verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Граѓани на Тафталиџе: Стевчо не излажа пред изборите и сега дојде да ни го руши паркот

on 10 - 06 - 2013       

Едностраноста не е добар сојузник и на критички настроените медиуми.

Рецензија: Граѓани на Тафталиџе: Стевчо не излажа пред изборите и сега дојде да ни го руши паркотЛинк до оригиналниот напис: Граѓани на Тафталиџе: Стевчо не излажа пред изборите и сега дојде да ни го руши паркот

Датум и време на објавување: 30.05.2013, 18:51

Датум на рецензирање: 31.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Текстот се темели на наводите на жители на скопската населба Тафталиџе дека старо-новиот градоначалник на општината Карпош, Стевчо Јакимовски, пред изборите им ветил дека нема да им го урива паркот и игралиштето меѓу улиците Мексичка и Хелсинки, а сега испратил багери.

Точноста на овој навод не може да се утврди, бидејќи немаме објаснување ниту од општината, ниту од оперативците на теренот, што всушност прават градежните машини. Претпоставка е дека станува збор за преземање на плацот од неговиот сопственик, но текстот не нуди докази за тоа.

Извори на информации: Граѓанката Ивана Трајаноска, чија изјава обилно е пренесена во овој напис, како засегната страна, несомнено е релевантен извор за приказната. Но, природно, таа е едностран извор, емотивно поврзана со паркот и игралиштето и можеби лично засегната од новиот објект што тука ќе никне.

Авторот не нуди објаснување дали се обидел да добие изјава од официјален релевантен извор, од општината, или, евентуално, од сопственикот на парцелата.

Содржајност: Самата граѓанка Трајаноска, во куси црти, навестува дека станува збор за парцела која е денационализирана и конечно добила сопственик кој обезбедил дозвола за градба. Тој аспект на приказната, суштински за нејзината веродостојност, недостасува.

Пристрасност: Со сета почит кон аргументите и емоциите на засегнатите граѓани, фактите се неумоливи – немаме никаква назнака дека парцелата нелегално добила сопственик. Тврдењето дека Јакимовски дозволата ја издал после изборите, а не пред тоа, и со тоа „ги излажал“ жителите, од аспект на легалноста, е нерелевантно и претставува спин.

Тонот на написот оддава очигледна политичка наклонетост, изразена преку неумерена и недоволно аргументирана критика на сметка на Јакимовски.

Квалитет на насловот: Насловот информира за поплаката на жителите, но тој е очигледно тенденциозен, бидејќи го пласира централниот спин во текстот.

Фотографија: Текстот е придружен со неколку одлични фотографии од местото на настанот, кои го документираат она за што се говори во написот.

Говор на омраза: Со извесна доза на резерва дека оценката можеби е претерана, употребата на името „Стевчо“ без презимето, во тенденциозниот наслов и во текст со неумерена критика кон градоначалникот, се чини дека станува збор за навредлив говор. Кон тоа придонесува и реченицата:

„Ќе заработите или веќе сте заработиле некој денар повеќе, но каде ќе ви оди душата?“

Заклучок: Приватната сопственост е неприкосновена. Парцелата за која станува збор е во приватна сопственост, со дозвола на градба. Игралиштето и паркчето мора да бидат отстранети. Тоа се голите факти.

Се разбира, сосема е легитимно авторот да го брани ставот на граѓаните, но тоа го обврзува солидно да ја истражи приказната, или, во најмала рака, балансирано да ги застапи изворите и нивните објаснувања. Едностраноста не е добар сојузник и кога се критикува.

Рецензија: Граѓани на Тафталиџе: Стевчо не излажа пред изборите и сега дојде да ни го руши паркот

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести