verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ

on 18 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ   Бриф crop resizee 800

Класичен пример за манипулација каде е преземена една сатирична информација од сајт со таков профил и содржина и потоа таа е спакувана како вест! „Веста“ со сензационалистички  наслов го доведува во заблуда читателот дека  на римскиот аеродром навистина се случил таков „настан“. На социјалните мрежи има коментари  во кои се протестира поради „апсењето“ на капитенот на македонската фудбалска репрезенатција. Во написот нема ниту една ограда. Никаде не е наведено дека се работи за преземена вест од  портал за сатира и измислени вести, туку дури на крајот од страницата, долу кај таговите, како извор е посочен овој сајт.

FireShot Screen Capture #001 - 'Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ - Бриф' - brif_mk_rakurs_goran-pandev-uapsen-na-aerodromot-vo-rim-po-poternica-na-ffmЛинк до оригиналниот напис: Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ

Датум и време на објавување: 17.10.2013 – 11:23

Датум на рецензирање: 17.10.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Написот нема апсолутно никаква допирна точка со вистината и е во спротивност со новинарските стандарди. Онака како што е пласирана „веста“,  очигледно е дека намерата на медиумот не била да ја информира јавноста, туку да ја шокира, да го привлече вниманието на читателот и да го наведе на погрешен заклучок. Што несомнено претставува демонстрација на отсуството на одговорност кон јавноста.

Извори на информации: Како извор е наведен порталот за сатира и измислени вести, кој, пак, според профилот, не може  да биде извор за ваква бомбастична информација.

Содржајност:  Тука и не може да се говори за некаква содржајност. Се работи за целосно преземен текст. Во него нема никакви нови елементи кои на читателот ќе му дадат јасна слика за твдрењето во насловот.

Пристрасност: Лажна информација. Едноставно нема сериозен новинарски пристап.

Оригиналност/Плагијат: Комплетна копија. Текстот е целосно преземен и во иста форма како што е објавен на порталот за сатира и измислени вести Коза Ностра.

Иако, на крајот е наведено дека авторството на оваа „вест“ му припаѓа на порталот што ја објавил, манирот во кој таа е напишана наведува на помислата дека се работи за текст „подметнат“ на читателите како да е вистинска вест.

Квалитет на насловот: Насловот без никакви измени е преземен од сајтот за сатира. Тој е сензационалистички и на прв поглед делува шокантно.

Фотографија: Написот е илустриран со две фотографии (едната, објавена и на оригиналниот текст е фотошоп), кои треба да  „посведочат“ дека  Пандев е уапсен! Тие се соодветни на манипулативното ниво на оваа фабрикувана „вест“.

Заклучок:  Порталот на читателите  им понудил крајно манипулативна информација, особено насловот. Впечаток е дека вака спакуваната „вест“ има за цел  да ја привлече публиката со сензационализам. Притоа се потценува интелигенцијата на читателите дека овој новинарски фабрикат може да се протне како медимуска приказна. Што претставува манифестација на дрскост и невкус и во никој случај не може да се оправда со лежерниот третман на темите во рубриката Ракурс, каде што е објавена „веста“. Написот е дискутабилен и од аспект на чесниот пристап на медиумот кон своите конзументи. Тој  е пример за злоупотреба на довребата на читателите, кои од информативните портали очекуваат да добијат навремена и вистинита информација, а не шеги , мајтапење, фотомонтажа и празен сензационализам.  Сајтот пак, каде што изворно е објавен текстот, на читателите им посакува „добредојде во светот на сатирата и измислените информации“, така што  веднаш станува јасно за какви „вести“ се работи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

не е апликативно

не е апликативно

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно невистинит

не е апликативно

лажни информации

не е апликативно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

не е апликативно

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

не е апликативно

сензационален

не е апликативно

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести