verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Граѓаните, а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес

on 20 - 12 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Граѓаните  а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес-crop-resize

Некој како да сакал да прати политичка порака до коалицискиот партнер и тоа е направено преку овој текст. Неразбирливо е како ваков „политички сигнал“ е преточен во т.н. новинарски производ и дури е пласиран како дневна информација, а всушност, во основа, станува збор за коментар. Со тоа се прекршени низа професионални стандарди. Овде не станува збор за дознавање екслкузивна информација од таборот на „поголемата партија во власта“, туку за класично злоупотребување на медиумот како своевидна говорница за карање на ДУИ и нејзиниот портпарол, а сето тоа е ефектуирано под паролата – „интересите на народот“.

Граѓаните  а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интересЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните, а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес

Датум и време на објавување: 17.12.2013, 18:40

Датум на рецензирање:  19.12.2013

Рецензент:  Владимир Мирчески

Вистинитост:  Основната теза врз која текстот се обидува да почива е изјавата на портпаролот на ДУИ дадена за друг медиум дека „Граѓаните очекувале решенија, а не избори, па целата општествена енергија требало да се насочи кон решавање на крупните прашања, како она за спорот со името“ која во суштина е вистинита. Проблемот е како тој настап на Бујар Османи во овој напис е (зло)употребен за до неговата партија да се прати абер дека не е таа која решава за клучните прашања во државата, во овој случај за она најчувствителното – за името, туку секако народот. Позната популистичка фраза, особено актуелна во последните неколку години. Но, таа требало да биде искажана од политичар, а не од медиум, кој со овој текст „претендирал“ да информира, а фактички излегува дека коментирал став на политичар на ДУИ.

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

вели членот 13 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Извори на информации: На две места јасно се прецизирани изворите. Првото е кога се цитира изјавата на портпаролот на ДУИ, а второто е кога се „потсетува“ на народниот став за името пренесен од претседателот на Владата. Во преостанатиот дел од текстот кога се „караат“ Османи и ДУИ присутни се познавачи и политички експерти, кои како по правило, секогаш се анонимни. Ставовите на овие неименувани „експерти,“ всушност се истоветни со политичките позиции на најголемата партија – учесник во власта.

Содржајност: Написот не може да се пофали со некоја сериозна доза на содржајност. Клучната изјава за која се „фаќа“ текстот е преземена од друг медиум, што е јасно нотирано, а се цитира и изјава на премиерот од претходниот ден. Преостанатото се формулации непоткрепени со соодветни аргументи, или пак кредибилни соговорници.

Пристрасност: Очекувано за ваков тип „производи“, кои ги има и премногу, пристрасност има – и тоа премногу. Таа оди на линија на јасна политичка неизбалансираност и очигледен е неуспехот да се обезбеди соодветна и еднаква оддалеченост од партиските центри.

Коментирање: Може да се каже дека најголемиот дел од текстот се коментари, кои не се јасно издвоени, несоодветно се применети и се прави обид да бидат затскриени зад параванот „познавачи“. Само еден пример:

„Познавачите сметааат дека не е важно што мисли Османи за тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори и дали ќе се решава прашањето за името, зошто за тоа можат да одлучат само граѓаните, а не Османи или било кој друг претставник на политичка партија“.

Оригиналност/Плагијат: Не е идентификуван авторот. Содржината на текстот и „политичките пораки“ кои тој ги пренесува навестуваат дека е малку веројатно оти станува збор за авторски производ.

Квалитет на насловот: Граѓаните, а не Бујар Османи одлучуваат за клучните прашања од национален интерес“ е наслов кој би се толерирал ако станува збор за класичен коментар. Бидејќи некој се обидел со овој текст да ни „продаде“ вест, информација, тогаш ваквиот наслов е несоодветен и би рекле тенденциозен.

Фотографија: Коректно е употребена е една фотографија, како илустрација за текстот, од портпаролот на ДУИ.

Заклучок: Впечатокот е дека главната цел на овој текст била „во корен да се сосече“ позицијата на албанскиот владин коалиционер дека, наспроти сѐ погласните зборувања за спојување на претседателските со вонредни парламентарни избори, на Македонија и треба импулс за името, а не за ново изјаснување на народот. Апсолутно е недозволиво медиум да одработува агенди на одредена партија, зашто неговата одговорност е кон публиката, а не кон политичките елити. Барем така би требало да биде во теоријата. Но, за жал, во практиката се среќава сосема спротивното:

„Република Македонија е парламентарна демократија, која има Устав и закон, според кои за клучните прашања како што е тоа за името треба да одлучуваат граѓаните и никој друг“.

Никаде во уставот не пишува дека за прашањето за името треба да одлучуваат граѓаните. Тоа стои во програмата на владејачката партија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

аноними

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести