verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Голем оглас: Владата вработува 180 работници – плата до 20.000 денари

on 19 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

24-09876-09800-crop-resize

Кој е ќарот за публиката во едноставното „копи-песјтирање“ на огласите на разните државни институции по медиумите и потоа, без срам и перде, нивно претставување како некаква си новинарска информација? Одговорот е: речиси никаков. Недозволиво е комерцијалните огласи, па макар и за вработување во државната администрација – актуелната „работа од сништата“ во земјава, да се наоѓаат во деловите каде (треба да) има вистински новинарски производи со сите нивни карактеристики кои ги одвојуваат од останатите четива и платени реклами. 

2Линк до оригиналниот напис: Голем оглас: Владата вработува 180 работници – плата до 20.000 денари

Датум и време на објавување: 16.09.2014, 10:40

Датум на рецензирање: 18.09.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МЕДИУМСКО СЛУГУВАЊЕ ЗА ЧИСТО ВЛАДИНИ ИНТЕРЕСИ

Изненадува целосното отсуство на какво било новинарско ангажирање во текстот. Како што напоменав, во овој случај имаме само копирање на владин оглас и негово вметнување под општата категоризација „бизнис“. Ова остава сомнеж дека можеби во позадина е некаква комерцијална зделка, односно платен оглас. Прашањето е ако е реклама, зошто тоа јасно не е наведено? Ако пишуваше ЕПП, тогаш ќе немаше проблем, но вака се создава впечаток дека на јавноста ѝ се нуди нешто како новинарски продукт, иако е без „н“ од новинарство во себе, кој, сепак, во основа е класична реклама.

„Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“ – член 6 од Кодексот на новинари.

Ако ја разгледаме другата варијанта – дека, сепак, е информација која нема врска со реклама, пак наидуваме на проблем. Не може, барем во нормално новинарство, само да се напише, или ако сакате препише, дека владата ќе вработува дури 180 лица и тоа со бомбастично најавена плата до 20.000 денари, а притоа да нема ниту минимален обид да се расчепка суштината на приказната – за што ќе се прима оваа силна бројка административци во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, што ќе работат тие луѓе, колку се вработени во изминатиот период… Ова се само главните прашања кои чекаат на новинарска посветеност, бидејќи потоа сами по себе се загатнуваат наредните теми: колку ќе се оптовари буџетот, колкумина вкупно работат во овој секретаријат, има ли реална потреба од нив итн. Секако, ама и очекувано за ваквите видови написи, не е прикажан никаков интерес да се побара нешто повеќе од она што на тацна го сервира владата, згора дополнето со линк до официјалната интернет страница на надлежниот орган. Што е ова ако не медиумско слугување за чисти интереси на владата, која си добива дополнителен публицитет за своите политики, без какви било плус прашања отстрана. Апсолутно неприфатливо.

Сајтовите на државните институции се сервиси за граѓаните – своевидна дигитална огласна табла, а медиумите се тие кои треба навремено, објективно и вистинито да информираат, меѓу другото, и за потезите и ефектите на владините мерки, како што се, на пример, државните вработувања.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

ова не е вест, туку оглас

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

нема новинар во оваа приказна

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

нема напис, туку реклама

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

и да и не

некреативен

сензационален

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести