verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група

on 25 - 02 - 2015       

 

Firefox_Screenshot_2015-02-22T22-28-19.464Z-crop-resize

 

Селективност, селективност, селективност, селективност…

Firefox_Screenshot_2015-02-22T22-28-19.464ZЛинк до оригиналниот напис: Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група

Датум и време на објавување: 18.02.2015, 18:30

Датум на рецензирање: 21.02.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ИЗЈАВА „ИЗРЕЖАНА“ СПОРЕД НЕЧИЈА МЕРКА

Има една поговорка која ја користат соседите, за која баш и нема најсоодветен превод на македонски јазик, а оди вака: „Што се баби хтило, то јој се и снило“. Значи, тоа што некому му се сакало, така и излегло – субјективно, а не врз основа на објективните чинители. Материјалот в рака не е многу сложен, имаме изјава на еврокомесарот за проширување, која, всушност, е само еден дел од неговото целосно интервју дадено за „Радио Слободна Европа“. Овој медиум реши да го „изрекламира“ екслузивното интервју со тоа што понуди еден кус сегмент и до другите медиуми, секако оние кои беа расположени да го преземат. Делот што „Радио Слободна Европа“, пред да го објави целото интервју, го сподели е следниот:

„Ние ги повикуваме сите страни да го решат овој проблем. Оние кои ги имаат материјалите треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата согласно владеење на правото. И да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива.“

 

„Ова е нешто многу сериозно и уште еднаш мојата препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура. Но, доколку е неопходно исто така треба да има, како што е вообичаено во многу земји, според политичката пракса да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисла сите политички партии да се во Парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во Парламентот.“

Но, она што го објави конкретниот медиум беше само вториот дел од настапот на Јоханес Хан:

„Ова е навистина (многу) сериозно прашање. Мојата препорака е дека работите треба да се расчистат и истражат од лицата надлежни за тоа, но во една легална постапка, но ако е потребно како и во некои други земји, според политичката пракса да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисол сите политички партии да се во Парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во него.“

 

Во пренесениот дел, кој е релативно коректно преведен, недостига и квалификацијата „многу“. Но, она што најмногу загрижува е комплетното отсуство на првиот сегмент од настапот на еврокоемсарот, во кој тој јасно повикува на објавување на сите прислушувани материјали кои се поседуваат. Со тоа, тој бездруго ѝ дава одврзани раце на опозицијата да продолжи со обзнанувањето на инкриминирачките снимки кои, како што тврди опозициското раководство, покажува државен монструм од невидени размери. Дополнително, еврокомесарот повикува и на целосно владеење на правото, нешто што, секако, исто така, отсуствува во неговата изјава објавена на овој медиум, која е скроена по нечија мерка. Чија? – Не би сакале да судиме!!!

Нешто што не смее да се изгуби од вид е фактот дека истиот ден кога овој медиум, на свој начин, ја објавува изјавата на Јоханес Хан (доцна попладнето според часовникот на интернет-страницата), кабинетот на еврокомесарот излезе со соопштение (не подоцна од пладне) во кое сe уште позасилени неговите пораки до одговорните во земјава. Но, ова негово соопштение воопшто не се споменува, иако е клучно за публиката да ја увиди перцепцијата на Брисел за политичката ситуација и правецот во кој треба да се бара можниот излез:

„Комесарот Хан повтори дека владеењето на правото, основните човекови права и слободата на медиумите се сржта на процесот на пристапување кон ЕУ и тие не се подложни на дебата. Во оваа насока, тој ја изрази својата длабока загриженост за пријавеното следење на илјадници граѓани и повика на целосна истрага. Тој повика која било истрага да биде спроведена со целосно почитување на принципите на независност, презумпција на невиност, транспарентност, одвоеност на надлежностите и судската независност…“

Значи, селективност, селективност, селективност на дело.

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите, вели Кодексот на новинарите.

Селективноста, најверојатно, е од политички причини, нешто што се гледа и од насловната конструкција, која не ја прикрива пристрасноста бидејќи го парафразира само оној дел од настапот на Јоханес Хан што ѝ одговара на едната страна во политичкиот судир:

„Хан: Опозицијата да се врати во парламентот и да се формира парламентарна група“

Заклучок: Во вистинското новинарство не треба да има место за пристап од типот „Што се баби хтило, то јој се и снило“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

„изрежани“ факти

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

преземено интервју

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести