verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грчки печат: Речиси е сигурно дека ВМРО- ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори

on 5 - 03 - 2014       

grcki-mediumi-crop-resize

Текстот добро почнува и буди надеж дека така добро и ќе заврши. Како и секоја вест што пренесува реакции, се очекува да заврши со изворот или цитат од напис во некој медиум. Но кога, како и во случјов, се работи за вест поврзана за Грција, посебно за грчки медиуми, тоа се прави поинаку. Како по некое правило, одредени медиуми во вакви вести, како оваа што ја рецензираме денеска, имаат навика на крајот да стават „сопствен“ печат и да ја закашкаат веста која можела да биде солидна.

И веста не би се нашла тука доколку не би постоел овој последен пасус:

Иако грчките медиуми типуваат на ВМРО ДПМНЕ, се чини дека сепак навиваат за СДСМ и коалициските партнери, со оглед на вниманието и задоволството со кое што ги проследуваат нивните јавно искажани ставови за проблемот што Атина го има со нашето уставно име.

Со тоа текстот влегува во категоријата пристрасен и навивачки.

grcki mediumiЛинк до оригиналниот напис: Грчки печат: Речиси е сигурно дека ВМРО- ДПМНЕ ќе победи на предвремените парламентарни избори    

Датум и време на објавување: 04.03.2014, 09:05

Датум на рецензирање: 04.04.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

Вистинитост:  Текстот можеби и е точен, односно навистина грчки медиуми правеле анализи за тоа кој ќе победи на парламентaрните и на претседателските избвори во Македонија. Но, освен атрибуирање на некои грчки медиуми нема линкови од нив. Значи, не може да се провери дали е вистина и дали баш така, како што пренесува текстот, изанализирале грчките медиуми. Вториот дел од написот се базира на шпекулации и предвидувања или во најмала рака претчуство што мислат Грците и за кого навиваат. Можеби некои коментари во тамошните медиуми го навеле авторот така да мисли, но како што стои и во текстот „се чини дека сепак“ и „со оглед на вниманието и задоволството“ не е баш така.

Извори на информации: Во текстот се дадени како извори Етнос, Капитал, Прототема и Та Неа, но нема линкови до нив, или барем 1-2 фототипи од отпечатените анализи во медиумите. Останува да се верува само на авторот на текстот дека изворите се валидни, веродостојни и вистински.

Содржајност:  Текстот нуди информации, пренесени од други медиуми. Сепак, се гледа интенцијата на крајот од текстот кој е со навивачка конотација. Анализи и анкети од грчки медиум се спинувани за да се омаловажи политичкиот противник и тоа во контекст на тие се „шпиуни“, „грчки платеници“…

Пристрасност: Таа се гледа со омаловажувањето на политичките партии кои не му се „омилени„ на авторот. Во контекст на член 14 од Кодексот на новинари пак:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

Коментирање: Има, во заклучокот на текстот. Паушални оценки, непоткрепени со ниту еден показател. Без смисла за за еднакво третирање на засегнатите страни. Коментирање од најлош вид во новинарството, а тоа е да се даде заклучок на текстот и притоа тој да биде со навивачка еуфорија.

Оригиналност/Плагијат: Авторски текст, извештај од дописник на медиумот.

Квалитет на насловот: Навивачки

Фотографија: Во контекст со насловот, исто навивачка.

Заклучок: Пример како треба да изгледа навивачки текст. Манипулација која ќе го натера читателот да поверува на искажаното, затоа што на почетокот текстот почнува со факти, изворот е од медиуми, а пренел дописник. Текст каков што плаче за македонските медиуми во последно време. Но… Се би било во ред да не е последниот пасус. Поради тоа се гледа и намерата зошто имало потреба да се објави таков текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

навивачки

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

како и насловот - навивачка

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести