verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот

on 21 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

22-09876-0987-crop-resize

 

Пример за „новинарство изгубено во времето и во просторот“. Стара информација пласирана како актуелна, наслов изваден од контекст, „тврди“ формулации непоткрепени со аргументи, неколку обоени коментари за дополнување на генералната слика дека станува збор за пристрасно четиво

2Линк до оригиналниот напис: Грувски: Вистината ќе ја слушнат сите – за се ќе одговорам пред Судот

Датум и време на објавување: 16.02.2015 – 13:17

Датум на рецензирање: 18.02.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЗБИРЕН БЕКГРАУНД СО „ЖЕЛБА“ ЗА ДНЕВНО-ИНФОРМАТИВНА ДИМЕНЗИЈА

В рака имаме материјал полн со, од професионална гледна точка, маани кои можеби биле и причината зошто тој, извесен период по објавувањето, мистериозно исчезна од порталот каде првично беше „закачен“. Благодарение на достапни интернет-алатки, лесно може да се пронајде овој производ за непосредно да се видат неговите, во најмала рака, проблематични аспекти.

Што е толку значајно за на публиката да ѝ се нуди цитат од премиерот од настап стар повеќе од две седмици и тоа како влез во „веста“? – Ништо е одговорот. Нема ама баш какво било новинарско образложение за ваквиот потег. Поточно, написот наликува на еден збирен беграунд, со желба за дневно-информативна димензија. Но, само желба не е доволно за еден текст да стане новинарски. Потребни се и еден куп други елементи кои во овој случај недостигаат. Значи, вистинска вест, всушност, и немаме, поради јасното отсуство на некаква „новост“. Тој ден кога е објавен текстот, оваа изјава на премиерот беше веста.

Проблематичен е и аспектот на вистинитост бидејќи се забележува пристап во кој има класичен спин. Се тврди дека не држи објаснувањето на лидерот на опозицијата дека сè се прислушувало со исклучок на премиерскиот и телефонот на директорот на УБК, бидејќи е пуштен разговор на кој се снимени токму семоќниот шеф на разузнавањето и тогашниот вицепремиер за спроведување на охридскиот договор.

„Оттука, станува нејасно врз основа на што Заев тврди дека Груевски и Мијалков вршеле незаконско прислушување, особено ако се има предвид дека Мијалков не би можел да се прислушува самиот себе си.“

Ова не е превид, туку намерно извртување на изјавите на претседателот на СДСМ дека во прислушуваните разговори нема само таков меѓу премиерот и шефот на УБК и дека со тоа се потврдува дека нивните телефони не се дел од мрежата. Оттука, слушан бил вицепремиерскиот број на кој се „налепил“ и директорот на разузнавање кога му се јавил за да договараат позиции во судската власт.

 

ПРИСТРАСНОСТА КАКО НЕИЗБЕЖЕН ДЕКОР

Плус, невистина е дека „…по објавувањето на акцијата „Пуч“ во која, како што тврди МВР, опозицијата помогната од странски тајни служби беше фатена во обид да ја преземе власта по насилен пат“. МВР, во своето соопштение, не споменува дека тајни служби ѝ ги давале податоците на опозицијата, што би значело активна поддршка од страна, туку дека еден од осомничените сакал да ги предаде на странска држава, организација или лице што им служи. Сепак, има разлика од едната до другата верзија. Премиерот беше тој, а не МВР, кој кажа дека лидерот на опозицијата ги добивал материјалите од странци. Пристрасноста во, колку и да не сакаме да генерализираме, ваквите, според прикажаното, диригирани материјали, е неизбежен декор. Секако, најчесто се спакувани во форма на коментари:

„… кај граѓаните има се помалку дилема дека странски служби ги вршеле незаконските прислушувања. Дилемата која останува е што Заев им понудил на странците во замена за снимените материјали.“

Ем коментар, ем спин, ем замајување на јавноста!!!

Заклучокот би бил многу кус – непотребно губење време на читателската публика.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

бајат

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести