verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Хотелот на Заеви собирно место во Струмица за протестот на СОНК

on 5 - 08 - 2014       

2-09876-098-crop-resize

Основни одлики на овој текст се премногу шпекулации, уште повеќе непроверени информации и голема доза на тенденциозност. За сметка на тоа се забележува отсуство на аргументи, поткрепени новинарски формулации и кредибилни извори. Поточно, неизбежен е впечатокот дека станува збор за „медиумска маша“ впрегната за нечии потреби.

2Линк до оригиналниот напис: Хотелот на Заеви собирно место во Струмица за протестот на СОНК

Датум и време на објавување: 01.08.2014, 13:00

Датум на рецензирање: 04.08.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗОШТО „ИНФОРМАЦИЈА“ ОД КОЈА ВЕДНАШ СЕ ОГРАДУВАТЕ?!

Кога зборуваме за вистинитост(а) на материјалот може комотно да кажеме дека таа е крајно проблематична. Ако прашате зошто, одговорот е затоа што текстот дефинитивно не дава докази дека изнесените тврдењата се точни. Новинарски е неприфатливо од тезата пласирана во насловот веднаш да се оградите во првата реченица во текстот. Како тоа „Хотелот на Заеви“ се трансформираше во „Хотелот кој во јавноста важи за сопстевност на семејството Заеви“. Ова би го нарекол „пукање в нога“, бидејќи ако не сте обезбедиле докази дека тоа што го велите е така, тогаш и нема зошто тоа да го правите, барем не од новинарска гледна точка. Од некоја друга, можеби и има логика, ама таа секако нема каква било допирна точка со професионалните стандарди на фелата. Значи, ако правите истражувачка сторија, односно ја „фаќате опозицијата на дело дека крои заговор со СОНК“ не можете да употребувате фрази: „според информациите, било заблежано, во медиумите проструи информација“ итн… Или се „живи“ начекани со саглам докази и ептен добри фотографии, или имаме „ветер и магла“ и „фотки“, кои ама баш ништо не кажуваат, а уште помалку докажуваат. Автобус пред хотел? Па и не е баш нешто невообичаено. Вистинитост – слаба работа.

Извори на информации нема. Како такви не може да се сметаат „рекла-казала“ формулации. Чии се тие „информации, потврдени пишувања, и кој забележал што се внесувало во автобусите“? Нема одговор. Исто како што нема и изјава од некого, или пак цитиран извор? Значи пак слаба работа.

 

ПОЛУГИТЕ ЗА ПРИТИСОК СЕ КАЈ ВЛАСТА

Ништо поинаку не може да се рече и за понудената содржајност, бидејќи се повторува веќе воспоставената практика дека се и секој кој ќе каже нешто, или ќе се побуни против одредени мерки и потези на власта веднаш е етикетиран, во најмала рака, како погрешен или залутан. Значи, не е кабает тој што ги приморал професорите на штрајк со глад и синдикатот на протест, туку тие што преку таквите мерки си ги бараат своите права. Веќе се смешно-трагични текстовите во кои упорно се тврди дека опозицијата преку своите „медиумско-соросоидни-невладино-синдикални“ експозитури врши притисок врз граѓаните. Аман, сите знаеме дека полугите за репресија и притисок, и во теорија и во реалност, се на другата страна. Затоа, пак – слаба работа.

Е, ама затоа во пристрасноста имаме добра работа, или т.н. петка. И да сакате послаба оценка од оваа не може да дадете. Навистина, за покажаниот „особен интерес и успех“ во делот на необјективноста следува петка. Ако има каков било сомнеж само прочитајте ги коментаторските обиди и дилемите ќе исчезнат:

„За денешниот протест на СОНК претходеа информации дека студенти и пензионери добиваат покани да штрајкуваат во име на синдикатот, за да се наполнат автобусите и да се добие масовност. СОНК притискаше да се излезе на штрајк, што отвора простор за сомнеж дека штрајкот беше организиран поради сосема други причини и се поставува прашањето за кого и за чии интереси штрајкуваше СОНК?;

„Дополнително, протестот го поддржаа и левичарското движење „Солидарност – Ленка“ и Македонски образовен форум. Со поддршка од овие организации, кои финансиски се поддржани од Фондацијата Институт отворено општество се потврдуваат сомневањата дека се вмешувањето на СОНК е со обид да се политизира актуелната ситуација на Економскиот факултет во Штип“.

Ако има прашања дали е оригинал или плагијат, морам да бидам искрен и да кажам дека и јас сум збунет. Ист текст, буквално од збор до збор, со овој кој се рецензира е објавен на братски информативен портал со иста уредувачка политика. Што е постаро јајцето или кокошката?

И употребените фотографии, односно две, многу не помагаат да се „издржи“ т.н. вест, бидејќи повеќе збунуваат, отколку што информираат. Читателите не го добиваат впечатокот дека пред тој хотел организирано се собирале опозициски „елементи“.

Конечно, заклучокот е дека во овој текст имаме многу зборување, но безмалку никакви факти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не се докажани

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

и да и не

најверојатно манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести