиуми, трнувајќи по праксата на „Ресавската школа“ веста си ја препишувале еден од друг па така фелерична е објавена на уште десетина портали. Некои медиуми, пак, точно го слушнале  Франсис Турно кога кажал дека се гради ладилник за 5.000 тони јаболко и така ја пренеле информацијата.

И, што правиме сега со оние илјадници читатели кои се погрешно информирни и живеат во убедување дека таму некој од Дубаи има толку многу пари за фрлање што за ладилник од пет тони јаболко ќе потроши пет милиони евра. А, според она што сите ресенчани го знаат, а и ние го проверивме во Ресен, пазарната цена на изградба на ладилник со капацитет од 100 тона се движи околу 60.000 евра.

Замислете ја сликата пред кооперација во Ресен кога едната група овоштари кои ја прочиатле информацијата на првите десетина портали дека ладилникот е со капацитет од 5 тони, ќе почнат да ги убедуваат во „вистинитоста“ оние што веста ја прочитале на другите десет портали кои пренеле точна информација дека ладилникот е со капацитет од 5.000 тони.

Единственото решение во ваков случај е да се испочитува член 3 од Кодексот на новинарите на Македонија и медиумот да им се извини на 44.000 посетители кои прочитале погрешна информација.

Член 3. 

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор, во случај кога ќе биде утврдена неточноста на информацијата.

Прекршен е и член 1. од Кодексот на новинарите на макеоднија

Член 1. 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести